логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Carig.sv.Petar.Bogr.jpg

V. "И ПРОСТИ НИ ГИ ДОЛГОВИТЕ НАШИ, КАКО ШТО ИМ ГИ ПРО-ШТЕВАМЕ И НИЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ"
— е петтата прозба.

 

Во семитските, односно источно-азиските јазици, а и во духот на грчкиот јазик, гревовите обично се нарекуваат долгови пред Бога. Зошто? Затоа што ние сме вечни должници пред Бога и не можеме целосно даго заслужиме простувањето на гревовите наши. Ние добиваме прошка за нашите гревови, ако се покаеме и ако се исповедаме, но тоа простување го добиваме не по наша заслуга, туку по наше залагање (покајание и исповед) и по Божја милост. Бог им проштева на луѓето поради Неговото големо милосрдие и човекољубие.

Така, под поимот "долгови" разбираме гревови, бидејќи нашите гревови се долгови пред Бога. Како тоа? Еве како: Ние треба да го извршуваме Божјиот закон, а, ако тоа не го правиме, значи не сме го направиле она што требало да го направиме и така остануваме должни пред Бога. Затоа, секој наш грев е долг пред Бога, бидејќи гревот е нарушување на Божјиот закон, односно гревот е беззаконие.

Гревовите се наречени долгови затоа што и за долговите и за гревовите се бара отплата — оддолжување. Се обраќаме кон Бога за простување на гревовите, затоа што единствено само Он простува гревови (Псал. 31,5; Лука 5,22; Матеј 18,22; 7,11).

Бидејќи не можеме да се оддолжиме, ние се молиме со надеж дека Бог ќе ни ги прости нашите гревови (Матеј 18,23-34). Но, за да ни ги прости Бог гревовите наши, треба и ние да им простиме на нашите ближни кои ни згрешиле, инаку, немаме право да бараме Бог да биде кон нас милостив и добар, ако ние кон луѓето сме немилостиви и лоши (Јаков 2,13). Затоа Господ Исус Христос рекол: "Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен, ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите" (Матеј 6,14-15 и 18,35). И уште вели: "Проштавајте и ќе ви биде простено" (Лука 6,37).

Зборовите "и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници", бараат од нас да не бидеме никогаш во непријателство со луѓето и да немаме зло-памтливост. Со секого да живееме во љубов и да проштеваме за да ни биде простено и нам. Значи, прво да се измириме со нашите непријатели, па потоа на Бога да Му се молиме (Матеј 5,23-24).

Свети Кипријан вели: "Бог заповеда во Неговиот дом да живеат само мирните, сложните и еднодушните, а оној што е во непријателство, во кавга и несогласност, кој нема мир со својот брат, тој и смрт да претрпи за Христовото име, сепак ќе остане виновен за непријателството кон својот брат."
Во Светото Писмо е кажано: "Секој што го мрази братот свој е човекоубиец" (1. Јов. 3,15; 1. Кор. 13,3). А човекоубиец не може да влезе во царството небесно, ниту да живее со Бога. Не може да биде пријател со Христа оној, кој сака да биде повеќе пријател со Јуда и со Каина.
Ако, пак, оној што се гневи на нас не е расположен да се измири со нас, тогаш треба ние да се измириме со него во срцето наше и да правиме се за да завладее љубов меѓу нас.
Исто така, ако човекот со кого сакаме да се измириме е некаде подалеку, ние треба измирувањето да го направиме во нашата душа, а тоа значи гневот и омразата да ги исфрлиме од нас и да внесеме љубов во срцето, па потоа, штом ќе се сретнеме со човекот, да ги вратиме добрите односи и пријателството меѓу нас.
Ако, пак, напразно (формално) ги изговараме зборовите: "како што им ги проштеваме и ние на нашите должници", тогаш, самите ние, место милост, бараме осуда од Бога (Свети Касијан).

Светите отци велат, "ако не другпат, бездруго прости му на твојот брат барем кога бара пршка од тебе." Ќе речеш, па тој се преправа, дволичи, лицемери и не доаѓа искрено да бара прошка. Е, не е така. Ти сакаш да се оправдаш и да станеш судија на туѓите срца и мисли! Можеш ли ти да ги знаеш и да ги искажеш мислите на твојот татко или на твојата мајка, на твоите пријатели и блиски? Не! Ти не можеш дури и твоите сопствени мисли од вчера да ги кажеш денес, а од каде знаеш што мислат другите? Затоа, некој, ако моли за простување, прости му целосно. Не му простиш ли, Бог ќе му прости, а ти не си му наштетил нему, туку себе си. Тој ќе отиде кај Господа, кај твојот и негов Бог и ќе Му рече: "Владико, Господи, побарав прошка, но не сакаше да ми прости затоа, Те молам, Боже, прости ми Ти"; и конечно ќе добие прошка. И така тој ќе си отиде од Господа разрешен, а ти ќе останеш неразрешен од гревовите. Зошто неразрешен? Затоа што, кога ќе ја кажуваш молитвата "Оче наш" и ќе ги изговараш зборовите "и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници", Господ ќе ти одговори и ќе ти рече: "Лукави слуго, јас ти го простив целиот долг, зашто Ми се молеше, не требаше ли и ти да се смилиш над својот другар?" (Матеј 18,32-33).

Ова се зборови од Евангелието, а не од нашето срце и ум. Но, ако му простиш на оној што ти згрешил, слободно можеш да ја изговориш мислата "Оче наш" (Блажени Августин).

Ако простиш, ќе ти биде простено и тебе. Самиот ти си судија на себе си. И најжестокиот твој непријател не може да ти направи толку зло, колку што си правиш самиот себеси, ако не му простиш на непријателот, односно на оној што ти згрешил. Тој може да ти направил нешто лошо на нивата, на стоката, на куќата, на твоите деца или на твојата жена или на твоето тело, а ти, ако не му простиш, си правиш лошо на својата душа.
"Затоа ве молам, браќа мои, проштевајте си меѓу себе. И не велете дека тоа не е можно, јас знам и сум видел христијани кои ги сакаат своите непријатели," вели Блажени Августин.

Свети Стефан кога бил каменуван, клекнал на колена и се молел за оние што го убиле, велејќи: Тосподи, не примај им го ова за грев!" (Дела 7,60). Ете, тие фрлале камења врз него и не барале проштевање, а тој им простил и се молел за нив!
Со зборовите "како што им ги проштеваме и ние на нашите должници" ние со Бога правиме договор и Го молиме да ни ги "прости гревовите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници".

— Ти им проштеваш на другите затоа што имаш потреба, затоа што треба и тебе Бог да ти прости, а Бог проштева, иако нема таква потреба, како што имаш ти. Ти му проштеваш на братот свој, на еднаков со тебе, а Бог му проштева на човекот, на слугата Божји. Ти си полн со гревови, а Бог е безгрешен. Он може да ти ги прости сите твои гревови и кога ти не би му простил на ближниот, но Он сака да те поучи, да те воспита во кротост и човекољубие, да го прогони од тебе ѕверството, да го згасне гневот во тебе и да всади љубов (Свети Јован Златоуст).
Бог сака да не воспита да бидеме кротки кон виновниците и незлопамтиви кон оние што ни згрешиле.

Колкупати треба да му простиме на ближниот? Ова прашање го поставил Светиот апостол Петар пред Господа Исуса Христа и во одговор Спасителот му рекол: "До седумдесетпати по седум" (Матеј 18,22), а тоа значи безброј пати. Оти Светиот апостол Јован Богослов вели: "Секој што го мрази братот свој, е човекоубиец" (1. Јов. 3,15).

Во житието на Свети Јован Милостив има еден ваков пример: Во Александрија живеел некој богат човек, кого Свети Јован Милостив, го советувал да им прости на своите непријатели, а тој не сакал тоа да го направи. Еднаш, Свети Јован го повикал в црква на литургија и овој дошол. Во црквата немало други луѓе. Богослужел патријархот Јован, а на певницата имало еден псалт покрај кого застанал и богатиот човек да му помага во пеењето. Кога почнале да ја кажуваат молитвата "Оче наш", штом стигнале до зборовите "лебот наш насушен дај ни го денес", Свети Јован одеднаш замолчел, а со знак му наредил и на псалтот да престане и богатиот човек сам ги изговорил зборовите: "И прости ни ги долговите наши како што им ги проштеваме и ние на нашите должници". Тогаш Свети Јован Милостив се обратил кон него и му рекол: "Гледаш синко, во каков страшен час што му велиш ти на Бога? Му велиш: Прости ми, како што и јас проштевам. Ја зборуваш ли вистината? Проштеваш ли ти?" Овие зборови го поразиле непослушниот и со солзи паднал пред нозете на архипастирот, па истиот ден се помирил со непријателите и од срце им простил.
Светите отци ни велат: Победени од раздразнувањата, вие како луѓе, можете и да се разгневите, но немојте да грешите држејќи го гневот во себе, туку проштевајте си еден на друг (Псалм 4,4).

Зборовите "И прости ни ги долговите наши како..." секојдневно не потсетуваат на нашите гревови, а нема човек без грев.
"Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас," вели Свети Јован Богослов (1. Јов. 1,8). А Светиот апостол Павле и по сите свои подвизи рекол: "дека Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас" (1. Тим. 1,15). И не рекол "бев", туку "сум", а со тоа сакал да каже дека тој постојано си спомнувал за своите гревови и се каел за нив.
Затоа Свети Јован Златоуст вели: "Никој од вас да не се смета себеси за праведен, па да смета дека нема потреба да ги изговара зборовите 'и прости ни ги долговите наши...' Таков 'праведник' нема меѓу луѓето на земјата."
Занимливо е мислењето на Свети Тихон Задонски, кој вели дека со зборовите "и прости ни ги долговите наши", Господ не учи да се молиме не само за себе, туку и еден за друг и да бараме прошка за гревовите еден за ДРУ".

А Свети Григориј Ниски вели: "Погрижи се да живееш така, за да можеш на Бога да Му речеш: ова што го направив јас, направи го и Ти. Јас направив мало човекољубие, зашто поголемо не може да се смести во мојата природа, а Ти искажи ја сета Своја дарежливост и прости ми ги гревовите."
Зошто од Господа бараме Он да ни ги прости гревовите? Спасителот не учи да бараме прошка за гревовите што ја притискаат и ја оптоваруваат нашата совест. Христијанинот мора да биде свесен за своите гревови и пред Бога и пред луѓето, и секогаш да се моли и да го оттргнува товарот на гревот од себеси. Ние се обраќаме кон Бога за простување на нашите гревови, затоа што единствено Он има право да простува гревови (Псал. 31,5; Лука. 5,22; Матеј 18,22; 7,11). Обраќајќи се кон Бога ние се молиме да ни ги прости гревовите, затоа што и ние му проштеваме на нашиот брат 70 пати по 7. И уште се молиме да ни прости не само нам, туку и на оние што ни згрешиле, та да не ги остава и нив во гревот. Затоа Светите отци велеле: "Оној што сака Бог да му ја услиши молитвата, тој, кога ќе застане пред Бога и ќе ги испружи своите раце кон Него, најнапред, уште пред да ја почне молитвата за својата душа, треба од се срце да се помоли за своите непријатели."

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.Oce.nash.jpg
Автор: протоѓакон Ратомир Грозданоски - „Господовата молитва“
Издавач: “Магнат”- Скопје
Со благослов на Архепископот  Охридски и Македонски г.г.  Михаил

ПРЕДГОВОР

Возљубени браќа и сестри,
Голема е тајната и силата на Господовата молитва. Во толку кратка молитва, со малку зборови, содржана и искажана е голема духовна сила на молението.
Ако Бог е Отец на христијаните, тогаш тие не смеат молитвено да Го повикуваат преку молитвата "Оче наш" и Отец да Го нарекуваат, ниту Господовата молитва да ја кажуваат додека не се покаат и не се очистат од гревовите свои, оти така заповедал Свети апостол Павле и рекол: "Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!" (2. Тим. 2,19).
Како можеш да Му речеш на Бога "Оче наш," а живееш недостојно, сиот си во гревови и со својот карактер си станал ѓаволоподобен?
Оние, кои Бога Го нарекуваат Отец и кои се молат со "Оче наш" треба да бидат синови Божји, а синот треба да личи на отецот, треба да биде богоподобен во се: во своите мисли, во своите зборови, во своите чувства и во своите дела.
Ако си грешел, пак, брзо покај се и исповедај ги гревовите свои!
Направи и ти како што направил блудниот и непослушен син (Лука 15, 11-32). Погледни кон себе си и во себе си, согледај го гревот свој и обрати се — врати се кај Бога Отецот, па појди в црква кај свештеникот и пред него и пред лицето Божјо со смирение и покајание признај го и исповедај го својот грев, велејќи: — Оче згрешив против небото и пред Тебе и не сум веќе достоен да се наречам Твој син, но прими ме, оти се каам... (Лука 15,18-19). Тогаш Бог ќе ти прости и ќе те прими со радост.
И дури потоа заедно со сите христијани ќе можеш достојно да ја кажуваш молитвата "Оче наш" и Бога да Го нарекуваш твој Отец, а луѓето да ги чувствуваш како свои браќа. Така ќе имаш во себе вистинско богољубие и човекољубие, а тие се двете најголеми заповеди врз кои се темели целиот Закон и Пророците и преку кои се спасува човекот (Матеј
22,37-40).
Авторот.
 

Друго:

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2031
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2552
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная