логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 Прашање од: С.Н

 

Нашиот мозок го сочинуваат две хемисфери: лева и десна. Левата се центрите за анализа, калкулација, проценка, размислување, ги контролира способностите за зборување, читање.... А десната хемисфера е задолжена за креативност, уметност (музика, сликарство), емоции, релија.
Се прашувам дали може од овде да се воспостави врска дека не случајно десната хемисфера е одговорна за овие креативни способнисти и пројавувањето на интерес за духовност со оглед на тоа што знаеме дека Бог ни го дава дарот за креативност, а и десната страна е претставена како чест и вистина, па оттаму и и Христос седи од десната страна на Отецот, а и праведниците ќе бидат од десната страна на Христа.

 

Одговор:

Според светите Отци човекот е создаден со разумна душа и прекрасно тело, според образот Божји, според Христа, и со сета свое битие како личност создадена според Бога, во сѐ се уподобува на Христос, совршениот Бог и совршениот Човек. Сѐ му служи на Бога, и умот и разумот, и душата и телото, сите подеднакво достоинство имаат во однос на Бога. Инаку, самиот ум има две функции, примарна која се храни со Бога преку молитвен заедница со Него, и секако крвна заедница преку причеста. И разумот како секундарна функција кога  умот не се храни со Бога туку со световните страсти за кои се прврзуваме и се храниме. Молитвата нѐ држи да ја реализираме неговата примарна функција, преку покајанието, а демонот се бори да ја оствариме само секундарната функција, како разум. Целта е човекот да го очисти срцето од страстите, да го просветли умот преку молитвениот литургиски живот, умот да слезе и зацари во срцето преку благодатта Божја и сиот човек да ја оствари својата цел, единство со Бога и растење во љубовта.

 

 Друго:

 +++

Послушанието е активирање на примарната функција на умот – соединување на нашата создадена енергија со несоздадената Божја енергија преку молитвата, како и пренасочување на неговата секундарна функција кон исполнување на Божјите заповеди. Послушанието е прием на вистинското Предание на Светите Отци. Послушанието е останување во рамките на соборноста на Православната Црква – без оглед на тоа кој што си мисли. Послушанието е процес на Божествено преобразување, растење и созревање до достоинството на дете Божјо. Послушанието е сѐ во Црквата Божја. Послушанието е возможно само во Црквата Божја.

Господи Исусе Христе, преку Богородица, дај ни што повистинско послушание и помилуј!

Митрополит Струмички Наум

(Извадок од беседата:  „Послушанието е премин од противприроден во природен начин на живот’ (04.11.2017 )

 

 Чувај се од она што мислиш дека си
Луѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а не кон давање – како што Богочовекот Христос го даде Својот живот за спасение на човекот и светот.

 +++

Ретко кој чул за „петте контролни точки“ како единствен автопсихотерапевтски метод на христијанската психотерапија, преку кој се надминува секое искушение во нашиот живот, од најмало до најголемо. И, ретко кај кого да видиш денес дека ја бара Божјата правда, наместо човечката.

Малкумина се свесни за коренот на дуализмот што го живеат во себе при изборот помеѓу привлечноста на световното и потребата од Божественото. Не знаат дека се повикани да ја преобразат создадената енергија на својот ум преку примарната функција на умот – молитвеното единство со Бог, така што и во својата секундарна функција – комуникацијата со овој свет, истата енергија да дејствува преобразено. Ова дејствување во Литургијата на Црквата се нарекува духовен разум.

+++

 И, како сега јас да ви објаснам дека исихазмот, а не активизмот, е одговор на сите искушенија што ги носи со себе современиот модел и начин на живот?

Затоа, најмногу чувај се од тоа што си мислиш дека си, а не си!

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (31.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (31.03.2020)

  Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски    Роден е во Ерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315 г. – 386 г.). Во 346 година го...

Од Верскиот календар на МПЦ (30.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (30.03.2020)

Свети Алексиј човек Божји Различни се патиштата по коишто Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон. Во времето на царот Хонориј во...

Од Верскиот календар на МПЦ (29.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (29.03.2020)

Светиот апостол Аристовул Еден од Седумдесеттемина апостоли. Брат на Св. апостол Варнава. Родно место му е островот Кипар. Следбеник на Св. апостол Павле, којшто во Посланието до Римјаните и го...

Од Верскиот календар на МПЦ (28.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (28.03.2020)

  Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии Сите пострадаа од кнезот Урбан во Кесарија Палестинска во времето на царот Диоклецијан. Сите...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.03.2020)

Преподобен Бенедикт Роден е во Нурсиската област во Италија во 480 година од богати и угледни родители. Не се задржа долго по школите, зашто брзо увиде дека заради книшкото учење...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.03.2020)

Пренос на моштите на Свети Никифор, патријарх Цариградски Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.03.2020)

  Преподобен Теофан Исповедник Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што беше роден. Роднина на царот Лав Исавријанин и на неговиот син Копроним. Имаше огромно богатство и раскош. Но кога...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.03.2020)

  Тропар на свети Григориј Палама (втора недела од Великиот пост) 2019   Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски     Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост сепак не...

Од Верскиот календар на МПЦ (23.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.03.2020)

Светиот маченик Кодрат Коринтски и другите со него За време на гонењето на христијаните многумина верни се разбегаа по планините и по пештерите. Така направи и мајката на овој Кодрат....

« »

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 666
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 719
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 707
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…