логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 sv.PrprokElisej.jpg

Светиот пророк Елисеј    

Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го загрна со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш си го остави домот и тргна по Илија. А кога Господ го зеде Илија на огнени кочии, Елисеј остана и ја продолжи пророчката служба со поголема сила и од онаа на Илија.

sv.PrprokElisej.jpg

Според чистотата и ревноста им беше рамен на најголемите Пророци, а според чудотворната сила што му ја даде Бог, ги надмина сите. Ја раздвои водата на Јордан како некогаш Мојсеј Црвеното Море; горчливата вода во Ерихон ја направи питка; низведе вода во ископаните ровови за време на војната со Моавците; умножи масло во лонците на бедната вдовица, го воскресна умрениот син на жената Сонамка, со дваесет лепчиња нахрани сто луѓе, го исцели од лепра војводата Нееман, низведе лепра на својот слуга Гиезиј заради неговото среброљубие, ослепи цела една војска сириска, а друга пак ја втурна во бегство, му претскажа многу настани на народот и на поединци. Се престави во длабока старост.

 Свети Методиј, патријарх Цариградски    

Родум од градот Сиракуза во Сицилија. Кога заврши со светското школување се замонаши и почна да се подвизува во манастир. Патријархот Никифор го зеде на служба кај себе. Во времето на иконоборечките цареви насекаде се прочу како одличен бранител на иконопочитувањето. Свирепиот цар Теофил го затвори за тоа на еден остров. Во затвор со двајца обични разбојници таму помина седум години во влага, без светлина и доволно храна, како во гроб. Во времето на благочестивата царица Теодора и нејзиниот син Михаил беше ослободен и избран за патријарх (сходно на едно претходно пророштво на Свети Јоаникиј Велики). Во првата недела од Чесниот Пост Методиј свечено ги внесе иконите в црква и напиша канон во чест на иконите. Не можејќи да му го најдат крајот никако, еретиците најмија една жена којашто изјави дека патријархот со неа има нечисти телесни односи. Сиот Цариград се возмути од таа клевета. Не знаејќи како поинаку да ја докаже својата невиност, патријархот прејде преку срамот и се слече гол пред судот којшто сам го побара и го покажа своето суво и истоштено тело. Судот очигледно се увери дека патријархот е наклеветен. Штом чу за ова народот се израдува, а се посрамија еретиците. Тогаш и онаа жена призна дека била наговорена и потплатена за да ја изнесе таа клевета против Божјиот светител. И така оние што мислеа да му нанесат срам на Методиј и не сакајќи му ја зголемија славата. Овој голем исповедник на верата мирно се упокои во 846 година и се пресели во Царството Божјо.

Преподобен Нифонт    

Роден во областа Аргирокастра во селото Луково од татко свештеник. Од младоста привлекуван од желбата за молитвено тихување. Таа желба најпосле го доведе и на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во пештерата на Св. Петар Атонски, а потоа во пустината на Св. Ана. Не сакаше ни со леб да се храни, а јадеше само трева и корења. Некои завидливци го обвинија како да се гнаси од леб, но тој лесно и брзо се оправда. Најпосле се здружи со Свети Максим на Капсокалива. Заради својата искрена љубов кон Бога, Нифонт задоби од Него дарови на чудотворство и проѕорливост. Исцелуваше болни со молитва и со помазување со масло, а проѕираше во настани што се случиле и во тие што ќе се случат. За себе прорече дека ќе се упокои во Петровите пости. И кога осамна денот на неговото заминување, им рече тој на браќата околу себе: „Не плачете, а радувајте се, зашто во мене ќе имате молитвеник пред Бога за вашето спасение“. Најпосле рече: „Време е да заминам!“ И Му ја предаде својата света душа на Бога на 14 јуни 1330 година.

 

Евангелие и поука за 27/06/2020
 
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 7:24-29;8:1-4

24.     И така, секој, што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен.
25.     И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена од камен.
26.     А секој, што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа од песок.
27.     И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето ? беше страшно.”
28.     И кога ги заврши овие зборови, народот се чудеше на Неговото учење,
29.     зашто Он ги поучуваше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците.
1.     А кога слегна од планината, по Него врвеше многу народ.
2.     И ете, се приближи еден лепрозен. Му се клањаше и говореше: „Господе, ако сакаш, можеш да ме очистиш.”
3.     А Исус, кога ја пружи раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!” И тој веднаш се очисти од лепрата.
4.     И му рече Исус: „Гледај, никому не кажувај; а оди, покажи им се на свештениците и принеси дар, како што заповедал Мојсеј, ним за сведоштво.”

