логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 5 април 2012 год. 

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

Велигденски духовен концерт

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

„На 5ти април 2012 година, во Универзална сала во Скопје,  се одржа Велигденски духовен концерт во чест и спомен на спасителните Христови страдања и Неговото сеславно Воскресение. На концертот, организиран од страна на  Бигорски манастир и неговите пријатели, беа изведени неколку карактеристични песнопенија од богослужбите на Страсната седмица, како и воскресниот тропар. „Твојата свадбена одаја ја гледам украсена...“, делови од трите великопеточни Статии на оплакувањето Христово, меѓусебно проткаени со читања на трогателни стихири од Посниот Триод, се дел од содржината на концертот. Токму затоа овој музички настан е поставен непосредно пред почетокот на Страсната седмица.

Veligden.koncert.jpg

Мошне значајно за овој концерт е тоа што за прв пат во историјата на македонската музика е направена оркестрација на древни источно-православни напеви, од страна на нашиот еминентен композитор и професор, г. Живојин Глишиќ, кој на ова дело работеше подолг временски период. Во изведбата на познатите мелодии, земаа учество Македонската филхармонија, нашиот познат поп-пејач Ламбе Алабаковски, монахињата Касијана од манастирот во Рајчица и хорот при Македонската православна богословија. Бигорскиот манастир, заедно со своите соработници, го посветува овој концерт на својата Мајка Црква - славната и најсвета Охридска Архиепископија, честитајќи ѝ го нејзиниот 45-годишен јубилеј: возобновувањето на нејзината автокефалност во лицето на МПЦ. (МИА)

Veligden.koncert.jpg

Македонската православна црква со Христовиот народ во полна сила се собрала да го слави Христа Човекољубецот. Прекрасен подарок за Цветници. Но како што доликува, поединечно да дадеме придонес со внедрување на одпеаните и чуени Слова. А Словата зборуваат за Христовите страдања. Често слушаме – ах, тие луѓе од тие времиња го распнаа Христа.
Но дали со тоа го сместуваме Христа во историја?
Зар денес Човекољубецот Бог не е сèуште на Дрвото над нас?
Му се обраќаме со прозби – дај  ова, дај она. А Тој ги раширил рацете и ме чека да ме гушне во љубовна прегратка. А нели љубовта е најпрво давање. Но како што велиме – на човек можеш со сила да му земеш, но со сила не можеш да му дадеш. Сум го стегнал клучот на моето срце во рака и не пуштам.

Нели Великиот пост почна со параболата за митарот и фарисејот? (Ратислав Кардалев)

 Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

 Veligden.koncert.jpg

 Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

 Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

Veligden.koncert.jpg

  • Преминпортал
  • Ратислав Кардалев

  Византиско Пеење - Ламбе Алабаковски - Концерт - 01

  Византиско Пеење - Ламбе Алабаковски - Концерт - 02

Византиско Пеење - Ламбе Алабаковски - Концерт - 03

 Византиско Пеење - Ламбе Алабаковски - Концерт - 04

 Византиско Пеење - Ламбе Алабаковски - Концерт - 05

 Византиско Пеење - Ламбе Алабаковски - Концерт - 06


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1915
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 2222
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 2095
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Православен календар

 

26/07/2024 - петок

+Св. Архангел Гавриил; Св. Јулијан, епископ Кеномански во Галија; Преп. Стефан Саваит; Преподобна Сара Мисирска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Жив е Господ и жива си ти света Ефимио,која не го остави стадото Христово,не само што за гревот на ближниот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная