логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

4. За борбата со осумте главни страсти
ж) Борба со гордоста
1. Гордоста е отфрлање на Бога, презирање на луѓето, мајка на осудувањето, рожба на пофалбите, одгонување на Божјата помош, виновник за паѓањето, извор на гневот, строг испитувач на туѓите дела, нечовечен судија, Божја противничка и корен на хулата.
2. Почетокот на гордоста е вкоренување на суетата; средината – понижување на ближниот, бесрамно нагласување на својот труд, самопофалба во срцето, омраза на изобличувањето; крајот – отфрлање на Божјата помош, горделива надеж на своите напори и ѓаволско однесување.
3. Сум видел луѓе што со устата своја Му благодарат на Бога, а во мислите свои – се фалат само себеси. Јасен доказ за ова претставува евангелскиот фарисеј, кој вели: „Боже, Ти благодарам“  (Лука 18,11).
4. Таму каде што е направен грев, пред тоа, таму царувала гордоста, зашто гордоста е гласница на паѓањето во грев.
5. Горделивиот монах силно противречи, а смирениот не само што не противречи, туку не смее ни очите да ги подигне.
6. Кипарисот не се преклонува и не се пружа на земја; така и горделивиот монах не може да има смирена послушност.
7. Ако „Бог се противи на горделивите“ (Јак. 4,6), тогаш кој ќе може горделивиот да го помилува? – И ако „секој горделив по срце е одвратен пред Господа“ (Изрек. 16,5), тогаш кој ќе може да го очисти?
8. Оној што го отфрла изобличувањето, - ја открива страста на горделивоста; а кој го прима – тој се одврзал од веригите на гордоста.
9. Некој мудар старец го советувал својот горделив брат, но тој, заслепен душевно, му рекол: „Прости ми, оче, но јас воопшто не сум горд“. Тогаш мудриот старец рекол: „Па со што друго, синко мој, можеш јасно да докажеш дека си горд, ако не со твојата увереност дека не си горд?“
10. За горделивите луѓе многу е покорисно да бидат под послушание, да водат живот груб и да бидат презирани, како и да читаат раскази за погубните последици на гордоста и за натприродните лекарства што ја лекуваат оваа страст.
11. Срамно е да се издигнуваме со туѓи украси и крајна безумност е – да се гордееме со Божјите дарби. Гордеј се само со оние добродетели, што си ги имал пред твоето раѓање, а оние што ги имаш по твоето раѓање, нив Бог ти ги дарувал; Он  ти го подарил дури и самото твое раѓање. – Ако си извршувал некои добродетели без помошта на умот; само тие можат да бидат твои, зашто и самиот ум ти е подарен од Бога. – И ако без твоето тело си покажал некои подвизи, тогаш само тие би можеле да бидат плод на твоите напори, зашто и телото не е твое, - тоа е Божјо создание.
12. Не надевај се на твоите добродетели сè додека не ја слушнеш последната пресуда на Судијата за тебе, зашто од Светото Евангелие гледаме, дека и на оној што бил на свадбената трпеза – му биле врзани рацете и нозете и дека бил фрлен во крајната темнина.
13. Да не престанеме да се самоиспитуваме и да го споредуваме нашиот живот со животот на светите оци и Божјите светила, кои живеале пред нас. Тогаш ќе видиме дека ние уште еден чекор не сме направиле за да одиме по нив, - да чекориме по животот на овие големи луѓе; ние уште заветот наш не сме го извршиле како што треба, туку уште живееме како што живеат мирските луѓе.
14. Монахот е бездна на смирение, во која пропаднал и во која го потопил секој лош дух.
15. Од гордоста произлегува заборавањето на нашите согрешенија; а спомнувањето за нив е закрилник на смирението.
16. Гордоста е сиромаштија на душата, која се замислува дека е богата и, наоѓајќи се во темнина, смета дека е богата.
17. Гордиот е сличен на јаболко, кое одвнатре е изгниено, а однадвор има сјајна убавина.
18. Гордиот нема потреба од бес што ќе го искушува; тој самиот станал за себеси и демон и искушувач.
19. Во горделивите срца хулни зборови се умножуваат, а во душите на смирените има небесни виденија.
20. Не знам како станува тоа, што многумина од горделивите, не познавајќи се себеси, мислат дека ја достигнале бесмртноста, и дури кога ќе излезат од овој свет – ја согледуваат својата сиромаштија.
21. Оној што е заробен од гордоста, тој има потреба од извонредно голема Божја помош, за да се избави; зашто сите човечки средства за спасение се неуспешни.
22.  Хулните помисли се раѓаат од гордоста, а гордоста не им дозволува на горделивите да му ги откријат на својот духовен отец. Затоа често се случува оваа и ваква душевна состојба многумина од нив да ги фрли во очајание, уништувајќи ја сета нивна надеж, како што црвот го уништува дрвото што го разјадува.
23. Нема толку тешки помисли, кои гордиот не може да ги исповеда, како што се тоа хулните помисли. Затоа тој често живее во многу такви помисли сè до самата своја смрт. Меѓутоа ништо не ги засилува бесовите и лошите помисли толку многу, како тоа што не ги исповедаме, туку ги скриваме во нашето срце; тоа ги храни и зајакнува.
24. Никој не треба да мисли, дека е виновен за хулните помисли, зашто Господ го знае нашето срце; Он знае дека таквите зборови и мисли не се наши, туку дека се од нашите духовни непријатели.
25. Да се научиме да го презираме духот на хулата и никако да не внимаваме на таквите помисли, што ги навева во нас, туку да му велиме: „Бегај од мене, сатано; на Господа, мојот Бог ќе Му се поклонувам и само Нему ќе Му служам“. Па тогаш, како што вели пророкот: „И злобата негова му падна на главата негова, а врз неа и неправдата негова слезе“ (Псал. 7,16).
26. Оној што го презира овој непријател, тој се ослободува од неговото измачување, а ако некој има намера на друг начин да се бори со него; тој совладан ќе биде од него. Оној што сака демоните со зборови да ги победи, тој е сличен на оној, кој настојува да им заповеда на ветровите.
27. Кога ќе почне во нас да цути светото смирение, тогаш почнуваме да ги презираме секоја пофалба и слава од луѓето. А кога тоа ќе узрее, тогаш не само што нема за ништо да ги сметаме нашите добри дела, туку ќе ги сметаме за одвратност, мислејќи дека секојдневно го зголемуваме товарот на нашите гревови што не ни се познати и со добродетелите што ги загубуваме.
28. Доброто покајание и плачот очистен од секоја нечистотија, изградувајќи го храмот на смирението во нашето срце, ја уриваат старата гревовна куќарка изградена на песокот на гордоста.
29. Белезите за тоа дека исчезнала гордоста и дека се настанило смирението се: радосното прифаќање на навредите и унижувањата, смирувањето на лутината и недовербата во своите добродетели.
30. Крајот на сите страсти се: - суетата и гордоста, а тие се последица од крајното невнимание спрема себеси. А нивниот уништувач – смирението го пази својот сожител неповреден од секој смртоносен отров на оваа страст.
31. Смирениот монах не е љубопитен за несфатливите прашања; а гордиот сака да ги истражува и длабочините на Божјата промисла.
32. Кај еден од разумните браќа пристигнале демони и почнале да го фалат, но тој, кој бил смирен, им рекол: Ако престанете да ме фалите во мојата душа, според тоа што ќе се оддалечите од мене јас би можел да заклучам дека сум голем; ако, пак, не престанете да ме фалите, од вашите пофалби ја гледам мојата нечистотија, зашто „секој горделив по срце е одвратен пред Господа“ (Изрек. 16,5). Затоа или оддалечете се од мене, за да можам да се сметам за голем човек; или фалете ме – и јас преку тоа ќе добијам големо смирение“. Со овој меч со две острици тие биле поразени и веднаш исчезнале.
33. Една работа е да се гордееме, друга е – да не се гордееме, а трета е – да бидеме смирени. Еден, цел ден другите ги осудува, друг – никого не осудува, но и себеси не се осудува, а трет, иако невиновен – секогаш себеси се осудува.
34. Кога само еден трча, тој мисли дека трча брзо, но кога трча со повеќемина – тогаш ја познава својата спорост. Споредувај се со најдобрите и ќе го избегнеш сомневањето.
35. Нечистите демони тајно му вложиле на еден внимателен подвижник пофалба во срцето. Но тој, поучуван од Божјото вдахновение, знаел да го победи лукавството на лошите духови со ваква богоугодна итрина: ги напишал на ѕидот на својата ќелија имињата на највозвишените добродетели – совршена љубов, ангелското смирение, честата молитва, духовната чистота и други слични добродетели. Кога потоа почнувале помислите да го фалат, тој им говорел: „Ајде да појдеме на изобличување“. И приближувајќи се до ѕидот, ги читал имињата на напишаните добродетели, и тогаш велел: „И тогаш кога ќе ги придобиеш сите овие добродетели знај дека си уште далеку од Бога“.
36. Сакаш ли да добиеш силна љубов спрема молитвата, научи го, пред сè, твоето срце да не ги бара туѓите согрешенија, но и пред ова – треба да биде омразата кон суетата.
37. Ако сакаме да се исправиме, да не престануваме да се самоиспитуваме и да се самонакажуваме; ако постојано го имаме во себеси чувството дека нашиот ближен е подобар од нас, тогаш Божјата милост нема да биде далеку од нас.
38. Многумина се нарекуваат грешници, а можеби и така мислат за себеси, но срцето се испитува кога другите нè унижуваат.
39. Оној што вели дека ја сеќава пријатната миризба на смирението, а тогаш кога го фалат, срцето негово бива макар и малку насладувано, таквиот да не се мами, зашто е измамен.
40. „Не нам, Господи, не нам, туку на Твоето име дај му слава“ ѝ рекол некој на својата душа (Псал. 13,9), зашто тој знаел каква е човечката природа – знаел дека пофалбите не можат да се примат без штети. Затоа додава: „За Тебе е похвалата моја во великото собрание“ (Псал. 21,25). – во идниот живот,  пред тоа не можам да ја примам без опасност.
41. Природното својство на лимоновото дрво е вакво: кога е бесплодно, гранките негови се издигнуваат нагоре, а кога се наведнати – набргу биваат плодни. – Оној што има духвно знаење, тој знае што значи ова.
42. Ако гордоста некои од ангелите ги претворила во демон, нема сомневање, дека смирението може и од демоните да направи ангели. Затоа, да не очајуваат паднатите и нека се надеваат на Бога.
43. Ништо толку не ја смирува душата како сиромаштијата и прехранувањето – од милостињата што ни ја даваат другите.
44. Ако во разговорот некој сака да го заштитува своето мислење, па макар тоа било и правилно, тој треба да знае дека боледува од гордоста; ако постапува во разговорите вака со оние што се рамни на него, можеби изобличувањето на постарите ќе го излекува; а ако постапува исто и со поголемите и со помудрите од себеси, тогаш луѓето воопшто не можат да го излекуваат.
45. Еднаш прашав еден од поискусните старци: „На кој начин послушноста има смирение?“. – Тој ми одговори: „Благоразумниот послушник, ако и мртовци воскреснува, ако примил и дарба на солзи, ако стигнал и дотаму да биде избавен и од духовна борба, - секогаш мисли дека сето тоа го прави молитвата на неговиот духовен отец и останува далеку од помислата на суетното издигнување. Па и може ли да се превознесува за она, за кое и самиот сознава, дека го направил со помошта на друг, а не само со свои лични напори.
46. Кога живееш во општожитие, внимавај воопшто да не се покажуваш поправеден од другите браќа; во спротивно, ќе направиш две зла; твоите браќа ќе ги повредиш со твојата лажна и прикриена ревност, а на себеси ќе си дадеш повод за гордост.
47. Биди ревносен, но во својата душа, без да пројавуваш во своето надворешно однесување, ни со својот надворешен изглед, ни со некој збор, ниту со некој двосмислен знак; во сè биди сличен со браќата, за да го избегнеш високото мислење за себеси.
48. Понекогаш од лажната смиреност се раѓа гордост, а од вистинската смиреност секогаш се раѓа утеха.
49. Оној што со своите солзи се гордее внатрешно и во својот ум ги осудува оние што не плачат, тој е сличен на човек, кој испросил од царот оружје за да војува со непријателот, а самиот се убил со него.
50. Оној што забележал дека лесно бива победуван од гордоста и раздразнетоста, од лукавството и лицемерието, и сака да го потегне против овие свои непријатели мечот со две острици – мечот на незлобивоста и кротоста, тој нека побрза да стапи во заеднички манастирски живот, во манастирско братство со најстрого живеење, ако сака потполно да се избави од своите порочни навики, така што таму, потресуван од здодевностите, унижувањата и раздразнувањата на браќата, претрпувајќи умствени удари, а понекогаш и телесни, ќе може да ја очисти облеката на својата душа од нечистотиите што се во неа.
51. Сум видел дека гордоста бива причина за смирението. Зашто гревот на надуеноста е паѓање во грев, а паѓањето во гревови за оние што сакаат да се спасат често бива повод за смирение.
52. Гордата душа е робинка на стравот; - надевајќи се само на себеси, таа се плаши и од најслабиот звук во светот и од неговите најслаби сенки.
53. Блудните можат да ги поправат луѓето, лукавите – ангелите, а гордите може да ги поправи Самиот Бог.
54. Видливата гордост ја лекуваат тешките и мачни околности, а невидливата – само вечниот и невидлив Бог.
55. Бодро и будно набљудувај ја твојата гордост, зашто меѓу сите измами нема ништо попогубно од оваа страст.
56. Гордост е кога некој се гордее и со мали и незнатни работи, тогаш спасоносен признак на сирението има вид на смирени мисли и на големи преземања и поправања.


57. Еднаш ја уловив оваа безумна измамница во моето срце, внесена во него на рамениците на нејзината мајка – суетата. Јас тогаш ги врзав обете со веригите на послушанието и ги шибав со камшикот на смирението и ги присилив да ми кажат како навлегле во мојата душа. – Најпосле, по многу тепање, почнаа да говорат и ми рекоа: Ние немаме ни почеток ни раѓање; ние сме им началници и родителки на сите страсти. Не малку нè напаѓа еден од нашите непријатели. Тоа е скрушеноста, која се раѓа од послушноста. Ние не можеме на никого да му се покоруваме; ние сме биле началници и на небото и таму не можевме да го поднесуваме покорувањето, па затоа отстапивме оттаму. Накусо речено, ние сме роителки на сè што му е спротивно на смирението; сè она што му помага нему, нам ни е спротивно. Впрочем, ако ние на небото имавме таква сила, тогаш каде ќе избегаш од пред нашето лице? Ние често ги напаѓаме оние што трпат кога ги исмеваат, кои сакаат да се поправат преку послушност и кротост, преку незлопаметење и служењето на ближните. Наши рожби се паѓањата на духовните мажи: гневот, клеветата, здодевноста, раздразителноста, извикувањата, хулата, лицемерноста, омразата, зависта,противречењето, своеволноста и непослушноста. Има само нешто, на што немаме сила да му се спротивставиме, па бидејќи толку страшно нè тепаш ќе ти го кажеме и тоа: ако искрено се прекоруваш пред Господа, ти можеш да нè презреш и како пајажина да нè раскинеш. Ти гледаш, - проговори гордоста и рече, дека коњот на кој јавам – е  гордоста; а преподобното смирение и самопрекорувањето му се потсмеваат и на коњот и на неговиот јавач и со сладост ќе ја запеат онаа победна песна: „Да Го воспеам Господа, зашто славно се прослави: коњите и коњаниците ги фрли в море“ (2. Мој. 15,1), односно во бездната на смирението.

Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том II

Подготви.Т.С.

 

Подготви:Т.С.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная