На денот кога Светата Црква го празнува споменот на св. великомаченик Пантелејмон и св. Климент Охридски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан во сослужение на деканот на Богословскиот факултет, д-р Ацо Гиревски и свештенството од Скопска епархија, отслужи Божествена Литургија во манастирот посветен на свети Пантелејмон во населбата Нерези во Скопје.
Верниот народ се причесто со Светите Тајни Христови.
Во пригодната беседа по повод денешниот празник, Архиепископот Г.Г. Стефан говореше за силната духовна поврзаност помеѓу денешните светители и славните Седмочисленици( цврсти столбови на Црквата наша македонска и боговдахновени заштитници на нашиот збор).
Друго:
Г-ѓа Тодоровска Савка го превзеде кумството за наредната година, со желба и во идната година, под закрила св. Пантелејмон, да се одбележи торжествено како и оваа година, празникот на светителот.
с
Од Православниот календар - Св.вмч. Пантелејмон и св. Климент, Архиепископ Охридски
Посети:{moshits}