Одговара: Презвитер Ивица Тодоров
ПРАШАЊЕ: Би сакал да знам кое е толкувањето на црквата за делот од Новиот завет каде што е дадена параболата за работниците: Едни работеле цел ден, едни помалку, а едни само неколку саати . . . а на крај добле иста награда.
1. Божјата мерка најчесто е сосем различна од човечката. Затоа Христос вели: Зар немам право да чинам со своето, што сакам? Или ти е окото завидливо (завист - најголем грев, причина за гордоста, кога завидуваме ние нељубовно се споредуваме со другите и секогаш си угодуваме на нашето его - лажно, опрелестено доживување на тоа што сме) оти сум добар? (Матеј. 20, 15)
2. Божјата воља е “сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината (1. Тим. 2, 4), па затоа не е воопшто битно кој во кој период од животот ќе тргне по патот на спасението, дали помлад или повозрасен, Господ на сите им ветува иста награда - спасене и живот вечен во Царството. Само гордиот, завидлив, суетлив егоиста не се радува на доброто и спасението на ближниот, а всушност, односот кон ближните ќе биде показателот за тоа дали ние сме навистина наследници на Царството и спасението или на проклетството . И затоа Христос вели: Така ќе бидат последните први, а првите - последни; зашто мнозина се повикани, а малцина израни. (Матеј. 20, 16) “