логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за празникот Воздвижение на Чесниот Крст, изговорено во Рајчица, на Светата Литургија, по читањето на Светото Евангелие

Денес, мили мои, торжествено го издигнуваме нашето сеопшто знаме, нашиот духовен идентитет, „оружјето на мирот, непобедливата победа“ – го празнуваме големиот празник на Крстот Господов.

Овој празник, Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст, кој спаѓа во редот на големите Господови празници, историски бил воспоставен во чест на пронаоѓањето на ова спасоносно Дрво од страна на Светата рамноапостолна царица Елена, мајката на Свети Константин Велики. Имено, по чудесното наоѓање, Крстот Господов бил победоносно издигнат и претставен пред сиот народ во Ерусалим, како жезол на Царот Небесен, како трофеј за Христовиот триумф над смртта и над сето зло од овој свет. Едноставно, Крстот за секој Христијанин станал знаме на победата.

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји – настан што коренито го променил одот на човечката историја. Уште при исходот од Египет, Светиот пророк и боговидец Мојсеј повеќе пати го изоборазил крстното знамение, водејќи го својот народ од ропство кон Ветената Земја. Еднаш, кога Израилците се нашле во безизлез пред длабоките води на Црвеното Море, тој го прекрстил со рака и морето се разделило, така што народот Божји го преминал по суво.

 

Кога, пак, фараоновата војска гневно се втурнала во потера по нив за да се одмазди, Пророкот повторно го прекрстил морето и тоа се затворило, давејќи ги Египтјаните во своите длабочини. Но, мене особено ми остава впечаток крстното изобразување на Мојсеј, кога по излегувањето од египетското ропство, Евреите за првпат влегле во војна, а нивни први непријатели биле Амаликијците. Големиот народен водач кој бил веќе стар, го поткрепувал народот со своето моќно духовно оружје – молитвата. Бивајќи просветлен од Бога за тоа што треба да се прави, тој му дал напатствија на својот ученик и наследник, Исус Навин, а самиот застанал на врвот од гората за да се моли за победа. Како татко исполнет со најголема љубов за чедата свои, тој стоел и духовно го прегрнувал својот народ од гората, крстовидно ширејќи ги рацете во родителска прегратка. Така Мојсеј, старецот кој татковски го љубел својот народ, му содејствувал во битката преку благодатта Божја. И интересно: додека тој ги држел рацете издигнати во вид на крст, Израилците победувале; кога, пак, поради немоќ и истоштеност ќе ги спуштел долу, надвладувале непријателите. Тогаш, десно и лево од него застанале брат му Арон првосвештеникот и Ор, за да му ги држат рацете издигнати. На тој начин, Пророкот можел долго да стои неуморно, изобразувајќи го со своето тело знакот на крстот, а Божјиот народ добил сила одозгора и до крајот на денот го победил непријателот. Во тоа време, впрочем, војните најчесто се добивале со една битка, со еден ден војување. Светото Писмо за ова сведочи: Потоа Господ му рече на Мојсеј: „Запиши го тоа за спомен во книгата и објасни му на Исус да помни дека сосема ќе го избришам споменот за Амаликијците од под небото“. Значи, од една страна, Амаликијците биле поразени и споменот за нив исчезнал, но, од друга страна, во продолжение Писмото вели: Господ ќе војува против Амалик од поколение на поколение. Навидум противречност, меѓутоа, доколку навлеземе подлабоко во смислата на овие зборови, ќе увидиме дека Бог го кажува второво за духовниот Амалик, т.е. за ѓаволот, со кого Он ќе војува од поколение на поколение, сè додека конечно не го поништи. А, со што Бог го порази ѓаволот и неговата сила? Со Својата смрт на Крстот. Токму оваа конечна победа над злото била претскажана од Мојсеј, долго време пред таа да се случи: после победата над Амаликијците, Мојсеј подигна жртвеник на Господа, и го нарече „Јахве Ниси“ – Господ ми е знаме! (Исход 17,14-16) „Јахве Ниси“ на еврејски, што значи Господ ми е знаме! А, кое е тоа знаме, мили мои, ако не Крстот Господов, знакот со кој ќе се спасува секоја душа и плот човечка?!


Ова собитие се случило околу 1500 години пред да биде положен Крстот на Голгота и на него да биде распнат Синот Божји. Гледате ли: низ целата свештена историја Крстот бил прорекуван и предизобразуван како знак на спасението. Круна, пак, на таа историја е радосната вест, Евангелието Христово, каде Крстот го зазема средишното место, како орудие преку кое дојде тоа благовестие за родот човечки: …зашто, ете, преку Крстот дојде радост за целиот свет… Преку него дојде радоста, преку него пристигна спасението. Многубројни се пророштвата за Крстот Христов во Стариот Завет, побројни, пак, од морскиот песок, се чудата негови во Новиот Завет, во времето на благодатта. Зашто, Крстот ја содржи во себе несоздадената Божја енергија, поради Оној Кој беше распнат на него. Таа енергија е спасителна за оние што веруваат во Распнатиот и го прифаќаат животот на крстот, а погубна за оние што го одрекуваат Крстот и Воскресението на Господ Исус Христос. Слушнавме сега како Апостолот Павле точно го дефинира ова: словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја (1. Кор. 1,18).

Оваа дефиниција за Крстот Христов, возљубени мои, дејствува со полна сила до денес. Што, всушност, означува словото за крстот? Тоа дека тој е сведоштво, најмоќен израз на совршената Божја љубов, на најголемата љубовна жртва што Бог можеше да ја направи за нас, луѓето. Пред малку, на утрената богослужба, при поклонувањето на Чесниот Крст, во една од стихирите се пееше: „Денес Непристапниот по природа за мене достапен станува и страдања прима Оној Кој од страдањата ме ослободува“. Тоа ни покажува дека без страдање, без подвиг во името на љубовта, не е можно да бидеме спасени. Преку жртвата Христова се спасуваме, но само доколку ја прифатиме таа жртва, таа неизречива љубов Божја. А како ќе ја прифатиме? Со тоа што ќе останеме покрај Него на Крстот, со тоа што ќе го прифатиме животот на крстот. Видете ги ликовите на иконите и ѕидовите на овој храм, или на кој било друг православен храм. Не се ли сите тие ликови на личности, на луѓе како нас, коишто докрај останале во подножјето на Крстот Христов? Сите тие, откако го прифатиле животот на Крстот, се осветиле преку неговата нетварна Божествена енергија, совоскреснале со Христа и сега ни содејствуваат со своите молитви за наше спасение. Значи, потребен е подвиг, аскеза, за достигнување на љубовта Божја. Од тој подвиг, од тоа благословено страдање и тага, во душата на човекот се раѓа нетлената радост на идниот век, радост којашто преобразува и осветува. Затоа велиме дека животот на Христијаните треба да биде крстовоскресен: да поднесуваме крст и страдање заради љубовта кон Бога и кон ближните, знаејќи дека таквиот подвиг носи вистинска радост и воскресение. А себичната радост од овој свет, не само што не им причинува радост на другите, туку остава зад себе уште поголема тага и празнотија.

Деновиве бев поканет во  еден дом. Во позадина беше пуштен и телевизорот и, разговарајќи со домашните, случајно забележав една реклама којашто, морам да ви признам, многу ме ужасна. Имено, рекламата беше наменета за некаков си автомобил и имаше мото: „биди свој“. И замислете, таа прикажуваше како една возрасна жена, баба над 60 години, се бори со себеси за тоа дали да го остави својот сопруг. Рекламата беше доста професионално изрежирана, со голема драматичност. Дејството се одигруваше во еден голем, убав дом. Додека дедото спокојно си читаше весник, бабата беше прикажана како се бори со својот двојник, т.е. со самата себе, дали да ја извади бурмата или не, дали да го спакува куферот или да остане дома. Најпосле победи оној двојник од нејзината личност што сака „да биде свој“ и женава после толку години брак, во следниот кадар се појавува со распуштена, фарбана коса, со шминка на лицето, како вози убава кола, полна со својот егоизам. Каков ужас! На што ли нè учи денес светот, луѓе мои?! На секаков можен начин се обидуваат да ги разорат темелите на едно здраво општество, да го уништат најсветото нешто – семејството. Па, нема ли една таква баба или дедо, свртени кон сопственото его, кон своето себељубие, со желба да прават што сакаат, смртно да ги повредат своите деца, внуци? Некогаш нашите баби и дедовци ни беа синоним за светост, се жртвуваа за нас; си скратуваа од сопственото јадење за прво нам да ни го дадат потребното. Го правеа тоа затоа што беа Христијани, затоа што беа луѓе на Крстот и тој за нив беше знаме на вечниот живот. А денес?! Што ли ни се случува денес?

Затоа, мили мои, ве молам изберете го сигурниот пат, патот на Крстот и Евангелието. Друг начин за спасение и влез во вечната радост нема. Во спротивно, ќе заприлегаме на животните; па дури мислам дека ваквата споредба е навреда за нив, затоа што тие ја извршуваат својата од Бога дадена улога, нивното послушание. Тие си функционираат според одредени природни законитости и никогаш не отстапуваат од нив. А што правиме ние луѓето, кои од Бога сме предопределени да бидеме синови Негови, богови по благодат?! Он заради тоа стана човек, се распна и воскресна. Не треба ли сега ние да Му возвратиме за Неговата љубов со тоа што ќе го возљубиме Неговиот крст, ќе ги засакаме подвизите, борбата, ќе ги засакаме делата на љубовта? Вистинска, пак, љубов е онаа, која, кога е потребно, крвари за другиот, се жртвува за него. Како ќе му докажеш на другиот дека го сакаш, доколку не се жртвуваш за него, доколку не си подготвен да направиш сè за негово добро? Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни (Рим. 5,8) – пишува големиот Апостол. А Самиот Христос во Евангелието вели: Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели (Јован 15,13). Само на тој начин ќе докажеме дека сме Христијани. Да се љубиме еден со друг со жртвена љубов и така ќе Го радуваме нашиот Спасител и нашите ближни.

Светиот Крст да нè чува сите и нека ни биде знаме на победата, на вистинската и вечна радост!

https://bigorski.org.mk/slova/arhimandrit-partenij/vechnoto-zname-na-hristijanite/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная