логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Овој светител поминал две недели во задгробниот свет и своите виденија му ги опишал на својот доверлив другар Никифор, кој тие раскажувања ги запишал.
Св. Андреј – јуродив за Христа

„Се најдов во рајот, му рекол Андреј, чудесен и прекрасен, и, восхитен, се запрашав: што е ова? Знам дека живеам во Цариград, но како се најдов тука, не можам да сфатам. Бев во недоумение: дали сум во тело или надвор од телото. Бог го знае тоа. Се видов себеси облечен во најсветли облеки, толку светли како да се исткаени од молњи; на мојата глава имав венец исплетен од големи цветови; на половината бев опашан со царски појас Радувајќи и се на оваа убавина и восхитувајќи се со умот и срцето на неискажливата убавина на Божјиот рај, шетав низ него и се веселев. Таму имаше многу градини со високи дрвја, чиишто врвови се нишаа. Од нивните гранки се ширеше прекрасен мирис. Едни дрвја цветаа постојано, а други беа украсени со златести листови, трети имааа на себе различни плодови со неискажлива убавина и вкус. Овие дрвја не можат да се споредат со било кое дрво на земјата: нив не ги посадила човечка рака, туку Божјата. Во тие градини имаше безброј птици: едни стоеја на гранките од дрвјата и прекрасно пееја. Од нивното умилно пеење јас заборавав на себе – толку се насладуваше моето срце. Мене ми се чинеше дека и нивниот глас достигнуваше дури до небесните висини. Тие прекрасни градини беа распоредени во редови, како војска. Покрај нив течеше река и ги наводнуваше. На брегот имаше лозје, чијашто лоза, украсена со златни листови и златовидни гроздови, беше широко разгранета. Од четирите страни дуваа тивки и мирисни ветрови и од нивното дување се нишаа градините, произведувајќи прекрасен шум со своите лисја.

Потоа, јас, обземен од ужас, почувствував дека се наоѓам над небесниот свод. Еден младич, чиешто лице беше слично на сонце, одеше пред мене. Јас го следев и одеднаш забележав голем и прекрасен крст, според изгледот сличен на виножито. Околу него стоеја пеачи, со огнен изглед, и пееја умилна песна, прославувајќи Го Господа, распнат на крст. Момчето кое одеше пред мене се приближи до крстот и го целиваше, па ми даде знак и јас да го сторам тоа. Јас паднав ничкум пред светиот крст и со голем страв и радост го целивав. Во моментот кога го целивав почувствував неискажлива духовна наслада и посилен мирис отколку во рајот. Поминувајќи го крстот, јас погледнав надолу и под себе видов бездна – ми се причини дека одам по воздух – почнав да се плашам и да повикувам по својот водач: се плашам да не паднам во провалијата! Тој се сврте кон мене и ми рече: „Не плаши се, уште треба да се качуваме“. Кога го рече ова, ми ја подаде раката. Штом ја фатив подадената рака, се најдовме над второто небо. Јас таму видов прекрасни мажи и нивните одморалишта, и нивната радост и веселие, кое со човечки јазик не може да се искаже.


Визија за Рајот (Масление бои на платно: Антониј Ломбардо)

По ова, ние влеговме во еден чуден пламен, кој не нè изгоре, туку само нè просветуваше. Јас почнав да се тресам од страв, но мојот раководител пак ми се обрати со зборовите: „Треба уште повеќе да се искачиме“, и ми ја подаде раката. Во тој миг се најдовме над третото небо, каде што чув мноштво небесни сили, кои пееја и Го прославуваа Бога. Ние дојдовме пред завесата, која блескаше како молња, а пред неа стоеја големи и страшни момци, слични на огнен пламен. Нивните лица блескаа посилно од сонце, а во нивните раце имаше огнено оружје. Околу нив имаше безбројно мноштво од небесната војска, која стоеше со страв. Тогаш мојот раководител ми рече: „Кога ќе се тргне завесата и ќе Го видиш Господ Исус, тогаш поклони се на престолот на Неговата слава“. Кога го слушнав тоа, јас затреперив и се израдував. Мене истовремено ме обзедоа и ужас и неискажлива радост. Јас стоев и чекав. Тогаш некоја огнена рака ја тргна завесата и јас Го видов мојот Господ, како некогаш пророкот Исаија, како седи на висок престол, опкружен од серафими. Беше облечен во скарлетна облека. Неговото лице блескаше со неискажлива светлина, и Он со љубов ме погледна. Јас паднав ничкум пред Него и се поклонив. Каква радост ме обзеде тогаш од гледањето на Неговото лице, невозможно е да се искаже.

Кога си спомнувам на тоа видение, мене и сега ме обзема некоја неискажлива наслада. Во страв јас лежев пред Господ и се восхитував на таквото Негово милосрдие, што мене, грешниот и нечистиот човек, ми допушти да дојдам пред Него и да ја видам неговата божествена убавина. Исполнувајќи се со умиление, јас размислував за својата недостојност и величието на мојот Господ, па почнав во себе да ги повторувам зборовите на пророкот Исаија: „Тешко ми мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, а очите мои Го видоа Царот Господа Саваот“ (Иса. 6, 5).


Сонот на Јаков

Тогаш чув три збора кои премилостивиот Создател мене ми ги кажа со својата пречиста и најслатка уста. Тие зборови толку го исполнија моето срце со сладост и толку го распалија со љубов кон Него, што јас се топев како восок, од некоја духовна топлина. На мене се исполнија зборовите на пророкот Давид: срцето мое стана како восок, се топи во моите гради (Псал. 21, 14). Потоа сите војски небесни запеаја песна, преубава и неискажлива.

По ова, не знам како, јас пак се најдов во рајот. Тогаш ми дојде мислата дека не ја видов пресветата Мајка Божја. И ете, забележав еден маж, светол како облак, кој носеше крст и ми вели: „Ти посака да ја видиш овде пресветата Царица на небесните сили? Сега не е овде. Слезе во многустрадалниот свет за да им помага на луѓето и да ги теши натажените. Јас би ти го покажал нејзиното свето место на пребивање, но сега не е време. Ти треба да се вратиш онаму, откаде што си дошол. Така заповеда Господ“. Кога ми го кажуваше тоа, ми се стори дека слатко сум заспал. Кога се разбудив, видов дека се наоѓам на истото место, каде што бев и претходно“.

(Житие на Свети Андреј Јуродив)

 

Извор: Бигорски манастир

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1110
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1049
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

« »