логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Зошто нашите Православни браќа, МПЦ – ОА ја сметаат за расколничка и не ја признаваат?


Одговорот од една страна е многу едноставен, а од друга е имагинативно комплициран, се зависи од тоа дали сакаме на вистината да се погледнеме во очи или пак си бараме за себеси, но, за себеси оправдувања.
Треба да се запрашаме како станавме Христијани, а одговорот ќе го добиеме ако се вратиме на изворот, а тоа е она што претходно го нагласивме дека треба да поверуваме во Бога Спасителот, во домостројот на Спасението, кое Он го востановил, да го прифатиме тоа, да се крстиме во Неговотот Име и да се трудиме да живееме по тој домострој.

Со други зборови, Неговите главни заповеди треба да бидат докажани со нашиот начин на живеење, значи да се љубиме еден со друг, тоа првенствено Он го бара од нас. Да живееме во соборност, тоа е второто, "Каде што се двајца или тројца собрани во Мое Име таму сум и Јас среде нив." (Мат.18,20) тоа понатаму се проширува и на целиот "народ" кој единствено би имал смисла да постои ако му служи на Бога, односно ако љубовта е основното начело за неговото постоење.
Така собрани, ние неминовно ќе допреме уште неколку многу значајни начела на христијанскиот начин на живеење, помеѓу кои ќе бидат и тие: да научиме едни со други да си простуваме, да не се предизвикуваме, да се трудиме со нашите раце, умови од Бога водени и  нашата надеж да ја полагаме на љубовта Божја, а не на минливите придобивки од овој свет, коишто често пати за да се добијат се плаќаат премногу високи цени. Следствено на тоа ќе има уште многу други работи коишто имаат духовна основа и ќе помогнат да ја оствариме таа соборност, но, секогаш се тргнува од примерите на поединците од христијанскиот живот, а тоа се светите отци на Црквата: преподобните, мачениците, исповедниците, и т н. И секое наше делување ќе треба да биди поткрепено од нивниот живот и поуки.
Сето ова ја привлекува Благодатта Божја и на тој начин ќе бидиме признаени како ученици Негови коишто ќе ги сакаат своите непријатели и ќе се молат за нив.

Па замислете во една земја живеат еве два милиони луѓе, не се делат помеѓу нив, нарочито не партиски, за идеали коишто се овоземни, нема помеѓу нив кавги – туку има разговор. Следствено на тоа пастирите во помесната црква духовно до таму се подигнале, така да делуваат како еден глас и со нивните животи претставуваат пример на христијанско живење и добродетели – паствата таквите ги следи до пеколот и назад – тоа е народ Божји, тие се признаени од Бога, другите би можеле само да се поучуваат од нив, бидејќи додека ги колнат тие благословуваат, додека ги оговараат тие простуваат, додека фрлаат со камења по нив тие цркви градат.

Кој не би го препознал Христос во Тој народ.
Тоа е народот кој самиот Спасител се залагаше да постои, за таков народ Он Себеси се даде, таков народ ќе го наследи Царството Небесно и тој народ ќе добие ново име и нов знак а тоа е Христов народ и Крстот ќе стои пред него.
Од друг аспект ако сакаме да погледнеме кои услови ги бара светот во неговата административна дејност за наше признавање, ќе видиме дека тоа се човечки критериуми. Ниту се соборни – од вселенските собори, ниту имаат духовна основа, а уште помалку дека сме некои расколници од проста причина што нивните ставки према нас се оние ставови кои Црквата би требало да ги има према еретиците, бидејќи тие го одлачуваат народот, а не само клирот од причестување, а од друга страна поставуваат  услови кои чисто имаат политички или светски карактер: ако ми се покориш, ако ме прифатиш јас да ти бидам глава, јас да ти бидам мајка.
Не – на Бога му се поклонувам, на Неговите заповеди се покорувам, Неговата волја ја барам и затоа Светото Писмо вели на човечка грижа не ме оставај.
Тоа е овој свет, но сепак позади сето тоа стои демонот и неговата желба да раздели па да владее, гордоста да ја надминат и  небесата.
Кривицата е секако првенствено наша, бидејќи не ги задоволуваме барањата од духовен аспект кои се однесуваат на љубовта помеѓу нас и соборнсота помеѓу нас.
Еврејскиот народ беше воспитуван четриесет години во пустината, од дванаесет колена Бог на крајот остави само едно, и тоа Јудиното, но сепак и тоа колено кога Христос дојде при своите, тие не го примија, затоа имаме понатаму и дванаесет апостоли кои ја освоија вселената, покрај благодатта над секој од нив, силата беше во нивната соборност, иако некогаш може ќе се појавеле различни мислењеа, одговорот го барале, во соборна молитва, од Бога.
Господ кажа стадо мое мало, наше е да ги љубиме сите, а ако некој праша колку – до САМОЗАБОРАВ, да простуваме, а ако некој праша колку – повеќе отколку што дишење имаме.
Одговорот се однесуваше на оној народ кој што треба да биди Божји, независно од тоа какво име носи овде на земјата.

Слепченски Претеченски манастир

3-ти јули 2018 лето Господово

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (26.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.06.2019)

Светата маченичка Акилина     Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.06.2019)

            Преподобен Онуфриј Велики     Овој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.06.2019)

Светиот апостол Вартоломеј     Еден од Дванаесеттемина големи апостоли. Вартоломеј и Натанаил по сѐ изгледа се две имиња за едно лице. Заедно со Светиот апостол Филип и со сестрата на...

Од Верскиот календар на МПЦ (23.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.06.2019)

    Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски     Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (22.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (22.06.2019)

     Свети Кирил, архиепископ Александриски     По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше...

Од Верскиот календар на МПЦ (21.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.06.2019)

Свети Ефрем, патријарх Антиохиски Во времето на византискиот цар Анастасиј Ефрем беше војвода од источните страни. Им беше познат на сите заради неговата голема побожност и милосрдие и за ова...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.06.2019)

  Светиот маченик Теодот Анкирски Овој Христов маченик беше потаен христијанин и како таков ја помагаше Црквата и чесно ги погребуваше телата на Светите маченици. Така погреба и седум девојки...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.06.2019)

Преподобен Висарион     19/06/2009 Роден и воспитан во Мисир. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети Свети...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2019)

Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (трет ден) Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски Епископ Тирски од времето на Диоклецијан па сѐ до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и...

« »

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 497
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 279
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 258
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…