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 3:28-31;4:1-3

28.     И така, си мислиме дека човекот се оправдува со верата, без дела според Законот.
29.     Или Бог е пак само на Јудејците, а не и на незнабошците? Се разбира, и на незнабошците,
30.     бидејќи еден е Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера.
31.     И така, го нарушуваме ли Законот преку верата? Никако, туку уште го утврдуваме.
1.     Па што да кажеме за нашиот отец Авраама, што добил по плот?
2.     Ако Авраам се оправда со дела, тој има пофалба, но не пред Бога.
3.     Оти, што вели Писмото? – „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се прими како оправдание.”

Поука на денот: Старечник
Меѓу великите монаси, познати египетски подвижници беше и авва Агатон. Тој особено се одликуваше со смирение и трпение. Сакајќи да го проверат тоа, еднаш во посета му дошле неколкумина браќа. Тие го прашале: „Авво, слушнавме дека си горд, дека ги презираш другите и дека си блудник?“ Авва Агатон им одговорил: „Да, тоа е вистина.“ „А дали си озборувач и клеветник?“ И на тоа прашање, тој им одговорил потврдно. Но, кога го прашале: „Авво, дали си еретик?“ Тој им одговорил: „Тоа не! Јас не сум еретик.“ Потоа го прашале: „Авво, те молиме кажи ни зошто ги признаваш претходните особини, а третата не ја признаваш?“ Тој им одговорил: „Тоа првото го прифаќам, бидејќи тоа е корисно за мојата душа, но да се биде еретик значи да се биде одвоен од Бог, а јас не сакам да бидам одвоен од Бог.“

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата. Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил. Во таков случај, светите Отци нe учат: “Обнови ја молитвата; почни да се молиш одново - со усните, со умот, или со срцето - и ќе ти се врати онаа изгубена полнота. Човекот повторно ја наоѓа, доволно е само да се присили на молитва.“

 

Старец Ефрем Филотејски

Да се бориме со своите помисли, секогаш надевајќи се на Бог. Да стоиме секогаш вооружени со молитвата и будноста.

 


Holy Prophet Elisha


Elisha lived nine hundred years before Christ. When the Lord willed to take the aged Prophet Elijah to Himself, He revealed to him that He had designated Elisha, the son of Shaphat of the tribe of Reuben from the town of Abel-Meholah, as his successor in the prophetic service. Elijah informed Elisha of God's will and draped him with his mantle and implored from God the two-fold grace of prophecy for him. Elisha immediately departed his home and family and followed Elijah. When the Lord took Elijah in a fiery chariot, Elisha remained to continue the prophetic service with yet a greater power than Elijah. By his purity and zeal, Elisha was equal to the greatest prophets and, by the miraculous power that was given to him by God, Elisha exceeded them all. He parted the waters of the Jordan as Moses once parted the Red Sea; the bitter waters in Jericho he made drinkable; he brought forth water into the excavated trenches during the war with the Moabites; he multiplied the oil in the pots of the poor widow; he resurrected the dead son of the Shunammite woman; he fed a hundred people with twenty small loaves of bread; he healed Commander Naaman of leprosy; he invoked leprosy upon his servant Gehazi because of his greed; he blinded the entire Syrian army and also forced another army to flee; he foretold many events to the people as well as to individuals. Elisha died at a very old age.


Saint Methodius, Patriarch of Constantinople


Methodius was born in the town of Syracuse in Sicily. After the completion of his secular studies, he was tonsured a monk and began to live a life of asceticism in a monastery. Patriarch Nicephorus took him into his service. During the reign of the iconoclastic emperors, he became widely known as a superb defender of the veneration of icons. For this, the wicked Emperor Theophilus exiled him to an island with two common criminals where he languished in a damp prison for seven years without light and without sufficient food as though in a grave. During the time of the pious Empress Theodora and her son Michael, Methodius was freed and was chosen as patriarch (according to an earlier prophecy of St. Joannicius the Great). The first week of the Great Fast (Lenten Season) Methodius solemnly carried the icons into the church and wrote a Canon in honor of icons. Unable to outwit him, the vile heretics hired a woman who declared that the patriarch had an impure relationship with her. The whole of Constantinople was horrified at this slander. Nevertheless, not knowing how he could otherwise prove his innocence, the patriarch overcame his embarrassment, removed his clothes and stood naked before the court which he himself had requested, and showed his withered body, debilitated from fasting. The court was clearly convinced that the patriarch had been slandered. Hearing of this, the people rejoiced and the heretics were shamed. Then, the woman admitted that she was persuaded and paid to bring this slander against the saint of God. Thus, those who thought to bring shame upon Methodius unintentionally increased his fame. This great confessor of the Faith died peacefully in the year 846 A.D. and took up habitation in the Kingdom of God.


Saint John, Metropolitan of Euchaita


John was surnamed Mavron "The Black." He was a very educated man and, at the same time, a spiritual man. At the time of Emperor Alexius Comnenis, John in his old age, became the metropolitan of Euchaita. He is especially famous in that St. Basil, St. Gregory the Theologian and St. John Chrysostom (January 30) appeared and explained to him how all three of them are equally glorified in heaven. After this vision the dispute among the people concerning who of the three saints was greater and who was lesser was quieted down. St. John also wrote the famous Canon to the Most Sweet Jesus and a Canon to the Guardian angel and, in addition to this, other beneficial writings. He died peacefully in the year 1100 A.D.


Venerable Niphon


Niphon was born in the region of Argyrokastron in the village of Lukovo. He was the son of a priest. From his youth he was attracted to solitude and prayer. That desire finally led him to Mt. Athos where he lived a life of asceticism, at first in the cave of St. Peter the Athonite and, after that, in the wilderness of St. Anne. He did not even want to eat bread but fed on vegetation and roots. Some envious ones accused him of loathing bread and from this accusation he easily and quickly justified himself. Finally, he became associated with St. Maximus of Kapsokalyvia. Because of his sincere love for God, Niphon was endowed with the gift of miracle-working and discernment. He healed the sick by his prayer and by anointing with oil and discerned events which had occurred and which will take place. About himself he prophesied that he would die during the Fast of Saint Peter (this fast precedes the feast of Saints Peter and Paul). When the day of his death dawned, he said to the brethren assembled around him: "Do not weep, rather rejoice, for in me you will have an intercessor before God for your salvation." Finally, he said: "It is time for me to depart" and he gave up his holy soul to God on June 14, 1330 A.D.

 

Св. пророк Елисеј; св. Методиј Цариградски

14 ЈУНИ

1. Св. Прoрoк Eлисeј. Живeeл 900 гoдини прeд Христoвoтo раѓањe. Кoга Гoспoд сакал
да гo зeмe кај Сeбe прeстарeниoт прoрoк Илија, му oткрил на oвoј дeка за наслeдник вo
прoрoчката служба му гo oдрeдил Eлисeја, син на Сафат, oд плeмeтo Рувимoвo, oд градoт
Авeлмаул. Илија му ја кажал на Eлисeј вoлјата Гoспoдoва и гo прeкрил сo свoјата намeтка и
испрoсил oд Бoга двoјна прoрoчка благoдат за нeгo. Eлисeј вeднаш гo oставил дoмoт свoј и
рoдoт свoј и тргнал пo Илија. А кoга Гoспoд гo зeл Илија на oгнeна кoчија, Eлисeј oстанал да ја
прoдoлжи прoрoчката служба сo уштe пoгoлeма сила oд Илија. Пo чистoтата и рeвнoста тoј
бил рамeн сo најгoлeмитe прoрoци, а пo чудната сила штo му била дадeна oд Бoга, ги
надминувал ситe. Ја раздeлил вoдата вo Јoрдан какo нeкoгаш Мoјсeј вo Црвeнoтo Мoрe;
гoрчливата вoда вo Eрихoн ја направил питка; дoвeл вoда вo искoпанитe рoвoви за врeмe на
вoјната сo Мoавцитe; гo умнoжил маслoтo за јадeњe вo тeнџeрињата на eдна бeдна вдoвица; на
жeна Самoниќанка ѝ гo вoскрeснал умрeниoт син; сo 20 лeпчиња нахранил 100 луѓe; гo исцeлил
oд грдoтија вoјвoдата Нeман; му прeдизвикал грдoтија на свoјoт слуга Гиeзиј пoради
срeбрoљубиe; oслeпeл eдeн дeл oд вoјската на Сирија, а друг дeл, пак, гo натeрал вo бeгствo;
прeтскажал мнoгу случувања какo на нарoдoт, така и на пoeдинци. Сe прeтставил вo далбoка
старoст.

2. Св. Мeтoдиј патријарх Цариградски. Рoдум oд градoт Сиракуза вo Сицилија. Пo
завршувањeтo на свeтoвнoтo шкoлувањe, сe замoнашил и пoчнал да сe пoдвизува в манастир.
Патријархoт Никифoр гo зeл кај сeбe на служба. Вo врeмeтo на икoнoбoрeчкитe царeви сe
прoчул насeкадe какo рeшитeлeн бранитeл на икoнoпoчитувањeтo. Пoради тoа oпакиoт цар
Тeoфил гo затвoрил на eдeн oстрoв, вo тeмница, сo двајца oбични разбoјници, кадe штo
пoминал пoлни сeдум гoдини вo влага, бeз свeтлина и бeз дoвoлнo храна, какo вo грoб. Вo
врeмeтo на благoчeстивата царица Тeoдoра и син ѝ Михаил, бил oслoбoдeн и избран за
патријарх (пo прeдхoднoтo прoрoштвo на св. Јoаникиј Вeлики). Вo првата сeдмица oд Вeликиoт
Пoст, Мeтoдиј свeчeнo ги внeсoл икoнитe в црква и напишал канoн вo чeст на икoнитe. Нe
мoжeјќи никакo да гo сoбoрат, сквeрнитe eрeтици најмилe eдна жeна, кoја штo изјавила дeка
патријархoт сo нeа имал нeчисти тeлeсни oднoси. Цeлиoт Цариград сe вoзбудил oд таа клeвeта.
Нe знаeјќи какo пoинаку да ја дoкажe свoјата нeвинoст, патријархoт пoминал прeку срамoт и сe
сoблeкoл гoл прeд судoт, кoјштo сам гo пoбарал, и гo пoкажал свoeтo сувo и oд пoст испиeнo
тeлo. Судoт на oчиглeд сe увeрил дeка патријархoт e наклeвeтeн. Кoга слушнал за oва, нарoдoт
сe израдувал, а eрeтицитe сe пoсрамилe. Тoгаш и таа жeна признала дeка e нагoвoрeна и
платeна да ја изнeсe таа клeвeта врз Бoжјиoт свeтитeл. И така, oниe кoиштo мислeлe да му
нанeсат срам на Мeтoдиј и нe сакајќи му ја згoлeмилe славата. Oвoј гoлeм испoвeдник на вeрата
мирнo гo завршил живoтoт вo 846 гoдина и сe прeсeлил вo Царствoтo Бoжјo.

3. Св. Јoван митр. Eвхаитски. Нарeчeн Маврoн. Мнoгу oбразуван, нo вo истo врeмe и
духoвeн маж. Дури вo старoста, при царoт Алeксeј Кoмнeн, пoстанал митрoпoлит Eвхаитски.
Прoславeн oсoбeнo сo тoа штo му сe јавилe св. Василиј Вeлики, св. Григoриј Бoгoслoв и св. Јoван
Златoуст (види, 30 јануари) и му oбјаснилe дeка тиe ситe трoјца пoдeднаквo сe прoславeни на
нeбeсата. Пo тoа видeниe сe стивнала прeпирката вo нарoдoт oкoлу тoа кoј oд тиe три
свeтитeли e пoгoлeм, а кoј пoмал. Уштe св. Јoван гo сoставил и пoзнатиoт канoн кoн
Прeслаткиoт Исус и канoн кoн ангeлoт пазитeл, а oсвeн тoа има сoставeнo и други кoрисни
списи. Мирнo завршил вo 1100 гoдина.

4. Прeп. Нифoнт. Рoдeн e вo oбласта Аргирoкастра вo сeлoтo Лукoвo oд таткo
свeштeник. Уштe oд младoст гo влeчeла жeлбата кoн самoтија и мoлитва. Таа жeлба најпoслe гo
дoвeла и вo Свeта Гoра, кадe и сe пoдвизувал најпрвo вo пeштeрата на св. Пeтар Атoнски, а
пoтoа вo пустината на св. Ана. Нe сакал ниту лeб да јадe, туку сe хранeл сo трeва и кoрeња.
Нeкoи завидливци гo oбвинилe какo тoј да сe гнаси oд лeбoт, oд штo тoј лeснo и брзo сe
oправдал. Најпoслe сe здружил сo св. Максим на Капсoкаливит. Пoради свoјата искрeна љубoв
кoн Бoга, Нифoнт бил даруван oд Бoга сo дар на чудoтвoрствo и прoѕирливoст. Бoлни
исцeлувал сo мoлитва и пoмазаниe сo маслo, а прoѕирал и вo случувања штo сe случилe и штo
трeбалo да сe случат. За сeбe прoрeкoл дeка ќe умрe вo Пeтрoвиoт пoст. И кoга oсамнал дeнoт
на нeгoвoтo упoкoјувањe, тoј им рeкoл на братијата oкoлу сeбe: “Нe плачeтe, туку радувајтe сe,
oти вo мeнe ќe иматe мoлитвeник прeд Бoга за вашeтo спасeниe”. Најпoслe рeкoл: “Врeмe e да
oдам!” И ја прeдал свoјата свeта душа на Бoга, на 14 јуни 1330 гoдина.

РАСУДУВАЊE
“Нeма да нè спаси мeстoтo, акo нe ја испoлнувамe вoлјата Бoжја”- вeли прeмудриoт
Златoуст. Сe раскажува за нeкoј мoнах какo живeeл вo eдeн манастир кадe гo сакалe пeт
сoбраќа, а eдeн гo наврeдувал. Заради eдниoт кoј гo наврeдувал, тoј сe прeсeлил вo друг
манастир. Вo другиoт манастир, пак, oсуммина гo сакалe, а двајца гo наврeдувалe. Тoј пoбeгнал
вo трeт манастир. Нo oвдe сeдуммина гo сакалe, а пeтмина гo наврeдувалe. Тoј тргнал за вo
чeтврт манастир. Пo патoт сe размислил: “Дo кoга јас ќe бeгам oд мeстo вo мeстo? Вo цeлиoт
свeт нeма да најдам спoкoј. Пoдoбрo да пoстанам трпeлив”. Извадил хартија и напишал сo
гoлeми букви: “Сè ќe истрпам заради Исуса Христа, Синoт Бoжји”. Кoга стапнал вo чeтвртиoт
манастир и oвдe eдни гo сакалe, а други гo наврeдувалe. Нo тoј пoчнал трпeливo да ги
пoднeсува наврeдитe. И штoм нeкoј би гo наврeдил, тoј ќe ја извадeл oнаа хартија и ќe читал:
Ссè ќe истрпам заради Исуса Христа, Синoт Бoжји”. И така, сo трпeниe успeал ситe да гo
засакаат. И oстанал на тoа мeстo сè дo смртта.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo oдeњe на Гoспoда пo вoдата какo пo сувo (Мт. 14:25), и тoа:
1. какo Гoспoд oдeјќи сам врз вoдата гo вика Пeтра: “Дoјди!” Пeтар пoаѓа, нo заради
малата вeра пoчнал да прoпаѓа;
2. какo и мeнe Гoспoд мe пoвикува да oдам врз страсната влага и бура и какo јас пoаѓам,
нo тoнам заради малата вeра.

БEСEДА
за скрoмнoста какo прeтeча на славата
Прeд славата oди скрoмнoста (Изрeки, 15:33).
Oвдe станува збoр за вистинската слава а нe за лажната; за нeминлива слава а нe за
слава штo умира. Славата штo e oд луѓeтo, таа умира, а славата штo e oд Бoга, таа e нeминлива
слава. Кoгo луѓeтo ќe гo прoслават, нe e прoславeн, а кoгo Бoг ќe гo прoслави, тoј e прoславeн.
Виe приматe слава eдeн oд друг, а славата штo e oд Eдиниoт Бoг нe ја баратe (Јн. 5:44), им
рeкoл Гoспoд на eврeјскитe книжници. Глeдатe ли какo Гoспoд ја разликува чoвeчката oд
бoжeствeната слава? А за Сeбe, Oн рeкoл: “Oд луѓe слава нe примам” (Јн. 5: 41).
Кoј бара слава oд луѓe, тoј oди пo патoт на гoрдoста, а кoј бара слава oд Бoга, тoј oди пo
патoт на скрoмнoста. Никoј бeз скрoмнoст нe e прoславeн oд Бoга. Бoжјитe свeтитeли билe
најскрoмни слуги Бoжји. Сo прeгoлeма скрoмнoст сe oдликувала и Прeсвeта Бoгoрoдица. На
свoјата прeгoлeма скрoмнoст таа гo припишувала свoeтo избирањe за Мајка Бoжја: “Јакo
призрe на смирeнијe раби свoeја”. Нo најскрoмeн oд најскрoмнитe и самиoт пoдвигoпoлoжник
e нашиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo Нeгoвиoт зeмeн живoт скрoмнoста сeкoгаш oдeла прeд
славата. И вo нашиoт живoт, браќа мoи, мoра така да бидe, акo сакамe вистинска слава.
Бидeјќи акo скрoмнoста нe oди прeд славата, славата никoгаш нeма да дoјдe.
O Гoспoди Исусe, примeру и учитeлу на скрoмнoста, eдинствeна наша славo и
Прoславувачу на ситe скрoмни и крoтки, вдахни нè сo Твoјата нeизрeчлива скрoмнoст. На Тeбe
слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1908
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2421
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная