логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Маја Белева

 И така, ако вие со Христа умревте за световните стихии, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот: не се фаќај, не вкусувај, не пипај! ( Кол. 2, 20-21)


 Ова е едно мое доживување на белината, а воедно и на благодатта. Бев слушала многу од постари верни за благодатта, како во изобилство го исполнува човекот во почетокот на неговиот духовен развој. Бев слушала за нивните лични доживувања кога се подготвувале да одат да посетат некој манaстир и за поминот таму. Колку недостижни беа тие отци монаси и монахињи за кои зборуваа. По таквите разговори целото мое битие посакуваше да ги види и запознае.


Опис на фотографија:
Белина. Смирени женски ликови во долги бели хитони. Сите подготвени да го примат монашкиот потстриг. Нивните коси допираат речиси до земи. Наоколу снег. Во тој миг помалку несвесно како да ми се споија во душата сите дотогаш прочитани приказни за прицезите и самовилите. Си реков да тоа е тоа, ете го добив одговорот. Значи тие сепак, постојат. Тоа беше само во тој момент. А потоа разбрав колку е величествено да се откажеш од она што ги нуди светот. Немора да се мажиш/жениш и да живееш според наметнатите стреотипи од кои ти се крева косата на главата и тоа не е најглавната претпоставка на твоето живеење. Слобода. Оковите паднаа. Излезот постои.

 Потоа, следеа многу патувања и тие запознавања, за кои претходно копнеев, се остварија, а сето тоа откровение толку важно во мојот живот е поврзано со белината.  Еве зошто?

 Ќе зборувам за едно време на крајот од годината. Божиќниот пост беше во тек. Случувањата однадвор беа едноставни. Единствената разлика беше таа, што наутро и навечер читав молитви пред божницата и се поучував во т.н. духовен живот, имено веќе имав и духовник. Не помислував дека толку неочекувано и толку радосно ќе ја доживеам благодатта како тоа утро кое ќе го задржам засекогаш во своето паметење. Беше паднал првиот снег таа зима, тоа утро. Чуството го паметам. Се израдував како дете. Зарем толку да се израдувам на еден обичен факт како прв снег? Но, полека ми стана јасно дека милоста Божја се изли над нас тоа особено утро. Се слеаа милоста, благодатта и снегот. Тогаш ми се отвори и душата за поимањето на Бога како Отец, како татко Кој ги љуби своите чеда. Мојата соба стана толку топла и исполнета со сребреникава светлина, што и душата започна да ми се затоплува. Ја зедов книгата и ги читав Поуките од Старец Силуан.


 
Рез:
Овој амбиент ме наведува да проговорам за семејството. Од моите родители кои како и секој викенд си се стишале по своите ќошиња, се наслушнуваат само сигнали. Можеби ќе се видиме за ручек, само што нивното јадење нема да биде посно.... А јас си го минувам времето сеќавајќи се на познатите дизниеви јунаци Том и Џери. Шупливото сирење во кое Џери се сокрива од Том наликува на моето шупливо срце. Во него непосно Џери ја одигрува својата балетска точка, под притисок на Том. Бабата пак, таа е единствениот возрасен што се појавува во таа куќа, но, неа í се гледааат само нозете со закрпените чорапи на петиците. Во неа нема ронка љубов, ниту некаква педагогија. Таа го решава  конфликтот преку насилно исфрлање на оној кој ги предизвикува бељите. Всушност семјество и нема, останале само страстите.... Том и Џери се персонифицирани страсти и ништо повеќе, се разбира во некоја варијанта која би требало да изгледа хумористична. Страст се бори со друга страст и сега која ќе претегне. И децата сето тоа треба како да се нешто криви да го примаат тоа и дури да се смеат. А да не зборувам за цртаните филмови од понов датум,  кои денес сè повеќе виреат на ТВ. Како на пример ”Девојките шпионки”, ”Семејството на Адам” и други. Познато е дека во нашите градинки децата се ”образуваат” гледајќи телевизиски канали со цртани филмови како што е ”Бумеранг”.

 Да продолжам за снегот. Од она мое изненадување со првиот снег, почнав да го доживувам као милост Божја. И понанаму ја доживував благодатта преку снегот. Како да сакаше Господ преку тој контраст на ладниот снег и топлината на благодатта, да ме утеши во тогашната мојата лудост и неразбирање, трчање за ништо. Ситните снегулки искреа допирaјќи ги најразличните површини наоколу паѓајќи, a притоа и моето палто, моето лице, глава. Го доживеав ситниот снежец како порака. Неможев тогаш да разберам што значи ближниот за мене, се мачев долго, долго....Тогаш плачев, но, утехата ја чуствувам дури сега. Сета земја тогаш беше покриена со тенок сребреникав снежен слој и вистинскиот зимски снег сеуште се навестуваше. Барем таа зима. Потоа, го читав житието на Свети Серафим Саровски и случката со неговиот ученик Мотовилов и сето тоа доживување го преточив во една моја аматерска илустрација на Преподобниот.


 Импресии: Филмовите на Тарковски се, може да се каже, едно виртуозно музичко и сликовно дело за потсвеста на човекот (особено филмот ”Соларис”). Дело за маката на возрастувањето, она вистинското, здравото, во Бога. Сите ние сме понекогаш сеуште (доволно често) малечки деца во скутовите на своите родители. Тие пак, можат или да нí помогнат да пораснеме или упорно да нè попречуваат во тоа. Филмовите на Тарковски се филмска слика за душата,  преку  која е претставена  паднатата човечка  природа како се бори да се очисти до сјајот на нејзината првосоздадена убавина.  Очигледна е сличноста со Библијата на оваа филмска миметичка слика, притоа, со задржување на сите главни изворишта податни за уметничко обликување. Архетипските компоненти на душата тука, се навестени преку сликата на музикалното одлевање/течење на водите (во повеќето филмови) и нивниот толку моќен архетипски звук, а пак, сликата на создавањето на светот чинам, преку бескрајноto мирно лелеење на водата, која минувајќи, течејќи и слевјќи се, во секоја стотинка од кадарот понатаму...преку длабочината на зеленилото, тивката пенливост и рефлективното понирање и одблеснување ја навестува творечката моќ на исто толку, ако не и безмерно повеќе убавиот нејзин Творец. Тоа не е некоја многу длабока вода кај Тарковски, тоа се кристално проѕирни поточе или рекичка исполнети со најразлични дребулии, зелени и кафеави листови, како и уметнички неидентификувани ефемерни делови кои нежно брановидно треперат.

Во филмот ”Сталкер” пак, човекот е прикажан во еден речиси ренесансно величенствен модус, (секако овојпат е мошне очебијно  присутно и страдањето и радостотворната тага)  како лежи во водата (таа пак сега ја отсликува неговата духовна состојба),  и е во некоја интимна врска со неа, и секој негов дел е пласитчно потенциран, преку тоа рефлектирање и оцртување со неа, извирање од неа. Сè е ладно и поразително промрзнувачки, дури и грдо и нечисто. А, сите тие урнатини и пустелии  што ги има наоколу ја симболизираат внатрешната состојба на паднатото човештвото. Мене тоа најмногу ми наликува на фреска на паднатиот човекот во боготрагање.

 Ние како бегалци од градот, сакајќи да ја избегнеме сета онаа бркотница и метеж околу прославувањето на ”новата година”, се упативме во манастирот Свети Архангел Михаил во Прилеп. Тој оддалеку се забележува како да е врежан во карпите. Самиот приод до него, ако се оди пеш е многу величествен. Најпрво Варош, а потоа следи патчето кое води кон манастирот и е украсено со расфрлани карпи наоколу, кои ја навестуваат убавината на Марковите кули. Самиот пак манастир е вистинско чудо на убавината. Литургијата тогаш се одвиваше во најголемата просторија на конакот и изобилува со многу порзорци, во стилот на старата македонска градба. Уште кога свештеникот ја започна вечерната служба, тивкиот снежец почна да се излева од наведнатите облаци. Големиот чадрак околу кого е концентрично поставен целиот конак, нí го откриваше погледот кон бескрајно разлеаното Прилепско поле, кое полека започна да белее. Глетката која постепено се исцртуваше низ тој поглед го одземаше здивот. Се стопија во едно боите на  квечерината на таа ноќ на бдението, мирисот на зимата и излевањето на снегот. Сите кои бевме таму чуствувавме особена молитвена извишеност, можеби од самиот факт на неприпаѓање на светот, исчекорување надвор од насилно зацртаните граници на поимање. Ми се чини бевме толку тивки, бело-сребреникави и радосни, како снегот кој надвор се ронеше изобилно. Бевме толку неземно присутни и прозрачни, во топол молитвен пламен.
Некаде околу полноќ литургијата беше на средина, а белината и дебелината на снежниот навев го достигна својот најголем интезитет на убавината изгледајќи како едно големо бело огледало на небото, во согласие со изгледот на полето.   На тоа бдение во таа ладна зимска ноќ, во манастирот во Варош, снегот и благодатта не се штедеа да ги утешат нашите жедни души и покрај тоа што телата нí трепереа од големиот студ.
Ој, бело поле Прилепско, со белината врежано во мојата душа, таа ноќ, низ белите снегулкави точки од бисери благодатни, залог си за  милоста на Бога кон нас бедните луѓе!!!!!


Споредба: Филмот "Носталгија" од Тарковски зборува за тоа колку човекот е вусшност кревок. Колку неизмерно многу му е потребно духовното раководстство, да не се изгуби во големините на светов. Зборува за тоа колку малку нè дели од правилното поимање и живеење на верата од лудилото. Колку во него се искрено прикажани меѓучовечките односи, особено помеѓу една жена поклоничка на својот непреобразен ерос и еден човек кој е многу кревок навидум, но внатре во себе се чини морално непобедлив. ”Носталгија” зборува на длабок филмски јазик, колку е потребно да се разоткрива човековата совест и потсвест и колку многу е јака и функционира беспрекорно интуицијата во најпотребните, пресудни моменти во животот на човекот, особено кај оние луѓе кои го имаат поставено својот живот на здрави духовни основи. Како кога царува духовното се бришат видливите граници и надворешниот видлив свет се сведува на символ или корупка.
Сепак, на крајот повторно, пораката е дека човекот е многу кревок и потребно му е видливо сведоштво на неговата вера. Поразително таговна и вистинита е крајната сцена која се одигрува во манастирот, кога ”носталгичниот” се враќа три пати да го изоди патот со запалената свеќа.  Пораката е всушност дека не треба се поигруваме со својот живот кој  нí е дар, туку дека треба секој момент да го користиме за да ги чиниме добро, најдобро што можеме, нештата кои ни се доверени. На крајот главниот јунак умира, откако ќе го стори единственото можно во тој момент, со кое ќе се постави над темните облаци кои го наткрилуваат светот, и кое можеби му преостанува за да ја победи носталгијата која го пробола зсекогаш неговото битие.


Пресврт:
Нашите родители неможат да не разберат зошто одеднаш вака чудно почнавме да се однесуваме. Зошто не сме повеќе нивните мали маскоти со кои тие насекаде само се фалеа. Зошто станавме толку непоколебливи и се опираме на медиумски промовираниот начин на живот. Неможат да разберат зошто ”умревме и нашиот живот е сокриен во Христа” (Кол. 3, 3). Неможат да разберат одкаде пак таа жед за духовното. Ним сосем им е во ред овој свет. Си го тераат социјалистичкот принцип и воглавном ќеифот. Немаат намера да се променат. За таквите обично се вели: после мене потоп! Сите нивни дела и постапки треба да се сфатат најсериозно и со најголема почит, а тие самите пак не должат ништо. Од ништо во ништо. Празнотија и ладнотија.

 Затоа и снегот е потопол од таквиот живот и ставови.


Антистрофа:
Денес луѓето најчесто се трудат својата потреба за неминливост да ја задоволат најчесто со снимање на своите семејни свечености со видео камери, притоа правејќи се себеси небаре се холивудски ѕвезди, а фото-апаратите речиси се присутни секаде и во секоја прилика. Порано луѓето имале по-ословесени ставови во целина, се разбира ако биле воцрковени, па така и кон сликањето или фотографирањето. Сето тоа се правело смирено и со некој повозвишен смисол. Луѓето денес како да заборавиле колку е важен стремежот кон вечноста преку украсувањето на внатрешниот човек, па целосно се завртиле кон надворешноста.

Тие особено тешки години од животот јас се утешував во текот на целата година со онаа божиќна радост и милост на снегот која ми се откри. Знам дека со ништо не ја бев заслужила. Годините си минаа часкум, а јас незнаев  дали е Божиќ или Великден. Тоа време кога благодатта нí се дава дарум, во сеќавањето го доживувам како боите Христовата икона: сината и црвената. Навистина имаа право постарите верни за почетничката благодат. Потоа доаѓа периодот во кој духовниот труд функционира поинаку.


Бело езеро:
во ова писание за белината и благодатта одговара и атрибутот кој најчесто му се додава на Охридското езеро. Уште во пределите ко водат накај езерото се насетува некаква бела светлина која  ја навестува, така да кажам, грандиозната белина од благодат присутна крај езерото. Сî околу езерото и околните манастири се капе во таа бела светлина. Кога првиот пат го посетив Охрид и зачекорив во Црквите и манастирите, носев со себе фотоапарат. Моите пријатели ми беа водичи и одлично се снаоѓаа во таа улога. Јас пак сакав сите нив во тој волшебен амбиент да ги фотографирам. Се зачудив што на некои од нив тоа им беше дури и пријатно. Фотогафиите и ден денес ми нудат прекрасни спомени. Мислам дека и тие имаат дел од нив.

Господ ме утешуваше, кога сеуште талкав како изгубено и распојасано сираче дошепнувајќи ми ги во внатрешноста сеќавањата на моето осаменичко детство. За зимските ноќи кои беа преисполнети со снежни навеви. Тогаш сакав да си легнувам на каучот во кујната затоа што беше сместен под прозорецот. Да, и тогаш неизбежната улична светлика ми го откриваше тој прекрасен бескраен снежен бел свет. Не можам да определам дали ги следев аглите под кои ветрот го расфрлаше наносот од снег или пак бев маѓепсана од неизмерниот број на ситните снегулки. Сепак го чуствував тој момент, таа средба со нив преку прозорецот како мошне присна, блиска, како шепотење. Како говор кој мене ми е упатен. И така моето ранливо детско срце се утешуваше, исто како што и сеќавањето на тоа сега ме утешуваше.

Имаше пак, некои периоди во мојот живот кога духовната борба достигнувше некаква крајна граница и одмерувањата мораа да започнат со оние кои нí нанесуваа најмногу болка. Милоста Божја ја чуствував постојано, а однадвор тоа изгледаше така бледникаво и неимпозантно. Единствените украсени божиќни елки за кои знаев тогаш беа светликавите елки од лампиони  низ осамениот град, а за време на велигденските празници трошните црвени јајца го красеа само фрижидерот.


Паралела: Господ ме поучи и со осознавњето на тоа дека бракот може вистински љубовно да функционира само ако е крунисан со венчание во Црква.  Само така заедницата помеѓу двајца луѓе не ќе постане заеднички пекол. Само преку живеењето на маченичкот етос, бракот се осветува и станува благословен.

Ниските зимски температури носат и позитивни работи. Напати првиот поглед по будењето нí го разубавува со смрзнати шари украсениот прозор. Ако добро си ги прочитаме утринските молитви, целиот ден нí минува проткаен со таа радост, радост на смрзнатите зимски шари. Се чуствуваме заштитени и не нí е тешко да ги извршиме и најтешките обврски. Во прошетките под тмурните зимски облаци, ќе не израдува непоколебливоста и изразитата убавина во зима на зимзелените дрвја. Тоновите на нивото зеленило и полните ливчиња, игличките и бобинките, како да нí даваат сила и ние да издржиме. Оти секое годишно време е убаво на свој начин.
 
Ексод: Веќе подолго време внатрешнатa светлина и благодатта се заменети или затскриени со рефлектори и неони. Внатрешната убавина е засенета со шминка, гардероба и фризура. Се чуствуваме видени само ако нé има на телевизија или во весник, а прифатени ако наликуваме како оние кои не бомбардираат од рекламите и комерцијалните филмови. Се чуствуваме претставителни ако сме средени однадвор, или ако се прошетаме на добро осветлени и луксузни места. Во каква состојба се наоѓа нашата душа не ни е  воопшто важно. Дали Бог нé видел, тоа е прашањето?
 




Премин Портал
Објавено на: 2006-12-02


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2031
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2552
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная