логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Возљубени во Господа,

Големината на личноста и делото на Светиот Великомаченик Димитриј е позната насекаде меѓу православните народи. Неговото маченичко сведоштво за вистината на христијанската вера, еве е почитувано и во Битола и по сета наша земја.

Нашиот православен народ знае да ги почитува светиите и да живее во верата посведочена од нив. Оти, што би биле ние како народ без светиите, без Божјите угодници, без тие прекрасни сведоци за спасоносната вистина и убавината на нашата православна вера? Светителите се „солта на земјата“ (Мат. 5, 13) и „светлината на светот“ (Мат. 5, 14). Оттаму, секојдневно, споменувајќи си за некој од многубројните светии прославени од Црквата, ние не извршуваме само меморијално спомнување за нив, туку и исповедаме дека нивните животни патишта, нивната вера и саможртвена љубов се достојни да бидат подражавани од сите нас. Таа наша љубов кон светителите ја изразуваме за тоа што тие навистина ги слушнале и разбрале евангелските зборови кога Христос вели: „Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесни“ (Мат. 5, 48). Исто така го слушнале и го оствариле советот на Светиот апостол Петар, кој на сите ни се обраќа велејќи ни: „По примерот на Светиот, кој ве повика, и вие самите бидете свети во сите ваши постапки“ (1. Петр. 1, 15).

Така, катадневно во нашите храмови и манастири, прославувајќи нечиј спомен, ние покажуваме дека нашата христијанска вера е вера на живи! Пред Бога нема умрен, туку сите се живи. Нашиот Бог е токму тоа, и токму таков – Бог на живите, и жив Бог! Впрочем, обично, во православната Црква го празнуваме токму денот кога светителот се упокоил, со што упатуваме јасна порака од чествувањето на празниците – дека пред Бога нема мртви, туку на денот на упокојувањето преминуваме во вечно живеење со Бога, зашто светителите се најголема потврда. Целата историја е историја на живи, од Адама па сѐ до денес! Па кој ќе ги знаеше старозаветните пророци и праведници, кој ќе ги запаметеше новозаветните богоугодници, ако истите не продолжеа да живеат во небесната Црква и во споменот на нивните следбеници на земјата? Но нив ги помниме, и нивното застапништво го просиме, зашто живее споменот на живите во Бога! Свети Димитрија е жив сведок за тоа веќе цели седумнаесет столетија! Како да било вчера, како да било денес, а еве поминаа илјада седумстотини и тринаесет години од денот на неговото мачеништво.

Сѐ што се случува во Црквата е поврзано со името на нејзиниот основач Спасителот Господ Исус Христос. И ова денешно празнување, и сите празнувања, сите страдања, трпенија и мачеништва, сѐ што поднеле следбениците на Христа, како и сета радост на нашата вера, на празниците и сета радост во Црквата – сѐ е заради Христа!

Сме се прашале ли која е силата со која Христос, еве веќе дваесет столетија „врзува“ односно привлекува околу Себе поединци и цели народи? – Таа сила е Неговата проповед, Неговото слово, кое што во сета историја по Него, остава длабоки траги во душите на Неговите следбеници.

Тоа Негово слово, такво било кога го говорел, такво било во сите времиња, такво е и денес, во својата возвишеност и Божествена мудрост. Секако, најсилен и незамолчив сведок на Христа биле и Неговите дела, сведоштвото на Неговата Божествена сила, сведоштво што продолжува да трае, еве и до наше време, и ќе трае довека.

Возљубени во Господа,

Она што е особено значјно, е тоа што Христовата вистина продолжи да се потврдува и по Неговото заминување од земјата. Апостолите, Неговите ученици, бидејќи од почетокот биле со Него (види Јован 15, 27), можеле да бидат и први сведоци (види Лука 24, 48), пред сите народи, и по целиот свет (види Марко 16, 15). Тие, откако Го примиле Светиот Дух, со своето слово, со својата проповед останале сведоци за распнатиот Спасител; тие сведочеле и со својот живот и со својот подвиг за Христа.

Многумина меѓу апостолите пострадале, и со маченичка смрт ја посведочиле својата вера во Христа воскреснатиот. А мачениците се најголемите сведоци за Христа! Впрочен, зборот маченик, во буквална смисла значи: сведок. Црквата Христова, всушност е потпора врз сведоштвото, врз страдањата на мачениците. Од страдањето (односно: сведочењето) на првиот маченик, архиѓаконот Стефан, до страдањето на Христа и во наши дни, се надградува вистината за Христа. Нема поголемо сведоштво за припадноста кон нешто, од подготвеноста за него да се даде и својот живот.

Светиот Великомаченик Димитриј, чии спомен го прославуваме денес, во далечната триста и шеста година, посведочил за вистината, по примерот на безброј маченици и пред и по него, со најсилниот документ – со својот живот!

Но, големината на мачениците, големината на сите сведоци за Христа, е тоа што нивното сведоштво се потврдува постојано, постојанио се наголемува, и трае вечно. Па чии спомен може да се мери со споменот на оние чии што имиња се испишани на небесата? – Тоа говори дека сведочењето на мачениците за Христа, постојано живее во Црквата Христова, живее во животот на верните чеда, живее во сведоштвото на почитувачите на подвигот и страдањата на мачениците.

Возљубени чеда во Господа,

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние денес да сведочиме, и како можеме воопшто, да бидеме сведоци Христови? – Можеме! Можеме и треба да бидеме сведоци за Христа. Но, ова наше време не бара да бидеме маченици, не бара да ги положиме своите животи за да сведочиме! Не! Ова наше време бара најмалку што може да се побара. Имено, тоа од нас бара само да живееме со сведоштвото на мачениците, само да ја знаеме нашата вера и да живееме според неа, да живееме според православните начала и верата на моралот, да живееме според евангелските заповеди, и да Го следиме Христа! Сите ние сме повикани за да го оправдаме нашето припаѓање на Христа, зашто како што вели Свети апостол Павле, ние сме „Христово писмо… напишано не со мастило, туку со духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку на човечки срца“ (2. Кор. 3, 3).

Според тоа, и ние како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови, во ова наше столетие. Нам, како ретко кога низ историјата ни се дава можност слободно да сведочиме и да го сееме словото на вистината. А полето за вистинско христијанско сведоштво и христијанска мисија е исклучително широко. Зашто, за жал, одамна Христос не бил толку далеку од секого од нас како денес, одамна не бил толку далеку од нашите домови, од нашите училишта; одамна не сме имале толку мина што имаат потреба од помош за храна и за облека; одамна не сме имале толку насушна потреба од добар збор, како во нашите домови, така и помеѓу соседите, на работните места и насекаде; одамна не сме биле толку свртени едни против други, за жал и во Црквата и во политиката, и во сите пори од нашето живеење како народ, и овде и насекаде до каде што нѐ има. Затоа, постојано да Му се молиме на Господа да ни биде на помош, за да станеме вистински сведоци на доброто, вистински миротворци и добротворци. Да Му се молиме на Господа да ни помага за да ги најдеме вистинсите патишта што ќе нѐ доведат да спознавање на Неговата вистина, која што ќе нѐ ослободи од товарот на времето, па така да се удостоиме да останеме учесници во радоста на светиите и на сите коишто са радуваат за Неговото неразрушливо сведоштво.

Светиот Димитриј, великиот сведок и маченика за вистината, нека ни помогне на сите, да станеме и да останеме целосно оддадени на нашата Света Црква и да го помагаме нивното свето дело, и овде и насекаде! Амин!



 Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан

 

Битола, 8ми ноември 2019 лето Господово

 

Извор: http://www.pppe.mk/2019/sveti-velikomachenik-dimitrij-sveta-arhierejska-liturgija-vo-bitola/

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1589
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2032
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1799
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  за двoјната сила на тајната брак

БEСEДА за двoјната сила на тајната брак

Гoлeма e тајната вo тoа штo чoвeкoта гo oстава свoјoт таткo и свoјата мајка и сe прилeпува кoн свoјата жeна. Самиoт апoстoл, кoј сe вoзвишил дo трeтoтo нeбo и видeл...

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Фактот за Неговото Воскресение, Вознесението и испраќањето на Светиот Дух врз Апостолите е потврден и потпишан со крвта, телесна и духовна, на безбројните Маченици. Сите тие не умреле за некаков...

 протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

За разлика од Воскресението, Христовото Вознесение многумина го виделе, кога тоа се случило. Така било, зашто верата кај многумина веќе созреала за ова божествено созерцание. А така било и заради...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Ереј Игор Острески: Слепиот

Ереј Игор Острески: Слепиот

Зборувајќи за растот на верата во Бога во човековата душа и за нејзиното значење во животот на луѓето, нашиот Спасител вели: „Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира...

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Зашто, преку тебе го научивме словото за Христа Бога. Зашто, големо е делото твое да покажеш дека нема избрани јазици за проповед на Големината Негова, туку дека најдобар јазик за...

 Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

За симболиката на крајот на Новиот Завет ни говори Апостолот Павле: „во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат среброљупци, горди, хулители, неблагодарни, неправедни, непомирливи, клеветници, невоздржливи,...

« »