логоFacebookTwitterYouTubeeMail

мелхиседек2Схиигумен Мелхиседек – Архимандрит Тихон Шевкунов
In Православие, Житија on Јули 1, 2013 at 3:40 pm

Две години секојдневно, по моите послушанија, јас го читав Недремливиот (непрестајниот) Псалтир. Тоа е посебна традиција, кога во манастирот не ги прекратуваат молитвите ни дење ни ноќе, наизмечнично читајќи го псалтирот, а потоа, по посебни помјаници, се спомнуваат многу луше за здравје и упокоение.

Мојот ред доаѓаше доцна навечер, во единасет часот пред полноќ. На мојата смена доаѓаше схиигуменот Мелхиседек. Тој продолжуваше со читање на Псалтирот со два часот по полноќ.

Отец Мелхиседек беше чудесен и таинствен подвижник. Освен на богослужбите, него не можеш да го видиш во манастирот. На братската трпеза тој доаѓаше само на празници. Но и на масата седеше, наведнувајќи ја главата под великосхимничката капа, и до ништо не се допираше.

Великата схима во Руската црква – тоа е највисок степен на одрекување од светот. Примајќи схимнички потстриг, монахот го остава сите дотогашни послушанија, освен молитвата. Нему, како и на монашкиот потстриг, повторно му го менуваат името. Епископите-схимници го напуштаат управувањето со епархијата, монасите-свештеници се ослободуваат од сите обврски, освен служењето Литургија и духовно раководење.

Отец Мелхиседек се појавуваше под сводовите на малиот и слабо осветлен Лазаревски храм, каде што го читаа Недремливиот Псалтир, секогаш пред манастирските камбани да означат дванаесет часот. Кај царските двери тој полека правеше три земни метании и чекаше, кога ќе стигнам јас. Давајќи ми благослов, тој со знак ме испраќаше, за да може да се моли сам.

Цела година тој не ми проговори ниту збор. Во древниот монашки Старечник се раскажува: „Тројца монаси имале обичај секој ден да одат кај авва Антониј Велики. Двајца од нив воделе со него душеспасителни разговори, а третиот секогаш молчел и за ништо не прашувал. По долго време авва Антониј го прашал него: ,Ете ти толку време доаѓаш и зошто ништо не прашуваш?‘ Монахот му одговорил: ,За мене, отче, доволно е да те гледам‘“. Во тоа време јас исто така сфатив, дека необична среќа имам што секоја ноќ можам да го гледам овој подвижник.

Но сепак еднаш собрав храброст и се осмелив да го нарушам вообичаениот ритуал. Кога отец Мелхиседек, како и обично, ме благослови кај царските двери, јас му поставив прашање, со кое многумина сакаа, но не се одлучуваат да му се обратат, веројатно сите послушници и млади монаси во манастирот.

Историјата се состои во следново: Отец Мелхиседек до примањето на великата схима служел во манастирот, како и сите свештеници, и го викале игумен Михаил. Тој бил искусен и трудољубив столар. Во храмовите и во ќелиите кај браќата до ден денес се чуваат кивоти, аналои, резбани рамки за икони, столови, шкафови и друг мебел, направен од негови раце. Се трудеше, на радост на манастирските власти, од рано утро до ноќта.

Еднаш му благословиле да изврши за обителта голема столарска работа. Неколку месеци се трудел, речиси неизлегувајќи од работилницата. Акога завршил, се почувствувал многу лошо, така што, како што раскажуваат очевидците, таму паднал и умрел. Не тревожните крици од сведоците на оваа несреќа притрчале неколку монаси, помеѓу кои бил и отец Јован (Крестјакин). Отец Михаил не давал никакви знаци на живот. Сите натажени се насобрале околу него. И одеднаш отец Јован рекол: „Не, тоа не е покојник. Тој уште ќе поживее!“

И почна да се моли. Неподвижно испружениот манастирски столар ги отворил очите и оживеал. Сите веднаш забележале дека тој од нешто бил потресен до длабочините на душата. Едвај доаѓајќи си на себе, отец Михаил почнал да ги моли, да го викнат тука намесникот. Кога конечно тој дошол, болниот со солзи почнал да го моли да го постриже во во велика схима.

Велат дека, откако го ислушал своеволното барање на својот монах, отецот намесник, во својствениот за него отрезнувачки манир, му рекол да болниот да се прави будала, туку поскоро да оздрави и да почне да работи – зашто не можел ни да умре туку-така. Но, како што гласи манастирското предание, следното утро намесникот сам, без била каква најава и во забележителна расеаност, се појавил во ќелијата на отец Михаил и му кажал, дека во најскоро време ќе изврши над него потстриг во велика схима. Ова не личело на обично однесување од страна на страшниот отец Гавриил, што на браќата оставило поголем впечаток, отколку воскреснувањето на умрениот. Низ манастирот се рашириле гласини, дека на намесникот ноќта му се јавил светиот покровител на Псково-печерскиот манастир, комушто во XVI век со свои раце му ја отсекол главата, и сурово му наредил на намесникот неодложно да ја исполни молбата на монахот кој се вратил од оној свет.

Повторувам, тоа е само манастирско предание. Но, во секој случај, наскоро над отецот Михаил бил извршен потстриг во схима, и оттогаш почна да се нарекува схиигумен Мелхиседек.

Отецот намесник му дал на схимникот многу ретко име во чест на древниот и најтаинствен библиски пророк. Поради која причина намесникот го нарекол со такво име, останува исто така голема загатка. Иако понатаму, самиот отец Гавриил ни на потстригот, ни во сите останати години ниту еднаш не успеа правилно да го изговори тоа старозаветно име. Колку и да се трудеше, но секогаш ужасно го грешеше. Притоа, затоа што грешеше, од тоа секогаш му се расипуваше расположението, и ние се плашевме да не паднеме под неговата жешка рака.

Во манастирот знаеја, дека во тие минути, кога отец Мелхиседек бил мртов, нему му се открило нешто, по што тој повторно воскреснал во живот како потполно изменет човек. На неколку свои блиски соподвижници и духовни чеда отец Мелхиседек им раскажувал, што тој преживеал тогаш. Но дури и реакциите на тоа раскажување беа крајно необични. И јас, и сите мои другари, секако, сакавме да ја дознаеме тајната од самиот отец Мелхиседек.

И ете во таа ноќ, отец Мелхиседек долго стоеше молчејќи кај царските двери со наведната глава. А јас сè повеќе замирав од страв, справедливо сметајќи дека дрско си дозволив нешто потполно недозволливо. Но на крајот схимникот со слаб од ретка употреба глас почна да зборува.

Тој ми раскажа, дека одеднаш се видел среде огромно зелено поле. Тој тргнал по тоа поле, но знаејќи каде, сè додека патот не му го препречил еден огромен ров. Таму, среде грутките и парчињата земја, тој видел многу црковни кивоти, аналои, украси за икони. Овде имало искршени маси, искршени столови, некакви шкафови. Загледувајќи се, монахот со ужас ги препознал предметите, направени од неговите раце. Треперејќи стоел над тие плодови од својот манастирски живот. И одеднаш почувствувал, дека покрај него има некој. Ги кренал очите и ја видел Мајката Божја. Таа исто со тага гледала на тие многугодишни трудови на монахот.

Потоа Таа проговорила:

„Ти си монах, ние го чекавме од тебе главното – покајание и молитва. А ти го принесе само ова…“

Видението исчезнало. Умрениот се нашол повторно во манастирот.

По сè што се случило отец Мелхиседек потполно се изменил. Главно дело во неговиот живот станало она, за што му зборувала Пресвета Богородица – покајанието и молитвата. Плодовите на сега веќе духовните негови трудови не задоцнија да се покажат во неговото најдлабоко смирение, плачот за своите гревови, искрена љубов кон сите, во потполно себеотфрлање и аскетски подвизи кои ги надминуваат сите човечки сили. А потоа и во забележаната од многумина прозорливост и дејствителна помош на луѓето.

мелхиседек3Гледајќи, како тој со совршена одделеност од светот се подвизуваше во невидливите и дедостижни за нас духовни битки, ние, послушниците, решивме да му се обраќаме само во најисклучителни ситуации. Освен тоа, од него малку и се боеја: во манастирот знаеја дека отец Мелхиседек е многу строг како духовник. И тој имаше право на тоа. Неговата безусловна искателност кон чистотата на душата на секој христијанин се хранеше од големата љубов кон луѓето, со големото знаење на законите на духовниот свет и сфаќањето, колку е непримирлива борбата со гревот, која е животна потреба за човекот.

Овој схимник живееше во свој, возвишен свет, каде што не се трпат компромиси. Но дури и кога отец Мелхиседек даваше одговори, тоа тие беа сосема необични и силни со некаква посебна, самобитна сила.

Еднаш во манастирот на мене паднаа лавина од незаслужени и сурови, како што ми се чинеше, искушенија. И тогаш јас решив да отидам по совет кај најсуровиот монах во обителта – схиигуменот Мелхиседек.

Како одговор на тропањето на вратата и кажаната молитва, на прагот од ќелијата излезе отец Мелхиседек. Тој беше во монашка мантија и епитрахил – јас го прекинав во извршувањето на схимничкото правило.

Јас му раскажав за своите неволји и неразрешливи проблеми. Отец Мелхиседек ислуша сè, неподвижно стоејќи пред мене, како и секогаш, наведнувајќи ја главата. А потоа ги крена очите кон мене и одеднаш горко заплака…

„Брате!“ – рече тој со неискажлива болка. „Зошто мене ме прашуваш? Јас и самиот загинувам!“

Старецот-схиигумен, тој велик, со свет живот подвижник и аскет, стоеше пред мене и плачеше од нелажна горчина, дека тој навистина е најлош и најгрешен човек на земјата! А јас со секој миг сè појасно и порадосно сфаќав, дека мноштвото мои проблеми, одеднаш се земени – не вредат веќе ништо. Уште повеќе што тие проблеми овде и потполно сетилно за мене неповратно излетуваа од душата. Немаше веќе потреба да се прашува било што или да се бара помош од старецот. Тоа направи за мене сè, што можеше. Јас со благодарност му се поклонив и заминав.

Сè на нашава земја е просто и сложено, малечките човечки проблеми и наоѓањето на великиот пат кон Бога, тајните на сегашниов и на идниот век – сè се разрешува само со загадочното, несфатливо прекрасно и моќно смирение. И дури и ако ние не ја сфаќаме неговата вистина и смисла, ако се покажуваме неспособни за тоа таинствено и сесилно смирение, тоа само смирени ни се приоткрива преку тие чудесни луѓе, кои можат да го сместат во себе.

Превод од руски јазик:

Свештеник Јани Мулев

Изворник:

Архимандрит Тихон (Шевкунов)


„Несвятые святые“, 2011.

 Преземено од: Ортодоксија и ортопраксија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1256
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1456
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1321
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »