логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

1. „Бог не ја создал смртта и не ѝ се радува на пропаста на живите.“1 Ако Бог не ја создал смртта и не е виновен за тешкотиите што ја следат, од каде тогаш кај нас слабостите, болестите и останатите тегоби, од коишто произлегува и смртта? Од каде, всушност, доаѓа и самата смрт? Од нашата прва непослушност кон Бога, од нашето престапување на заповедта што ни е од Бога дадена, од гревот на нашите прародители во рајот Божји. Така, и болестите, и слабостите, и разновидното бреме од секакви искушенија произлегуваат од гревот, зашто поради него се облековме во „кожни одежди“, во ова болезливо, смртно и многустрадално тело, и сме се населиле во овој привремен и смртен свет, осудувајќи се да живееме живот во многу страсти, преполн со несреќи. Каменливиот и неубав пат, на којшто гревот го воведе човечкиот род е, значи, болеста, и на тој пат последната станица и крајот е токму смртта.

2. Бог не само што не ја создал смртта, туку и го спречил нејзиното појавување. И со оглед на тоа што го створил човекот како живо суштество со слободна волја, не сакал да го попречи, за да не го наруши Своето сопствено дело, одземајќи ни ја од Него дадената слобода да владееме со самите себе. Меѓутоа, во Својата премудрост и доброта нашол начин како да го сочува човекот од смртта и во исто време потполно да ја сочува и слободата на неговата волја. Како го направил тоа? Веднаш штом го створил и оживеал, му дал совет да се стреми кон бесмртност. И, особено нагласувајќи го овој животворен совет, му дал облик на заповед и јасно предупредил дека со отфрлањето на оваа животоносна заповед ќе настапи смрт, но не телесна смрт, туку смрт на душата, поради што им рекол на сопружниците – оние наши прародители: „Во оној ден кога ќе вкусите од дрвото на познанието на доброто и злото, ќе умрете со смрт (θανάτῳ ἀποθανεῖσθε)“2. Гледате дека не зборувал заповедно (προστακτικῶς) – „во оној ден кога ќе вкусите, да умрете“. Неговата заповед е почеток на сѐ што постои (γένεσις ἐστι τοῖς οὖσι πᾶσι) – „Он повела и се создадоа“3, но Он не повела смртта да настане, туку претскажа дека таа ќе настапи поради престапувањето, велејќи: „Немојте да вкусите од тоа дрво, во оној ден кога ќе вкусите, ќе умрете“, за да се држиме до советот и да го избегнуваме неговото престапување, со цел да не ѝ паднеме во раце на смртта. Јасно е дека не зборува за смртта на телото, туку за смртта на душата: имено, и тие не умреа телесно, во оној ден кога вкусија од забранетото дрво – туку душевно.

3. Но, во што се состои тогаш смртта на душата? Во напуштеноста од Бога. Исто како што во присуство на светлина не може истовремено да постои и темнина, но кога светлината ќе го напушти местото настанува темнина, којашто своето постоење не го добива од светлината, туку од она што ја попречува – од сенката. Исто така, кога Бог, Кој е Самиот живот (αὐτοζωῆς ὄντος) и Живот на сѐ живо (ζωῆς τῶν ζώντων πάντων), а особено на оние што живеат според Бога (θείως), е присутен во нашите души, не е возможно таму да присуствува и смртта. Меѓутоа, кога Бог ќе ја напушти душата, тогаш ѝ се придружува смртта, којашто своето постоење не го има од Бога, туку од причината за напуштеноста од Бога, којашто е гревот (ἡ ἁμαρτία).

4. Но, како може да ја остави душата Оној Кој е насекаде присутен (ὁ πανταχοῦ παρων) и на ниедно место отсутен (μηδαμόθεν ἀπών)? На тој начин што најнапред таа Го остава Него и создадена како самовласна (ὡς αὐτεξούσιον) не бива присилена од Него, така што за нашата напуштеност од Бога сме си виновни самите, а не Бог Кој нѐ создал. Ние, значи, уви4, сме си родители на сопствената смрт, свесно оставајќи Го Владиката, Кој нѐ створил за живот и Кој е секогаш присутен (ἀεὶ παρόντα) и животвори сѐ (καὶ παρ’ἑαυτοῦ ζωοποιοῦντα), како оние што среде бел ден ги затвораат очите и намерно се лишуваат од светлината, иако таа е присутна и осветлува сѐ. Отфрлајќи го животоносниот совет и оставајќи Го Бога, со Неговото отфрлање и така свесно отстапувајќи од Животот, ние сме го прифатиле смртоносниот совет на сатаната и со тоа самите сме го сместиле него во себе – оној што е мртов дух, бидејќи уште порано Го напуштил Бога и со тоа станал виновник за нашето умртвување, и тоа велам, најпрво на душата, која, кога беше одвоена од Бога, како што вели Павле: „умре жива“ (ζῶσα τέθνηκε). Нејзиниот живот во тој случај е полош и од смртта, зашто е немарна за какво било добро дело и е подготвена за секакво лошо дело, самата поставувајќи си стапици, и со самоубиствено зло самата се поттикнува на сѐ полоши работи.

5. Многумина веројатно ќе го обвинат Адама, бидејќи, откако толку лесно го послушал лошиот наговор, ја престапил Божјата заповед и со тоа ја привел нашата смрт. Не е, меѓутоа, исто да посакаме да вкусиме од некоја смртоносна билка пред да искусиме (πρὸ τῆς πείρας) дека таа е смртоносна, и откако ќе дознаеме од искуство (μετὰ τὸ μαθεῖν) дека е смртоносна, страсно да посакаме да вкусиме од неа. Поголем прекор заслужува оној што и покрај тоа што искусил, го голта отровот и така несреќно се убива себеси, одошто оној што постапил така без да го искусил тоа претходно и ќе претрпи последици. Адам, пред да искуси, го престапил советот и заповедта на Благиот, слушајќи го лукавиот наговор. За жал, секој од нас го прави тоа, иако сето тоа веќе се има случено и заканата се има исполнето. Затоа, секој од нас заслужува поголем прекор и поголема осуда од Адама. Ќе речеш, можеби, дека кај нас нема такво дрво, ниту има за нас сега некаква заповед Божја, што ни забранува да вкусиме од него? Меѓутоа, иако го нема таквото дрво кај нас, заповедта Божја, сепак, и сега важи за нас, коишто ѝ се потчинуваме и сакаме да живееме според неа, бидејќи нѐ ослободува од сите наши лични гревови, а воедно и од прародителското проклетство и осудата. Оние, пак, што и сега ја отфрлаат заповедта и го претпочитаат наговорот и нападот на лукавиот, тоа ги праќа во онаа вечна огнена геена, подготвена за ѓаволот и неговите ангели.

Св. Григориј Палама

1 Мудр. 1, 13. 2 1

Мој. 2, 16-17. 3 Пс. 32, 9. 4

Книжевен збор – израз на сожаление, болка, мака (заб. прев.). —

 

Извор: Списание „Премин“, двоброј 125/126

превод од средновековен грчки јазик: Кристијан Ташевски

Преведено според изворниот текст на средновековен грчки јазик, кој се наоѓа во изданието: Γρηγορίου τοῦ Παλαμά, Ἅπαντα τὰ Ἔργα 10, Ὁμιλίες (ΚΑ‘-ΜΒ‘), Ἔλληνες Πατέρες τῆς Ἒκκλησίας, Πατερικαί Ἐκδόσεις „Γρηγόριος ὁ Παλαμάς“, Θεσσαλονίκη, 1985. /продолжува/

Извор: http://pravoslavie.mk.

 4-ти март 2018 лето Господово

 

Друго:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная