Халувин - може,
Априлијада - може,
Црвени чадори - може,
Парада на гадоста и тоа можело,
Ден на дрво - и тоа може,
Деца кај претседателот, премиерот, градоначалникот, началникот... и тоа можело,
- Деца во Бадникарски поворки и при Христа, е тоа не можело.
И зошто?
Затоа што едноставно не веруваат дека Бог стана човек, за човекот да стане бог од Бога, низ Бога и во Бога. Робовите на секуларузмот се обични адвокати на ѓаволот едноставно го знаат и познаваат само системот во кој секоја човечка активност дури и верата треба да се регулира со закон, освен лажењето, крадењето, прељубодејството, посакувањето на туѓото, лажното сведочење, почитувањето на родител.
Системот е секогаш тука кога лагата сака да ти ја претстави како вистина, и тоа со Закон.
Нема компромис помеѓу верувањето во Христа како живот вечен, и верата дека смртта е природна работа.
9-ти јануари 2018 лето Господово
Избор од ФБ профилот на отецот