Одговара: отец Горан Тасески
Прашање од Гоца : За најмногу 96 часа јас треба да пратам 20 копии од писмо што го добив од една другарка!!!А во него е објаснато како некојси кинески монах, ја објаснува ”СРЕЌАТА”...!!Тоа писмо треба да го пратам на мои 20 сакани личности за среќа!!!!Толку многу се изреволтирав на самата себе што воопшто и се потрудив да го прочитам писмото и се осеќам како да ме изигра ”ПРИЈАТЕЛКАТА”..а јас сум личност која постојано е со молитвите кон нашиот единствен Господ Исус Христоси непрекинато се молам на Него секој ден.Ова за мене беше збунувачки и бидејки сите што ми се пријатели си ги сакам.Мое е мисленје дека ова е само игра, и не сакам на никого да го пратам!!!Васе мисленје???
”ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ,СИНЕ БОЖЈИ ПОМИЛУЈ НЕ НАС ГРЕШНИТЕ!!!
Одговор:
Вистинската среќа е да се сретнеме со Бога , а тоа ќе го направиме преку познатите искуства на светата православна практика, која се темели на Евангелието и искуствата на светите оци - пост , за да се очистиме од страстите и да го разбистриме умот кој е окупиран
од суетата на овој свет, -покајание за да ги симнеме гревовите наши кои не држат во мрак и непрепознавање на доброто и злото, -молитва /лична и соборна/ за да ја истакнеме нашата силна волја за да се сретнеме со Бога. ...
08 јули 2010 год.