логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


o.Zoran.Stamenkovic.jpgПокајание
Како е Господ милосрден и полн со љубов.Он е подготвен да на сите нас ни прости,и стрпливо го чека нашето обраќање, нашето искрено покајание. Не гледа Тој на многуте подвизи, туку на искреното покајание.Не не убиват нас многуте гревови и нивната тежина, туку недостатокот на покајание.Не убива нас тоа што го одложуваме покајанието.Ете поради тоа се срди Господ.
Господ сака сите да се спасат, и да добијат вечно блаженство, а ние сме упорни во своите гревови, и во поглед на покајанието гледаме преку прсти. 3 л а       силата на разни начини не одвлекува од покајанието, но најчесто покајанието се запоставува поради немарност и лажен срам.
Отворѕно кажано, срамот и стравот треба да ги чувствуваме додека грешиме,а гревот кога е веќе направен, треба да го откриеме и исповедаме,бидејќи тој порано или подоцна ќе се открие, ако не во овој тогаш во идниот живот. а тоа ќе биде страшно и срамно,не поради самиот грев колку поради неговото криење.

Да се биде грешник е оудбина на сите.Нема човек без грев, само Бог е безгрешен.Дури и кога не греши со дела, човекот    греши со зборови, а ако не со зборови тогаш со мислите.  Зачнуваме во безаконие и се раѓаме во грев, затоа по  својата природа сме растргнувани, затоа сме слаби, немоќни, подложни сме на секакво зло, на секаков грев затоа не треба да се срамиме туку да се покаеме.
Најстрашно е кога човекот не чувствува потреба за покајание, мислејќи за себеси дека е праведен и дека ќе се спаси без покајание. Колку праведно и свето да сме живееле , не може воопшто да не грешиме додека живееме во тело и затоа треба секогаш да го чуваме чувството на покајание. Господ не влегува во срцето на човекот, се додека не се очисти со покајание.
Обично човек се обидува да го намали својот грев, и го представи помажу   достоен за осуда, отколку што тој вистински е, со тоа ја уништува својата душа.Гревот е единствено нешто што не одалечува од Бога, и не оградува нас од Неговата љубов.  Господ го мрази гревот и го отргнува своето лице од секој оној кој го прави.Он бара и од нас христијаните, да живееме свет живот и да Го почитуваме во се.Ппокајанието е темел на нашето спасение., затоа не треба да го запоставиме. Светата тајна покајание е бања во која грешникот се измива за небо.При крштевање ние се раѓаме со вода и светиот д у х, а при покајанието повторно се раѓаме со солзи и светиот дух.Покајанието е свртување кон доброто, тоа е почеток кон свет и непорочен живот.Кој има вера и вистинско,искрено п0кајание, значи дека има решителност да го напушти гревот,и во него обитава благодатта на Господ наш  Исус Христос, кој ги очистува гревовите, преку духовниот пастир.

Преподобен Ефрем Сирин вели: покајанието е огин, кој прима во себе бакар и го претвора во злато, зима    олово и го претвара во сребро.Оваа света тајна го одсекува од човекот грешниот дел од неговата душа. Со тоА  се брише минатото, и она што е за човекот полошо и од самиот грев-тоа е очајанието.
И така милостивиот Господ го простува  гревот доколку се покаеме.Затоа не треба да очај уваме, не треба да се срамиме од исповедување на своите гревови ниту пак да ги омаловажуваме, туку треба со солзи, искрено  да ги исповедаме и Господ ќе прости.
Оној кој сака да пристапи кон светата тајна покајание и исповест и светата тајна п р и ч е с т,с е припрема со пост и молитва.Покајанието за своите гревово го принесуваме пред својот свештеник, усмено или на лист хартија ако покајникот е глувонем или од некои други причши.Преку свештеникот покајникот  добива опростување на гревовите.Понекогаш свештеникот наложува епитимија, всушност казна(л е к ) за големите гревови.Најважен дел од светата тајна е кога свештеникот ја чита разрешителната молитва, кога крајот од епитрахилот го положува на главата на покајнжот. Сите ние би сакале да се спасиме, но малку кој се грижи за своето спасение.Сите сакаат во рај, но на мнозина им е тешко да се потрудат да донесат добри плодови за своето спасение.

Поради тоа п не се движиме напред.Малку кој брзо израснува духовно, желбата за спасение кај мнозие на останува само желба, останува само на зборови. Секој знае да патот кој води до спасение е тесен, трновит и тежок, а да широкиот пат на угодување на своите грешни желби води во пропаст.Но луѓето тоа лесно го заборааваат.Гревот е сладок и привлечен, и сите му се предаваат без многу размислување,не мислејќи на последици.А секој од нас знае какви се последиците од гревот во овој живот: грижи ,  болести, и разни невољи.Во идниот живот, душата поради непокајанието на гревовите ќе се најде во пекол. Амин.
Лето Господово 19-11-2003.   

 протојереј Зоран Стаменковиќ

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1978
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 2275
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 2149
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Православен календар

 

07/07/2024 -среда

Света Ана; Света Олимпијада, ѓакониса; Преподобната девица Евпраксија; Спомен на Петтиот Вселенски Собор;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство,каде што...

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Верата твоја света Христино,помести тројца мачители, како три планини обременети,телото кое во парчиња човечката злоба го раздроби,Животот него ќе го...

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Маченици свети Христови,вие браќа по вера постанавте,напоени и закрилени од благодатта,мачењата за ништо не ги сметавте,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная