Одговара: отец Горан Тасески
Прашање од Златко: Дали постои некаква црквена забрана за венчавка помеѓу православен христијанин и римокатолик, и дали е дозволено да се венчаме во двете цркви?
Одговор:
Да , постои црковна забрана, затоа најдобро е лицето кое е од римокатоличка вероисповед да се советува за да најпрво стане член на едната света соборна и апостолска црква, односно да го прими православието.
Но доколку, и покрај советувањето сака да си ги задржи своите убедувања, тогаш во православната црква треба да се даде изјава од лицето кое не е православно, дека нема да го попречува православното духовно раководење и исповедање во нивниот дом и дека се согласува децата кои Бог ќе им ги даде од благословениот брак, да бидат воспитувани и крстени во светата Православна Црква
Во таков случај се извршува света Тајна брак меѓу православен и римокатолик.
Од горе наведеното се подразбира дека не може да се изврши венчание според римокатолички обред и православен.
Поздрав,
Госпот да ви дарува секое добро.