логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Протопрезвитер Александар Шмеман


crkva.drvo.jpgДенес живееме во култура која ја одрекува смртта. Ова многу јасно се гледа ако погледнеме на било кое обично погребно претпријатие, кое се обидува да изгледа како и сите останати фирми.“Директорот за погреби“ се обидува да се погрижи за човекот кој е во тага, да не забележи дека е во тага. Начинот на погребување е организиран така што од погребот се прави некакво полурадосно доживување. Се чувствува чудна конспирација на молк во поглед на непобитниот факт на смртта; дури и лешот е “прекрасен“, само за да се камуфлира смртта. Меѓутоа, во минатото постоеле, а и денес сеуште постојат – дури и во нашиот свет кој толку го потенцира животот – култури “сконцентрирани на смртта“; во нив смртта е една голема сеопфатна преокупација, а животот е сватен главно како подготовка за смрт. Ако за некои луѓе и самото погребно претпријатие им ја одвраќа мислата од смртта, за други луѓе дури и предметите за секојдневна употреба, како што се кревет или маса, постануваат символи кои потсетуваат на смрт. Во креветот гледаат слика на гроб, а мртовечкиот сандак се поставува на маса.
         Каде е христијанството во сето ова?  Без сомнеж, “проблемот на смртта“ е централен и суштински проблем во христијанската благовест, која ја објавува Христовата победа над смртта, а самото христијанство го има својот извор во таа победа. Сепак, од друга страна, човек има чудно чувство дека без разлика што светот сигурно ја слушнал оваа порака, таа не направила некој вистински, посилен впечаток на основниот човечки став кон смртта. Повеќе може да се каже дека христијанството се прилагодило на секојдневниот став на човекот, го прифатило како свој. Не е тешко да Му посветиме на Бога една прекрасна христијанска беседа, нови облакодери и светски изложбени павилјони, да се приклучиме кон великите “прогресивни“ и витални сили на нашиот “атомски век“, да направиме христијанството да изгледа како извор на сите овие грозничави животоцентрични активности. Исто така, лесно е да се одржи говор на некој погреб и да се претстави животот како долина на страдање и суета, а смртта како избавување.
         Христијанскиот свештенослужител, кој во овој свет ја претставува целата Црква, денес е принуден да ги употреби двата јазика, мора да ги усвои двата става. Но, ако е искрен, тој мора неизбежно да забележи дека “нешто недостасува“ и во едниот и во другиот став, а тоа е токму христијанскиот елемент, кој во сето тоа го нема. Зашто христијанската порака се фалсификува ако христијанството се презентира или проповеда како суштинска потврда на животот, но без поврзување на таа потврда со Христовата смрт, а со самото тоа и со фактот на смртта, т.е. ако молкум преминуваме преку фактот дека за христијанството смртта не е крај, туку навистина реалност на овој свет. Дури и тогаш кога ги тешиме и помируваме луѓето со смртта, со тоа што овој свет го претставуваме како бесмислена сцена на индивидуална припрема за смрт, и тоа е фалсификување на христијанската порака. Зашто христијанството објавува дека Христос умре за живот на светот, а не за вечен одмор од овој свет. Овој “фалсификат“ го претвара вистинскиот успех на христијанството (спрема официјалните податоци изградбата на цркви и прилози за нив по човек, достигнале повисоко ниво од било кога) во длабока трагедија. Световниот човек сака свештенослужителот да биде оптимист, кој ја санкционира верата во оптимистички и прогресивен свет. А религиозниот човек во него гледа крајно сериозен, тажно достоинствен разобличувач на светската суета и ништавност. Светот не сака религија, а религијата не сака христијанство. Зашто светот ја отфрла смртта, а религијата го отфрла животот.  Токму тука е причината на неизмерното кошмарно разочарување, било во секуларната тенденција на светот кој се држи за животот, или во морбидната религиозност на оние кои го порекнуваат. Ова чувство на животна промашеност и разочарување ќе трае, се додека христијаните го разбираат христијанството како религија која има за цел да помогне, се додека луѓето се придржуваат на “уталитаристичката“ самосвест, типична за старата религија. Зашто навистина, тоа било една од главните функции на религиите: да помогнат, особено да им помогнат на луѓето да умрат. Од оваа причина религијата од секогаш се обидувала да ја објасни смртта, и објаснувајќи ја да го помири човекот со неа. Колку само труд вложил Платон во својот Федон да ја направи или претстави смртта пожелна па дури и добра! И колку често после тоа, ехото на Федон се чувствувало низ историјата на човечкото верување, при човечкото соочување со избавувањето од овој свет на промени и страдања! Луѓето се тешеле со умување дека смртта е од Бога, и дека сходно на тоа, таа е добра или е составен дел од животот; пронаоѓале разни значења на смртта, или самите себе се уверувале дека смртта е подобра од изнемоштената старост; формулирале учење за бесмртноста на душата – па ако човек умре, барем еден негов дел ќе продолжи да живее. Сето ова било еден долг обид, од доживувањето на смртта да се отстрани нејзината стравична исклучителност.
