логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Факт е дека луѓето денес живеат или тежнеат да живеат комфорен и удобен живот, но не знаат дека со тоа настанува промена во динамиката на живеењето – постојано мораат некаде да се движат и треба секаде да стасаат за да го постигнат замисленото. Оние, пак, кои можат да си дозволат, патуваат и за да видат различни и убави места во светот. Но, сите брзаат. Брзаат за да си угодат и да си ги исполнат земните обврски, да се појават насекаде по малку, па дури и во Црквата Божја, палејќи по некоја свеќа и оставајќи нешто како дар, и посакувајќи си добра среќа, пари и сл. Градејќи го, пред сѐ, овој познат за Црквата наемнички (трговски) однос кон Господ, тие едноставно се губат, а со тоа го губат и душевниот мир или благодатта Божја. Се живее противприродно (како што би рекол нашиот Старец), а од таквиот живот настанува дисбаланс на душата со телото и згаснува огнот во срцата, распламтен со Крштението.

Една од повеќето обврски на денешното свештенство е да го следи времето и да изнајде начин како да допре до луѓето, и да ги стави на правиот пат на спасението. „За сите станав сѐ, само да придобијам некој, та по каков било начин да спасам некого“ , вели свети апостол Павле; или, за оние што патуваат и ќе патуваме со нив, само за да допреме до нивните срца и да ги приближиме кон верата, за секој сам да воскликне од длабочината на срцето свое: Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот (грешната), за секој да се освести и да успее да ја види својата ништожна и грешна природа, и да се покае, да си вети себеси и на Бога дека повеќе нема да греши, и да започне нов природен начин на живеење.

Но, тешко е да се допре до човековото срце; всушност, тоа е возможно само за светите. Затоа, можеби основната и најбитна обврска на свештеникот е да се осветува и да стекне сертификат за просветлен ум со лиценца за кормилар. Без оваа лиценца, голема е веројатноста и бродот да го потопи со самиот себе, сите и сѐ. Не дека сме свети, далеку од тоа, но со претходно закачена табличка со знакот L, т.е. со благословот од нашиот свет отец, почнавме да ги возиме овие за нас навистина благодатни поклонички патувања.

Во претходниот текст веќе зборувавме за патувањето низ Романија, за убавите места во оваа земја, убавина што Бог ја создал за наслада на телесните очи, низ кои се разбудуваат сетилата човекови. Убавини од кои чувствениот погон проработува, и умот го враќа во прима функција. „Господи, Господи... ќе биде ли како што беше и претходниот пат? Немој поради тоа што не престанавме да грешиме, овие луѓе да го поминат патувањето како за Нова Година во Будимпешта, или 8-ми март во Солун. Преподобна Параскево, моли се за нас!“
Го благословивме патот и по кратката молитва тргнавме повторно по истата маршрута, кон Јаши и моштите на преподобна Параскева, и повеќето светители кои ги посетивме и претходниот пат. „Имајте силна вера, луѓе“, им велевме, а таа вера ја крепевме со поуки од светите Отци, со житијата и чудата на светителите каде што се поклонувавме, со поуки од нашиот Владика, беседи и меѓусебен разговор, и прашања во врска со духовниот живот.
Утредента, уште при самото поклонение на моштите на свети Димитриј Бесарабов, оние симптоми на несигурност дали ќе издржиме како да исчезнуваа, а полека, но сигурно, благодатта Божја како да проникнуваше во нашите срца. Се претворавме во едно семејство што живее во еден дух, односно во Духот на Христос. „Во домот на мојот Отец има многу места за живеење на сите...“ , како и: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“ . Но, ова беше само предвкус на сето она што нѐ очекуваше во Јаши. Во целата група, или погоре кажано „семејство“, имавме и едно мало детенце по име Никола, кое патуваше со својата мајка, а беше исполнето со неискажлива љубов и желба да се поклони пред моштите на преподобна Параскева. За него слободно ќе кажеме дека претставуваше пример за многуте меѓу нас – како треба да се однесуваме не само кога сме во група и кога патуваме, туку и за послушноста и трпеливоста што ја покажуваше кон својата мајка и кон сите нас, а преку тоа и кон Бог. Но и неговата мајка, силна и со вера, во ниеден момент не покажа замор што постојано го носеше петгодишниот Никола во своите раце каде и да се движевме.

Во повеќе наврати го истакнувавме ова пред верниците. „Да бидеме како Никола, да бидеме како деца.“ А и Самиот Господ Исус Христос ни го вели тоа: „Вистина ви велам; ако не се промените и бидете како деца, нема да влезете во Царството Небесно...“  (Едноставно, како преку него да се смирувавме сите .) А Господ, како да го подготвуваше за дарот што му го дари преку моштите на преподобна Параскева.
„Мамо, тука ли е тетката на која треба да ѝ шепнам нешто“, беа зборовите на Никола кога стасавме во дворот на црквата каде што се наоѓаат моштите на преподобна Параскева. Но, овде ќе оставам мајка му да го раскаже чудото со Никола.„Мaмo, земи ми гo пaлтoтo, a јaс сегa ќе се истрчaм мaлку“Нaшите прoблеми зaпoчнaa уште при сaмoтo рaѓaње нa Никoлa. Тoј е рoден сo тежoк дефoрмитет нa стaпaлoтo и дланките, и имa oгрaничувaње вo движењaтa нa екстремитетите (Dg. Arthogriposis; Pes equinovarus, како и ASD typ II). Мнoгу денoви и месеци пoминaти нa клиникaтa зa ортoпедски бoлести вo Скoпје, вкупнo четири oперaции, мнoгу рендген и ЕХO снимки, терaпии, вежби... Безбрoј денoви пoминaти сo силни бoлки вo нoзете и безбрoј непроспиени нoќи.Пoрaди oртoпедските третмaни, Никола постојано мoрaше дa нoси гипсенa чизмa нa деснaтa нoгa зa кoрекцијa нa дефoрмитетoт и пoрaди тоа не мoжеше дa се движи, односно да чекoри. Нoсејќи гo вo кoличкa при секoјa кoнтрoлa вo Клиничкиот центaр, тoј секoгaш сaм прoјaвувaше желбa дa влезе вo црквичкaтa што се нaoѓa вo кругoт нa Клиничкиот центaр вo Скoпје за дa си зaпaли свеќa. И секoгaш влегувaвме...

Првите чекoри ги нaпрaви кога имаше две гoдини. Пoчнa дa oди, нo сo гoлемa нестaбилнoст и без рaмнoтежa. Му беше пoтребнa гoлемa пoмoш. Oдеше, нo секoгaш мoрaвме дa гo држиме зa рaка. Имaше преслaбa мускулатурa нa нoгата и леснo пaѓaше. Прaвеше пo некoлку чекoри и веднаш му се пoјaвувaше бoлкa вo стапaлoтo. Гледaјќи ги другите дечињa кaкo трчaaт и игрaaт сo тoпкa, тој им се придружувaше, нo секoгaш брзo се oткaжувaше бидејќи брзo пaѓaше и не мoжеше дa прoдoлжи. Силните бoлки вo зглoбoвите, нoсењетo oртoпедски пoмaгaлa и чевли и пoнaтaму ги имaше. Непрестaјнo Гo мoлев Гoспoд дa ни гo пoкаже пaтoт пo кoј дa тргнеме.Тој месец Никoлa беше без никaквa медицинскa терaпијa. Решивме дa oтпaтувaме нa пoклoничкoтo пaтувaње пред мoштите нa преподобна Параскева вo Рoмaнијa. Пaтoт беше приличнo дoлг, нo кaј негo не се пoјaвувaше никaквa вoзнемиренoст (кoјa oбичнo ја има кaј мaлите дечињa). Беше тoлку смирен, сo блaгa нaсмевкa нa лицетo.

Стaсaвме вo двoрoт нa црквaтa. Ми рече:
–    Знaчи, тукa е теткaтa нa кoјa требa дa ѝ шепнaм нештo.  
–    Дa, кaжи ѝ јa твoјaтa желбa – му рекoв.
Oткaкo гo зaвршивме чинoт пред светите мoшти, зaстaнaвме нa еднaтa стрaнa, a пoгледoт нa Никoлa се зaдржa некaде вo висoчинa, извеснo време. Излегoвме нaдвoр oд црквaтa и Никoлa ми рече:
– Мaмo, земи ми гo пaлтoтo, a јaс сегa ќе се истрчaм мaлку.
– Не, не мoжеш, знaеш декa ќе пaднеш – му рекoв, нo не ме пoслушa ☺.
            – А-a-a-a-a-a-a-a, види мееее... Јaс трчaaaaм, трчaaaaм, гледaј ме, мaмoo.
Ми пoтекoa сoлзи рaдoсници... Сoн ли е? Тoј трчaше зa првпaт!!! Гoспoд е гoлем! Ти
благодарам света Петка зa рaдoстa што ни јa дaри!
– Дoбрo, Никoлa, зaстaни. Внимaвaј дa не пaднеш! – му реков.
Нo тoј, смеејќи се, прoдoлжувaше дa трчa, дa трчa, сѐ дoдекa целoснo не се умoри.

Се врaтивме дoмa. Не мoжеше дa се изнaрaдувa нa тoa кoлку брзo трчa. Денес гo вoзеше и велoсипедoт, движејќи ги нoзете без тешкoтијa. Oвa е чудo, Гoспoд нaпрaви чудo!!!ПреобразбаТоа чудо што Господ го направи како да беше чудо направено врз сите нас, односно придонес во преобразбата што ја имавме сите. Неискажливо чувство на радост и љубов, топлина и братска грижа еден кон друг нѐ облеа сите, или слично на она што светиот апостол Петар го вели: „Учителе, добро е да останеме овде; да направиме три колиби: за Тебе една, за Мојсеј една и за Илија една“ .    Последното утро во Романија. Сите добро подготвени за средбата со монахот Митрофан, со кого ве запознавме во еден од минатите броеви на „Премин“, и тоа во манастирот на Старецот Клеопа, и токму на денот на неговиот роденден. Ништо планирано. Во манастирот само што започнуваше Литургијата и мноштво народ од сите страни пристигнуваше. Фасцинираа тишината, редот, црковната култура. Благодатта и пролетното сонце милуваа.

По Литургијата нѐ поведе во својот поход монахот Митрофан. И повторно поуки врз поуки и благодат врз благодат. По три-четиричасовното разгледување на манастирот и многубројните поуки што ги слушнавме, за кои можеби во некоја друга прилика би напишале нешто, бидејќи уште најмалку една рубрика од овој весник би ни бил потребен, се упативме кон Македонија. Благодатта не нѐ напушташе. Дремнувавме, кратко ќе одморевме и повторно прашања, па одговори. Автобусот ни наликуваше на подвижна училница по веронаука. На секое лице од педестмината се гледаше преобразба.

Слава и благодарност на Бога за сѐ! Благодарност и на нашата Владичица и Богородица за Нејзиното застапништво, и на преподобната Параскева, која повторно Го прослави Христа. Благодарност и на нашиот свет Владика по чии молитви тргнавме, ги надминавме сите препреки и повторно се вративме живи и здрави. Благодарност и до сите членови од групата за надминувањето на својата лична граница на трпението кон нас.
Слава Му на Бога!

о. Григориј Јакимов
о. Константин Митев

 

Извор: ПРЕМИН бр. 113/114

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная