логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Pravedniot.Jov.jpg

Светиот праведен и многустрадален Јов

Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во Арабија околу 2000 години пред Христа. Татко му е Зарет, а мајка Восора, а неговото цело име беше Јовав. Беше човек чесен, богобојазлив и многу богат. Но во седумдесет и деветтата година од неговиот живот Бог допушти тешки искушенија врз него преку сатаната, како што сѐ е потенко опишано во Книгата Јов. И во еден ден Јов го изгуби сиот свој имот, сите синови и ќерки свои.

Pravedniot.Jov.jpg

Потоа врз него падна тешка болест од којашто целото тело му се покри со рани од темето до табаните и лежеше Јов на ѓубриштето надвор од градот и со парче керамида си го вадеше гнојот од раните. Но не заропта на Господа, а стрпливо докрај ги поднесе сите оние маки. Затоа Бог му го врати здравјето и му даде многу поголемо богатство од претходното и пак му се родија седум синови и три ќерки, колку што ги имаше порано. Поживеа уште сто и четириесет години, постојано славејќи и фалејќи Го Бога. Јов се смета за пример на трпеливо поднесување на секое страдање коешто Бог ни го испраќа и за предобраз на страдалниот Господ Исус.

Светиот маченик Варвар

Варвар беше војник во времето на Јулијан Отстапник. Кога царскиот војвода Вакх ја поведе римската војска против Франците, во таа војска беше и Варвар, потаен христијанин. На боиштето се појави некој си јунак од страна на Франците, сличен на Голијат и ги предизвикуваше Римјаните за да му излезе некој на мегдан. Војводата Вакх го посоветува Варвар тој да излезе. Варвар Му се помоли во своето срце на живиот Бог, излезе и го победи оној џин. Од тоа војската на Франците се збуни и побегна. Тогаш војводата направи голема веселба и нареди да им се принесат жртви на идолите. Но на тоа жртвопринесување дозна дека Варвар седи настрана. Кога го праша за тоа, Варвар изјави дека е христијанин. Војводата му јави на царот, а царот нареди Варвар да биде ставен на најтешки маки. Но Варвар поднесе сѐ со ретка храброст и присебност. При неговото мачење се покажаа многубројни чуда, а гледајќи го тоа, мнозина војници ја примија Христовата вера. Меѓу овие беше и самиот војвода Вакх, со Калиј и Дионисиј. Сите тројца беа убиени со меч за името Христово, а после нив и Варвар, во 362 година. Нивните души се преселија во Царството на Христос, бесмртниот Цар.

Светиот Варвар разбојник

После многубројни злосторства се покаја и самиот себеси си наложи прво, три години да оди четириножно и да јаде со кучињата и второ, дванаесет години да живее в шума, без облека, без покрив и без каква и да е друга храна освен трева и лисја. Од ангел доби известување дека гревовите му се простени. Патуваа трговци низ шумата, па го видоа Варвар оддалеку и мислејќи дека е ѕвер а не човек, ги вперија стрелите и го застрелаа. Кога умираше ги замоли да му јават на блискиот свештеник за него. Свештеникот дојде и чесно го погреба. Но од неговото тело потече целебно миро и исцелуваше разни болести и маки кај луѓето.

       
Евангелие и поука за 19/05/2019
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 5:1-15

1.     Потоа беше празник јудејски, и се искачи Исус во Ерусалим.
2.     А во Ерусалим, при Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Витезда, со пет тремови.
3.     Во нив лежеа мнозина болни, слепи, хроми, суви, кои очекуваа да се раздвижи водата,
4.     зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздвижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по раздвижувањето на водата, оздравуваше од каква и да било болест да боледуваше.
5.     Имаше таму и еден човек, кој боледувал триесет и осум години.
6.     Исус, кога го виде како лежи и штом узна дека од многу години боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?”
7.     Болниот Му одговори: „Да, Господи! Само немам човек што ќе ме спушти во бањата кога ќе се замати водата; додека, пак, јас дојдам, друг слегува пред мене.”
8.     Исус му рече: „Стани, земи ја постелката своја и оди си!”
9.     И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден беше сабота.
10.     Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја земаш својата постелка!”
11.     Но тој им одговори: „Оној, што ме излекува, ми рече: »Земи ја постелката своја и оди!«“
12.     А тие го прашаа: „Кој е човекот што ти рече: »Земи ја постелката своја и оди?«“
13.     Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше отстранил, оти на тоа место имаше многу народ.
14.     А потоа Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!”
15.     А човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус е Оној, што го излекувал.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 9:32-42

32.     Посетувајќи ги сите, Петар слезе и при светиите што живееја во Лида.
33.     Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој цели осум години лежел на постела, оти бил фатен.
34.     И Петар му рече: „Енеј, тебе те исцелува Исус Христос. Стани и собери си ја постелата своја!” И тој стана веднаш.
35.     И го видоа сите што живееја во Лида и во Сарон, и се обрнаа кон Господа.
36.     Во Јопија се наоѓаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше.
37.     И се случи во тие дни да се разболи и да умре; тогаш ја измија и ја положија во горната одаја.
38.     А бидејќи Лида беше близу до Јопија, учениците како чуја дека е Петар таму, испратија два човека при него, молејќи го да дојде до нив што побргу.
39.     Петар се крена и отиде при нив, и, кога пристигна, го одведоа во горната одаја, и дојдоа кај него сите вдовици, плачејќи и покажувајќи му ги ризите и облеките, што ги беше правела Срна, додека живееше со нив.
40.     Петар, откако ги истера сите надвор, падна на колена, се помоли, па се обрна кон телото и рече: „Тавита, стани!” И таа ги отвори очите свои, па, како го виде Петра, седна.
41.     А Петар тогаш ? подаде рака и ја подигна; и, штом ги повика светиите и вдовиците, им ја предаде жива.
42.     И ова се разгласи по цела Јудеја, и мнозина поверуваа во Господа.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец


Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари. Добро е што милостивиот Бог дозволува да бидеме искушани, бидејќи ќе имавме скриени страсти и бесмислени побарувања на Судниот ден.
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Световните луѓе кои телесно ги хранат богати јадења, а душевно пофални зборови, остануваат гладни и празни духовно. И престолот и власта кон кои се стремат ќе останат во овој суетен свет и тие ќе бидат само со своите соништа кои уште повеќе ќе ги измачуваат во другиот живот, бидејќи станаа причина за нивното лишување од небесните блага. Додека, пак, оние што се бореа духовно и ја претпочитаа сиромашната трпеза и обичното столче (наместо престолот) и се седнаа себеси на столчето - (се осудија себеси) - се ослободија од судењето на Праведниот Суд во Судниот ден и го наследија рајот како благочестиви деца Божји.

 

Ава Сармат

Помил ми е оној човек кој згрешил, но знае дека згрешил и се кае, отколку оној кој не згрешил па се смета себеси за праведен.

Holy Righteous and Long-Suffering Job


Job was a descendant of Esau the grandson of Abraham and lived in Arabia about 2,000 years before Christ. His father's name was Zareth and his mother's name was Bosora. However, his full name was Jobab. Job was an honorable, god-fearing man and very wealthy. In the seventy-ninth year of his life, God permitted difficult temptations to befall him through Satan as it is written in detail in the Book of Job. In one day, Job lost all his enormous estates, his sons and his daughters. After that a terrible disease befell him and his entire body was covered with sores from his head to his feet and Job lay on the rubbish heap outside the town and with a piece of potsherd scrapped away the pus from his wounds. Job did not murmur against God, but patiently endured all sufferings to the end. That is why God restored his health, gave him much greater riches than that which he had before and seven sons and three daughters were born to him as many as he previously had. Job lived for a total of two-hundred forty-eight years always glorifying and praising God. Job is considered to be the model of patient endurance of every suffering which God sends upon us and Job is a proto-type of the suffering of the Lord Jesus.


Holy Martyr Barbarus


Barbarus was a soldier during the reign of Julian the Apostate. When the emperor's commander Bacchus led the Roman army against the Franks, Barbarus, who was secretly a Christian, was serving in the army. In battle there appeared a certain hero on the side of the Franks, similar to Goliath of old and he challenged the Romans to send one of their men to come out to do battle. Commander Bacchus advised Barbarus to go. Barbarus prayed in his heart to the Living Lord, went out and defeated that giant. As a result, the Frankish army became confused and fled. Then the commander prepared a great celebration and ordered that sacrifices be offered to the idols. During the sacrificial offerings, the commander learned that Barbarus kept himself apart. When he was asked about that, Barbarus declared that he is a Christian. The commander informed the emperor and the emperor ordered that Barbarus be subjected to the most severe tortures. But Barbarus endured all with rare courage and composure. During his tortures, many miracles were manifested and many soldiers, witnessing this, accepted the Faith of Christ. Among them was the Commander Bacchus along with Callimachus and Dionysius. All three were beheaded for the Name of Christ and, after them, Barbarus was also beheaded in the year 362 A.D. Their souls took up habitation in the kingdom of Christ the Immortal King.


Saint Barbarus the Robber


After having committed many crimes, Barbarus repented and at first condemned himself to crawl on all fours for three years and to eat with dogs and, second, to live twelve years in the forest without clothes, without a roof and without food except grass and leaves. He received news from the angels that his sins are forgiven. Some merchants traveling through the forest and seeing Barbarus from afar thought that it was an animal and not a man, aimed their arrows at him and pierced him. Dying, Barbarus begged them to inform the nearest priest about him. The priest arrived and buried him honorably. From his body flowed healing myrrh (oil) which cured various diseases and pains of men.

   

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. праведен и многустрадален Јов; св. Варвар Разбојник

6 МАЈ

1. Св. правeдeн и мнoгустрадалeн Јoв. Јoв бил пoтoмoк на Исаава, внукoт Авраамoв,
живeeл вo Арабија oкoлу 2000 гoдини прeд Христа. Таткo му сe викал Зарeт, а мајка му Вoсoра;
нeгoвoтo, пак, пoлнo имe билo Јoвав. Тoј бил чoвeк чeсeн и бoгoбoјазлив и мoшнe бoгат. Нo вo
79. гoдина на нeгoвиoт живoт Бoг дoпуштил на нeгo тeшки искушeнија прeку сатаната какo
штo e сè пoдрoбнo oпишанo вo Книгата Јoв. Вo eдeн дeн Јoв гo изгубил цeлиoт свoј oгрoмeн
имoт, и свoитe синoви, и ќeркитe. Пoтoа на нeгo нападнала тeшка бoлeст, oд кoја цeлoтo тeлo
му сe пoкрилo сo рани oд тeмeтo дo стапалата и Јoв лeжeл на ѓубриштeтo надвoр oд градoт, и
сo парчe кeрамитка гo истискувал гнoјoт oд свoитe рани. Нo Јoв нe сe спрoтивставил на Бoга
туку стрпливo ги пoднeсoл ситe маки дo крај. Затoа Бoг му гo пoвратил здравјeтo и му дал
бoгатствo мнoгу пoгoлeмo oткoлку штo имал прeтхoднo, и пак му сe рoдилe 7 синoви и три
ќeрки, кoлку штo имал и прeтхoднo. И Јoв пoживeал сè на сè 248 гoдини, славeјќи Гo и фалeјќи
Гo Бoга. Јoв сe смeта за примeр на трпeливo пoднeсувањe на сeкoe страданиe штo Бoг ни гo
испраќа на нас и праoбраз на страдалниoт Гoспoд Исус.

2. Св. мч. Варвар. Варвар бил вoјник вo врeмeтo на Јулијан Oтстапникoт. Кoга царскиoт
вoјвoда Вакх ја пoвeл римската вoјска прoтив Франкитe, вo таа вoјска бил и Варвар, таeн
христијанин. На фрoнтoт oд страната на Франкитe сe пoјавил нeкoј јунак, сличeн на дрeвниoт
Гoлијат, и ги прeдизвикувал Римјанитe за нeкoј oд нив да му излeзe на мeгдан. Вoјвoдата Вакх
гo пoсoвeтувал Варвара тoј да излeзe. Варвар вo срцeтo Му сe пoмoлил на живиoт Гoспoд,
излeгoл и гo пoбeдил џинoт. Oд тoа настапила забуна кај вoјската на Франкитe и избeгала.
Тoгаш вoјвoдата направил гoлeма вeсeлба и нарeдил на идoлитe да им сe принeсат жртви. Нo
при тoа жртвoпринeсувањe вoјвoдата дoзнал дeка Варвар сe држи настрана. Кoга гo прашал за
тoа, Варвар изјавил дeка тoј e христијанин. Вoјвoдата му јавил на царoт, а царoт нарeдил
Варвар да сe стави на најтeшки маки. Нo Варвар сè пoднeсoл сo рeтка храбрoст и присeбнoст.
При нeгoвoтo мачeњe сe пoкажалe мнoгу чуда и мнoзина вoјници видувајќи гo тoа ја примилe
вeрата Христoва. Мeѓу oвиe бил и самиoт вoјвoда Вакх сo Калимах и Диoнисиј. Ситe трoјца
билe исeчeни за имeтo Христoвo, а пo нив и Варвар, вo 362 гoдина. Нивнитe души сe прeсeлилe
вo Царствoтo на Христа бeсмртниoт Цар.

 

РАСУДУВАЊE
Авва Исаија рeкoл за сeбe:”Сe глeдам сeбe си сличeн на кoњ кoј талка бeз јавач. Кoј и да
гo најдe сeднува врз нeгo и “ржи на нeгo бeзмeрнo. Кoга eдeн јавач ќe гo oстави кoњoт, друг гo
вјавнува и истo така пoстапува, па и трeтиoт итн.” Oвoј гoлeм пoдвижник, за кoгo ситe сo
чудeњe гoвoрeлe дeка дoстигнал сoвршeнствo, тoа гo рeкoл за сeбe e или oд смирeниe или oд
пoтсeтувањe на врeмeтo на свoeтo нeсoвршeнствo. Важнo e дeка oвиe збoрoви сe вистински вo
oднoс нe сeкoј христијанин кoј oди духoвнo распашан и нeзауздeн. Штoтуку eдна страст сe
симнала oд нeгo, другo гo јавнува. Штoтуку eдна гo замoрила и гo oставила вo oчајувањe, друга
гo јавнала сo лажна надeж дeка таа ќe гo усрeќи. Таквиoт чoвeк нeма јавач кoј би гo упатил пo
вистинскиoт пат бeз скршнувањe ни лeвo ни дeснo. Eдинствeн пријатeлски јавач, кoгo трeба да
гo пoздравимe сo дoбрeдoјдe, e свeтиoт и мoќниoт христијански дух.

СOЗEРЦАНИE
Да размуслувам за вoзнeсeниeтo на Гoспoда Исуса, и тoа:
1. какo Oн првин вoскрeснал тeлeснo, па пoтoа сe вoзнeсoл тeлeснo;
2. какo душитe на правeдницитe пo смртта првин сe вoзнeсуваат на нeбoтo, дoдeка
тeлата гo чeкаат oпштoтo вoскрeсeниe, oпштoтo прeoбразувањe и oпштoтo вoзнeсувањe.

БEСEДА
за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви
Eтe, Јас ќe ги направам Мoитe збoрoви вo устата твoја oган, а oвoј
нарoд дрва, и oвoј oган ќe ги прoгoлта (Јeрeм. 5:14).
Видeтe браќа, дeка дeјствoтo на слoвoтo Бoжјo нe e истo кoн сeкoгo! Слoвoтo Бoжјo e какo
oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e
какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт прeмнoгу гo стoплил.
Искуснитe духoвници ни oставилe свeдoштвo дeка самo имeтo Исус, кoe на вeрнитe им
дoнeсува сила, радoст и oсвeжувањe, ги гoри лoшитe духoви какo жив oган. Така e сo сeкoe
Бoжјo слoвo. Кај eднo тoа сoздава утeха, кај други раздразнувањe, кај eдни гo стишува гнeвoт, кај
други гo засилува; кај eдни прeдизвикува стравoпoчит, кај други пoтсмeв. За здравитe e мeд, а
за бoлнитe e мeд-пeлин.
Нo зoштo нарoдoт да бидe какo дрва штo ќe изгoрат? Зарeм нарoдoт e крив акo гo
завeдуваат бeзбoжни старeшини и лажни прoрoци пo настран пат? Нe e крив нарoдoт вo
тoлкава мeрка какo нeгoвитe старeшини и лажни прoрoци, нo сeпак e крив вo извeсна мeрка.
Бидeјќи Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку
прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe слeпи вoдачи кoга
oвиe гo вoдат пo лажни патишта и гo oддалeчуваат oд Бoга и oд Бoжјиoт закoн. Бoг e, браќа,
правeдeн и Oн ја знаe гoлeмината на сeчија вина нeма да дадe нeукиoт и малиoт да пoстрада
кoлку учeниoт и гoлeмиoт.
Гoспoди, Кoј сè глeдаш, спаси нè, да нe бидeмe ни слeпи вoдачи, ниту слeпo вoдeни.
Пoткрeпи ни гo срцeтo, та и какo вoдачи и какo вoдeни да бидeмe вeздeн Твoи слуги, и самo
Твoи слуги. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (26.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.06.2019)

Светата маченичка Акилина     Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.06.2019)

            Преподобен Онуфриј Велики     Овој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.06.2019)

Светиот апостол Вартоломеј     Еден од Дванаесеттемина големи апостоли. Вартоломеј и Натанаил по сѐ изгледа се две имиња за едно лице. Заедно со Светиот апостол Филип и со сестрата на...

Од Верскиот календар на МПЦ (23.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.06.2019)

    Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски     Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (22.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (22.06.2019)

     Свети Кирил, архиепископ Александриски     По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше...

Од Верскиот календар на МПЦ (21.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.06.2019)

Свети Ефрем, патријарх Антиохиски Во времето на византискиот цар Анастасиј Ефрем беше војвода од источните страни. Им беше познат на сите заради неговата голема побожност и милосрдие и за ова...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.06.2019)

  Светиот маченик Теодот Анкирски Овој Христов маченик беше потаен христијанин и како таков ја помагаше Црквата и чесно ги погребуваше телата на Светите маченици. Така погреба и седум девојки...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.06.2019)

Преподобен Висарион     19/06/2009 Роден и воспитан во Мисир. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети Свети...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2019)

Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (трет ден) Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски Епископ Тирски од времето на Диоклецијан па сѐ до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и...

« »

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 497
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 278
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 258
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…