        Христијанството, прифаќајќи да биде религија, морало да ја прифати и основната функција на религијата: да ја оправда смртта и на тој начин да помогне. Правејќи го тоа, дури и во помала или поголема мера ги асимилирало старите и класични објаснувања за смртта, кои се општи  скоро за сите религии. Зашто ниту учењето за бесмртноста на душата засновано на спротивност помеѓу духовното и материјалното, му припаѓа на христијанското учење, ниту пак тврдењето дека смртта е ослободување или пак казна. Вклучувањето на овие елементи во христијанското учење повеќе ја изопачиле отколку што ја разјасниле христијанската теологија и побожност. Ваквите сфаќања биле делотворни додека христијанството живеело во “религиозниот“ свет, односно во светот во чиј центар била смртта. Но тие ја загубиле делотворноста штом светот израснал од оваа смртоцентрична религија и постанал секуларен. Па сепак, светот не постанал секуларен затоа што постанал “ирелигиозен“, “материјалистички“, “површен“, ниту заради тоа што ја загубил религијата – како што многу христијани сеуште мислат – туку заради тоа што старото објаснување не објаснува баш ништо. Често, христијаните не сфаќаат дека токму тие, односно самото христијанство било главен фактор во ова ослободување од старата религија. Христијанството, нудејќи со својата порака полнота на живот, допринело повеќе од било што друго ослободување на човекот од стравот и песимизмот на религијата. Во оваа смисла, секуларизмот е феномен во рамките на христијанскиот свет, феномен кој без христијанството е невозможен. Секуларизмот го отфрла христијанството доколку тоа се идентификува со старата религија и доколку му ги наметнува на светот оние објаснувања и учења за смртта и животот, кои самото ги уништило.
Сепак, би била голема заблуда ако за секуларизмот се мисли просто како на “отсуство на религија“. Тој самиот всушност е религија и како таков, претставува едно објаснување на смртта и помирување со неа. Тоа е религијата на оние, кои се замориле слушајќи ги објаснувањата за светот, со поимите за “другиот свет“ за кој никој ништо не знае, уморни од објаснувања за животот разбран како “надживување“ за што исто така, никој нема ни најбледа идеја; од оние, кои со други зборови се заморени да живеат живот вреднуван со термините на смртта. Секуларизмот е објаснување на смртта, од аспект на животот. Единствен свет кој го познаваме е овој, единствен живот кој ни е даден е овој живот – така мисли секуларистот, а зависи од нас луѓето дали ќе го осмислиме, објасниме, усреќиме, овозможиме. Животот се завршува со смрт. Ова е непријатно, но бидејќи е природно зашто смртта е универзален феномен, најдобро нешто што може човекот да направи е да го прифати тоа како нешто што е природно. Додека живее, човекот воопшто не треба да мисли на тоа, туку треба да живее како да смртта не постои. Најдобар начин да се заборави смртта е тој, човекот да биде вработен, корисен, посветен на велики и племенити работи, непрестано да гради еден подобар свет. Ако Бог постои (а повеќето од секуларистите цврсто веруваат во Бога и во корисноста на религијата за нивните корпоративни и индивидуални претпријатија), и ако Он по Својата љубов и милост сака да не награди за нашиот вреден, корисен и праведен живот со вечен “летен одмор“ кој традиционално се нарекува “бесмртност“, тоа е исклучиво Негов милостивен “бизнис“. Но, бесмртноста е додаток (иако вечен) на овој живот и во него можат да се најдат сите вистински интереси и вредности. Американското “погребно претпријатие“ е вистинскиот символ на секуларистичката религија, зашто тоа изразува мирно прифаќање на смртта како нешто природно (тоа е куќа како и секоја друга во која нема ништо особено), како и негација на присутноста на смртта во животот.
          Секуларизмот е религија зашто има своја вера, своја есхатологија и своја етика. И тој “делува“ и “помага“. Искрено речено, ако помошта е критериум, човекот би морал да прифати дека животоцентричниот секуларизам помага навистина повеќе отколку религијата. За да може да му конкурира, религијата морала да се претставува како прилагодување на животот, советувалиште, збогатување; морала да се рекламира во подземните железници и автобуси како многу вреден додаток на “вашата омилена банка“ и на сите останати “пријателски бизнис партнери“. Обидете се, ќе видите дека помага! А религиозниот успех на секуларизмот е толку голем што ги води некои христијански теолози да дигнат раце од самата категорија “трансцедентност“, или едноставно кажано од самата идеја за Бога. Ова е цената која мораме да ја платиме, ако сакаме модерниот човек да не разбере и прифати, викаат гностичарите на дваесетиот век.
          Овде ја допираме сржта на проблемот. Зашто за христијанството помошта не е критериум. Вистината е критериум. Смислата на христијанството не е да им помогне на луѓето со тоа што ќе ги помири со смртта, туку да им ја открие Вистината за животот и смртта, за да може оваа Вистина да ги спаси. Сепак спасението не е истоветно со помошта, туку всушност е нејзин опозит. Христијанството е во судир со религијата и секуларизмот, не заради тоа што тие нудат недоволна помош, туку токму заради тоа што тие се доволни, што тие ги задоволуваат потребите на луѓето. Ако целта на христијанството била да го одземе од човекот стравот од смртта, да го помири со смртта, христијанството не би било потребно, бидејќи другите религии тоа навистина подобро го направиле од христијанството. Денес секуларизмот е скоро способен да формира профил на луѓе, кои со задоволство колективно ќе умрат – а не само да живеат – за триумф на некое начело, па какво и да е тоа.
         Христијанството не е помирување со смртта, тоа е откривање на смртта, а откривање на смртта е бидејќи тоа е откривање на Животот. Христос е Живот. И само ако Христос е Живот, тогаш смртта е она што христијанството за неа го зборува: непријател кој треба да биде уништен, а не мистерија која треба да биде објаснета. Објаснувајќи ја смртта,  религијата и секуларизмот и даваат “статус“, разумно оправдание, ја прават нешто нормално. Само христијанството ја прогласува смртта за ненормалност, а со тоа и за ужасно страшна. На гробот на Лазар Христос заплакал, а кога се приближил часот на Неговата смрт “се загрижил и почнал да тагува“. Во светлината Христова овој свет, овој живот се изгубени и тука нема помош, не затоа што во нив е присутен стравот од смртта, туку заради тоа што тие смртта ја прифатиле и нормализирале. Да се прифати светот Божји како некакви “космички гробишта“ кој треба да се укине и да се замени со “друг свет“ кој исто така личи на гробишта, па да се нарече тоа религија; да се живее на космички гробишта и секој ден да се располага со илјадници лешеви и да се биде среќен и воодушевен од тоа “праведно општество“! – тоа е вистинскиот пад на човекот. Неморалот или злодејството не го откриваат човекот како паднато битие; како таков го открива неговиот “позитивен идеал“, религиски или секуларен и неговото задоволство од тој идеал. Меѓутоа овој пад, единствено Христос може да го открие, зашто, единствено во Христа ни е откриена полнотата на животот; и оттука смртта постанува ужасна, како отстапување од животот, како непријател. Токму овој свет, а не некој друг, токму овој живот (а не некој задгробен) му се дадени на човекот да бидат света тајна на Божјата присутност, дадени му се како заедничарство со Бога; само преку овој свет и преку овој живот, преобразувајќи ги во заедница со Бога, човекот постанува она што треба да биде. Со тоа, стравот од смртта не е во тоа што  таа е крај и што таа значи уништување на телото.Со тоа што смртта е раздвојување од светот и животот таа е раздвојување од Бога. Мртвите не можат да го слават Бога. Со други зборови, дури кога Христос ни го откри животот, дури тогаш можевме да ја разбереме  христијанската порака за смртта како непријател Божји. Кога Животот  заплакува на гробот на својот пријател, кога Он го согледуваа ужасот на смртта, тогаш започнува победата над смртта.

2.

Умирањето и претходи на смртта, тоа е раст на смртта во нас преку физичко пропаѓање и болест. И тука, повторно христијанското сваќање не може да се идентификува ниту со сваќањето на модерниот свет ниту пак со нешто што е својствено за “религијата“. За модерниот, секуларен свет здравјето е единствена нормална состојба на човекот, па затоа човек треба да се бори против болеста; а модерниот човек навистина се бори. Меѓу неговите најголеми достигнувања се медицината и болниците. Но, здравјето има своја граница, а тоа е смртта. Во еден одреден момент “изворите на науката“ пресушуваат; модерниот свет тоа го прима како нешто едноставно и јасно, како што ја прима и самата смрт. Доаѓа часот кога болниот треба да и биде предаден на смртта, да биде отстранет од болничката соба – и ова се прави мирно, педантно, хигиенски – како дел од секојдневната рутина. Додека човекот е жив, се прави се за да биде одржан во живот, па дури и кога неговиот случај е безнадежен, тоа не смее да му биде соопштено. Смртта никогаш не смее да биде дел од животот. И иако секој знае, дека во болниците луѓето умираат, нивниот општ изглед и етос се полни со радосен оптимизам. Животот, а не смрттниот живот е предмет на ефикасната грижа на модерната медицина.
Религиозниот поглед, пак, поскоро ја прифаќа болеста отколку здравјето како нормална состојба на човекот. Во овој свет на смрттна и променлива материја, страдањето, болеста и тагата се нормални услови за живот. Болниците и медицинската нега мора да постојат, но само како религиска должност, а не заради некаков вистински интерес за здравјето како такво. Од религиска гледна точка, здравјето и лечењето секогаш се сметаат за милост Божја, а вистинското исцеление за “чудесно“. Бог го врши тоа чудо, но не заради тоа што здравјето е добро, туку за да се покаже силата Божја и луѓето да Му се вратат на Бога.
           Според своите крајни заклучоци овие два става се непомирливи, и ништо подобро не ја отсликува конфузијата на христијаните по ова прашање од тоа што денес тие ги прифаќаат обата става како подеднакво добри и вистинити. Проблемот на “секуларната болница“ се решава така што во неа се отвора христијанска капела, а проблемот на “христијанската болница“ така што таа се опремува толку модерно и научно, за што повеќе да личи на секуларна. Всушност, постои постепена отстапка на религиозниот став во однос на секуларниот од причини кои веќе ги анализиравме. Модерниот свештенослужител тежнее не само да постане “асистент“ на лекарот, туку на своја сметка да биде “терапевт“. Добра потврда за тоа се сите видови на технички пасторални терапии, посети на болните, грижа за болните, со кои се полни учебниците на богословските училишта. Но дали е ваков христијанскиот став? Ако не е, дали треба да се вратиме на  старите “религиски“ сваќања?
          Одговорот е: не, не е ова христијански став; а и простото враќање кон старото е непотребен. Ние мораме да ја откриеме неизменливата а сепак вечно- современа светотаинска визија за човечкиот живот, и преку тоа, визија за неговото страдање и болест – визија која некогаш била визија на Црквата, без разлика дали ние христијаните сме ја заборавиле или погрешно сме ја протолкувале.
           Црквата го смета лекувањето за света тајна, но во текот на долгите векови на идентификација на Црквата со религија, дошло до погрешно разбирање: така, светата тајна на елеосвештение всушност постанала света тајна на смртта, еден од “последните обреди“ кои на човекот му отвараат слободен премин во вечноста. Денес, кога повторно кај христијаните е зголемен интересот за лекување, постои опасност оваа тајна да биде разбрана како света тајна на здравјето, корисно “надополнување“ на секуларната медицина. Но, и едниот и другиот поглед се погрешни; и во едниот и во другиот недостасува светотаинската природа на овој чин.
          Светата тајна, како што веќе видовме, секогаш е “премин“, “преобразување“. Но тоа не е премин во натприродно, туку во Царството Божјо, во светот кој доаѓа, во реалноста на овој свет и неговиот живот – кој Христос го искупи и воспостави. Тајната е преобразување не на “природното“ во “натприродно“, туку на старото во ново. Со тоа, светата тајна не е чудо со кое Бог ги прекинува законите на природата, туку таа е манифестација на конечната вистина за светот и животот, човекот и природата, на Вистината  - која е Христос.
            И исцелението е света тајна, зашто неговата цел не е здравјето како такво, воспоставување на физичко здравје, туку влез на човекот во животот на “Царството Небесно“, во “радоста и мирот“ на Светиот Дух. Се во овој свет, а тоа значи и здравјето и болеста, радоста и страдањето, во Христа постанале вознесување и влез во нов живот, очекување и насетување на овој нов живот.
Навистина во овој свет нормално е страданието и болеста, но самата нивна нормалност е абнормална. Тие го откриваат конечниот и непрестан пораз на човекот и животот, пораз кој не можат да го надминат делумните победи на медицината, па колку и да се тие чудесни. Но во Христа, страдањето не е отстрането, тоа е преобразено во победа. Самиот пораз постанува победа, пат, влез во Царството Небеско, а тоа е единственото вистинско исцеление.
             Да земеме за пример човек, кој страда во својата болничка постела. Црквата доаѓа кај него за да ја изврши светата тајна исцеление. За овој човек, како и за секој човек во светот, страдањето може да биде пораз, пат на потполно предавање на темнината, на разочарувањето, на осаменоста. Тоа може да биде умирање во вистинската смисла на зборот. А сепак може да биде и крајна победа на Човекот и Животот во него. Црквата не доаѓа да воспостави здравје во овој човек, просто да ја замени медицината откако таа ги исцрпела сите свои можности. Црквата доаѓа овој човек да го воведе во Љубовта, Светлината и Животот Христов. Таа не доаѓа само да го утеши во неговото страдание, ниту да му “помогне“, туку да го прими како маченик, како сведок Христов преку самото негово страдање. Маченик, тоа е оној, кој го гледа небото отворено и Синот човечки како седи од десната страна на Бога. Маченик е оној човек за кого Бог не е само уште една – и тоа последна можност за да престане ужасната болка; Бог е самиот негов живот, така што, се што е во неговиот живот доаѓа до Бога и се воздигнува до полнотата на љубовта.
Во овој свет ќе има неволји. Без разлика, дали самиот човек ќе ги сведе на минимум, или религиското чувство за награда во “другиот свет“ ќе даде некакво олеснување, сепак страдањето останува тука, и тоа останува ужасно “нормално“. А сепак Христос вели: “Радувајте се, јас го победив светот“! (Јн. 16:33). Преку Христовото страдање не само што секое друго страдање добило своја смисла, туку му е дадена и сила да биде знак, сакрамент, проглас, доаѓање на победата; човечкиот пораз и самото негово умирање постанале пат на Животот.

3.

Почеток на оваа победа е смртта Христова. Таа е вечно Евангелие, и тоа останува лудост не само за овој свет туку и за религијата, се  додека таа е религија на “оној век“. Литургијата на христијанската смрт не започнува тогаш кога човекот дошол до својот неизбежен крај и неговото мртво тело лежи во црквата заради последниот обред, а ние стоиме  околу, тажни и резигнирани сведоци на достоинственото отстранување на човекот од овој свет на живите. Таа  почнува секоја недела, кога Црквата воздигнувајќи се на Небото “сите земни грижи ги одложува“. Таа почнува секој празничен ден; особено започнува
во радоста на Велигден (Воскресение). На извесен начин, целиот живот на Црквата е света тајна на нашата смрт, зашто се’ во неа е објава на смртта Господова, исповедање на Неговото воскресение. Но сепак, христијанството не е религија восредоточена на смртта; тоа не е “мистериски култ“ во кој преку прекрасните церемонии ни се нуди учење за спасение од смртта и каде што се бара да веруваме во тој култ, за преку тоа да профитираме од користа која ни ја дава.
        Да се верува во Христа, тоа за христијанинот значи она што отсекогаш значело: јас знам на надразумен но сепак сигурен начин кој се вика вера, дека Христос е Живот на сиот живот, дека Он Самиот е Живот и спрема тоа и мој живот. “Во Него беше животот, а животот им беше светлина на луѓето“. Сето христијанско учење, тоа за воплотувањето, искупувањето, покајанието – е објаснување, последица, а не причина за вера. Единствено кога веруваме во Христа, сите овие тврдења постануваат “добри“ и “постојани“. Самата вера е прифаќање, не на овие или оние “пропозиции“ за Христа, туку на Самиот Христос, како Живот и како светлина на животот.  “Тој живот се јави, а ние Го видовме и сведочиме и ви го објавуваме вечниот живот, Кој беше со Отецот и ни се јави нам (1 Јн. 1:2). Во оваа смисла христијанската вера е радикално различна од религиските верувања. Нејзина појдовна точка не е верувањето туку љубовта. Во себе, и сами по себе  сите верувања се парцијални, фрагментарни, слаби. “Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме... а дарот на пророштвото ќе биде прекинат...дарот на јазиците  - ќе престане, а знаењето – ќе го снема. Единствено љубовта никогаш не престанува“ (1 Кор. 13:8). Па ако да се љуби значи дека јас имам свој живот во Христа, или подобро дека Он постанал содржина на мојот живот, тогаш да се љуби Христос, значи и да се поседува Христос, како живот на својот живот.
       Самото ова поседување на Христа како Живот, радост и мир во заедништвото со Него, сигурноста во Неговото присуство, ја осмислуваат веста за смртта Христова и исповедањето на Неговото воскресение. Во овој свет Христовото воскресение никогаш не може да постане некаков објективен факт. Воскреснатиот Христос и се јави на Марија и таа Го виде како стои, и не знаеше дека е тоа Исус. Он стоеше на брегот на Тиверијадското езеро, но учениците не познаа дека тоа беше Исус. А на патот за Емаус “очите на ученикот не Го познаа“. Проповедта за воскресението останува лудост за овој свет, а не е никакво чудо што дури и самите христијани го објаснуваат сведувајќи го всушност на старото, претхристијанско учење  за бесмртноста и надживувањето. И навистина, ако науката за воскресението е само учење и ако во неа треба да се верува како во настан на “иднината“, како мистерија на “стариот свет“, тогаш таа битно не се разликува од останатите учења кои се однесуваат на “другиот свет“ и многу лесно може да се помеша со нив. Било да се работи за бесмртност на душата или за воскресение на телото – јас за тоа ништо незнам и сите дискусии за тоа се чисти спекулации. Смртта останува ист мистериозен премин во мистериозна иднина. Големата радост која ја чувствувале учениците кога Го виделе воскреснатиот Господ, која им ги разиграла срцата кога ја почувствувале на патот за Емаус, не се појавила заради тоа што им се открила мистеријата на другиот свет, туку заради тоа што Го виделе Господ. И Он ги испратил да проповедаат и да објавуваат не воскресение од мртвите, не учење за смртта, туку покајание и простување на гревовите, нов живот во Небесното Царство. Тие изјавиле дека знаат дека во Христа  новиот живот веќе започнал, дека е Он животот вечен, осмислување, воскресение и радост на светот.
        Црквата е влез во сецелиот живот Христов; таа е заедничарење во Животот вечен, радост и мир во Светиот Дух. Таа е и исчекување на невечерниот ден во Царството Божјо. Не очекување на некој друг свет, туку осмислување на сите работи и на целокупниот живот, во Христа. Во Него, самата смрт постанала акт на живот, зашто Он ја исполни смртта со самиот Себе, со Својата љубов и светлина. Во Него “се е ваше“...било светот, или животот или смртта или сегашноста или иднината: се е ваше, а вие сте Христови, а Христос Божји (1Кор. 3:21-23). И ако направам овој нов живот да биде и мој, да постане моја глад и жед за Царството Божјо, мое исчекување на Христа, моја сигурност дека Христос е Живот, тогаш и самата моја смрт ќе биде еден чин на заедница со Животот. Зашто ни животот ни смртта не можат да не разделат од љубовта Христова. Јас незнам како и кога сето тоа ќе се случи. Јас незнам кога сите овие работи ќе бидат совршено “собрани“ во Христа. Јас ништо незнам ни за “кога“ ни за “како“, но знам дека во Христа започна овој велик премин, света Пасха: дека ни доаѓа светлината на “идниот век“, во радост и мир на Светиот Дух, зашто Христос воскресна и Живот ни дарува.
         Најпосле, знам дека оваа вера и оваа сигурност ќе ги исполни со радосна смисла зборовите на светиот апостол Павле, кои ги читаме секој пат кога го прославуваме “преминот“ на нашиот брат, неговото заспивање во Христа:
“Зашто Самиот Господ ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба, и мртвите во Христос ќе воскреснат први.
Потоа ние живите кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, за да Го сретнеме Господ во воздухот; и така засекогаш ќе бидеме со Господа“ (1Сол. 4:16-17).


подготви М.З.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5800
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6618
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6398
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5596
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная