логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

„А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, чу песни и извици. Па како повика еден од слугите го праша: ’Што е ова?‘ А тој му рече: ’Брат ти си дојде, и татко ти го закла угоеното теле, оти го виде здрав‘. Тој се налути и нејќеше да влезе“ (Лука 15, 25–28).

Еве како реагираат оние што се од ’Стариот Завет‘; оние што мислат дека се на првиот степен – чистење на срцето од страстите, а што не внимаваат на своите страсти (на страста на умот, гордоста); оние што имаат високо мислење за самите себе; оние што неправилно се подвизуваат; оние што ја злоупотребуваат првата благодат, т.е. плодовите од гледањето на првата светлина; оние што другите ги осудуваат, а самите себе се оправдуваат; оние што мразат и завидуваат.

„Тогаш излезе татко му и го молеше“ (Лука 15, 28).

Што гледаме? Непроменет и константен татковски однос и кон постариот син, поточно, кон сите Свои деца кои ги создал, без оглед на нивниот однос кон Него.

Еве ја најпрвин бедната слика на самооправдувањето: „А тој му одговори на татко си и му рече: ’Еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив твоја заповед‘“ (Лука 15, 29). А еве ја и целата слика на демонската опседнатост откако ќе се доврши со осудувањето: „И мене не си ми дал ни едно јаре за да се провеселам со моите пријатели, а кога дојде овој твој син, кој го упропасти твојот имот со блудници, за него ти го закла угоеното теле“ (Лука 15, 29–30).

Да, најпрвин Бог Го осудуваме во самите себе, пред да го осудиме конкретниот човек! Односно, за да го осудиме конкретниот човек, најпрвин ги злоупотребуваме плодовите од гледањето на првата светлина (голото знаење). И додека се самооправдуваме и сакаме да се прикажеме праведни – „никогаш не прекршив твоја заповед“ – веќе исто толку грешиме и ги прекршуваме сите „исполнети“ заповеди дотогаш. Очигледно, постариот син само формално ги исполнувал Татковите заповеди, додека така одговарало на неговиот наемнички интерес и однос. Да ги исполнувал навистина сите негови заповеди, сигурно би се восовршил духовно во личниот однос со својот Татко. Но, тука нема ни трага од личен однос. Ако забележувате, постариот син во ниту едно обраќање не го ословува својот родител со зборот „Татко“, како што и во ниту еден момент не го осудува својот помлад брат поради нарушување на односот Татко – син, туку поради упропастување на имотот.


„А тој му рече: ’Синко, ти си секогаш со мене и сè мое е твое; но требаше да се зарадуваме и развеселиме, оти овој твој брат беше мртов и оживеа, изгубен беше и се најде‘“ (Лука 15, 31–32). Навистина, човек самиот себе, со своето однесување, се осудува и се одделува од заедницата со Бог, грешејќи кон својот ближен. Наместо да се радуваме со својот ближен, ние му завидуваме и го мразиме поради неговите успеси. Да не зборувам и за обидите да му попречиме и да му наштетиме. И тоа му го правиме на нашиот ближен, со кого Богочовекот Христос се поистоветува. Како што читаме во Светото Евангелие: „Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие [Мои] најмали браќа, и Мене не сте Ми го направиле!“ (Матеј 25, 45). Забораваме дека на тој начин стануваме богоборци. А Бог, смирено и трпеливо, на сите ни вели: „Синко... сè Мое е твое...“

И уште нешто: Духовниот отец никогаш не смее да го остави своето духовно чедо без благослов, па макар и во случај кога тоа сака да си замине од него. Тој благослов може да биде даден и усно, и премолчно, и на дело. Тој благослов може да биде даден и со опомена и без опомена. Но, тој благослов мора да биде даден, ако духовниот отец е вистински татко. Со тој благослов, духовниот отец ќе сострадува со своето духовно чедо и ќе го покрива и штити со својата љубов и со молитвата каде и да е тоа и колку и да греши. Со тој благослов никогаш нема да се прекине заемната врска, за духовното чедо да има, ако му затреба еден ден, каде да се врати... Значи, при непослушанието и предвременото заминување на духовното чедо од својот духовен отец, проблемот не се состои во убедување и одвраќање од намерата, туку во тоа да се овозможат услови за враќање.

Митрополит Струмички Наум

 

Извор: МПЦ-ОА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1519
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1905
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1701
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Светлината во темнината на гревот и очајот свети, и мракот на отпадништвото и смртта не ја опфати.Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бог – немаше од него поголем,...

 Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Оние што преку доброволни подвизи или мачеништво ќе влезат преку своето очистено срце во Царството Небесно – внатре во себе, преминуваат од смрт во живот – уште сега, и на...

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл...

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

« »