логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

(Прочка – Велики поклади)
 

 

Молитва:
Помогни ни да се покаеме за патиштата кои не се Твои и Тебе не Ти се угодни. Уште помогни ни да ни бидат простени помислите кои не се во склад со Твојата промисла. Ова го бараме во најголемо смирение, Господи, зашто само со Твоја помош може да се очисти нашето срце, ум и душа. Само Ти можеш да ни подариш прошка и многупосакуван мир. Амин.

 

Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти престолот, отиде во манастир и прими схима. Тогаш владееја Ирина и Константин. Во 783 година, според советот на Павле, за патријарх беше избран царскиот советник и сенатор Тарасиј. Брзо ги помина сите црковни чинови и стана патријарх. Човек со високо образование и голема ревност во православната вера. Овој чин го прими неволно, но во име на победата на Православието над ересите, особено над иконоборството. Под него беше свикан Седмиот Вселенски Собор во Никеја во 787 година, каде што ереста беше осудена, а се врати и се утврди почитувањето на Светите икони. Тарасиј беше многу милостив кон сиромашните и кон бедните, им правеше засолништа и им даваше храна. Но кон силните беше одлучен во одбрана на верата и моралот. Кога царот Константин ја избрка својата законска жена Марија и зеде некоја своја роднина па живееше со неа барајќи од патријархот благослов да се венча, Свети Тарасиј не само што не му даде благослов туку најпрво го посоветува, потоа го изобличи и најпосле го одлачи од Причест. Пред срмтта го видоа како им одговара на демоните: „Не сум виновен за тој грев! Не сум виновен ни за тој грев!...“ Така сѐ дури не му изнемоште јазикот, па почна да се брани со рацете и да ги изгонува демоните. Кога издивна лицето му заблеска како во сончева светлина. Овој вистински јерарх се упокои во 806 година. Со Црквата управуваше дваесет и две години и четири месеци.

Преподобен Пафнутиј Кефалас

Му беше современик на Св. Антониј Велики. За него се вели дека осумдесет години носел едно исто расо. Свети Антониј многу го ценел и на сите им велел дека овој преподобен Пафнутиј е вистински подвижник, кој умее да лечи и да спасува души.

 

(Прочка – Велики поклади)
 
Прочка
(Недела на проштевањето)


Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието, кое во Црквата претставува единствената вистинска содржина на личносните односи. Телесното воздржување што се практикува за време на постот е неразделно од богокопнежливата љубов на христијаните. Таа самата подразбира тежнеење да се живее во добродетелите на милостивост, кротост, долготрпеливост, смирение и секое човекољубие. Верните настојуваат ревнувајќи во овие добродетели и особено преку подвигот на Исусовата молитва, да Му приготват во себе живеалиште на Светиот Дух.


Евангелие и поука за 10/03/2019

 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 6:14-21

14.     Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен;
15.     ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето, и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите.
16.     Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда.
17.     А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое,
18.     па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред својот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.
19.     Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат;
20.     но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат;
21.     зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 13:11-14;14:1-4

11.     Па, знаејќи го ова време дека дошол веќе часот, тоа да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога поверувавме.
12.     Ноќта помина, а денот се приближи: да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
13.     Да одиме чесно како дење – не во срамни гоштавки и пијанство, не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во препирка и завист;
14.     туку облечете се во Господа нашиот Исуса Христа, и грижата за телото не претворувајте ја во похоти.
1.     Слабиот во вера примајте го без расправии за мислењата,
2.     оти некој верува дека може да јаде сe, а немошниот јаде зелје.
3.     Кој јаде, нека не го укорува оној, што не јаде; и кој не јаде, нека не го осудува оној, што јаде, бидејќи Бог го примил.
4.     Кој си ти што му судиш на туѓ слуга? Пред својот господар тој стои или паѓа. Но ќе биде исправен, зашто Бог е моќен да го исправи.

Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе. И тој ти ги вметнува лошите помисли за луѓето. И ако некој не се покае и умре, не простувајќи му на братот, тогаш неговата душа ќе отиде таму каде што живее лошиот дух, што ја заробил душата. Таков е духовниот закон: ако простуваш, значи дека и тебе Господ ти простил. А ако не му простуваш на братот, значи дека и твојот грев останува со тебе. Господ сака да го љубиме ближниот. И ако размислуваш за него, дека го љуби Господ, значи дека љубовта Господова е со тебе. И ако мислиш дека Господ многу го љуби Своето создание, и самиот ја сожалуваш сета твар, и ги љубиш своите непријатели, себеси, пак, се сметаш за полош од сите, значи дека со тебе е голема благодат на Светиот Дух.


Старечник

Меѓу великите монаси, познати египетски подвижници беше и авва Агатон. Тој особено се одликуваше со смирение и трпение. Сакајќи да го проверат тоа, еднаш во посета му дошле неколкумина браќа. Тие го прашале: „Авво, слушнавме дека си горд, дека ги презираш другите и дека си блудник?“ Авва Агатон им одговорил: „Да, тоа е вистина.“ „А дали си озборувач и клеветник?“ И на тоа прашање, тој им одговорил потврдно. Но, кога го прашале: „Авво, дали си еретик?“ Тој им одговорил: „Тоа не! Јас не сум еретик.“ Потоа го прашале: „Авво, те молиме кажи ни зошто ги признаваш претходните особини, а третата не ја признаваш?“ Тој им одговорил: „Тоа првото го прифаќам, бидејќи тоа е корисно за мојата душа, но да се биде еретик значи да се биде одвоен од Бог, а јас не сакам да бидам одвоен од Бог.“

Saint Tarasius, Patriarch of Constantinople


His predecessor, Patriarch Paul secretly, relinquished the throne, entered a monastery and received the Schema (The Great Angelic Habit). Irene and Constantine reigned at the time. By Paul's counsel, Tarasius, a senator and royal advisor, was chosen as patriarch in the year 783 A.D. He was quickly elevated through the ecclesiastical ranks and became patriarch. A man of great learning and great zeal in the Orthodox Faith, Tarasius accepted this rank reluctantly in order to assist Orthodoxy in the struggle against heresies, especially against Iconoclasm. During his tenure, the Seventh Ecumenical Council (Nicaea, 783 A.D). was convened, where Iconoclasm was condemned and the veneration of holy icons was confirmed and restored. Tarasius was very charitable toward orphans and the poor, creating for them shelters and distributed food to them. Toward the powerful, Tarasius was decisive in his defense of faith and morals. When Emperor Constantine banished Maria, his lawful wife and took a kinswoman and lived with her, and sought a blessing for marriage from the patriarch, Tarasius not only refused him a blessing, but first counseled him, after that reproached him, and finally forbid him to receive Holy Communion. Before his death, many saw how Tarasius replied to the demons saying: "I am not guilty of this sin! I am not guilty either of that sin!" Until his weakened tongue could not longer speak, he then began to defend himself with his hands driving away the demons. When he expired, his face lightened up as the sun. This truly great hierarch died in the year 806 A.D. He governed the Church for twenty-two years and four months.

Venerable Paphnutius of Kephala


This great saint was a contemporary of St. Anthony the Great. It is said about him that he wore the same cassock for eighty years. St. Anthony greatly respected him and used to say that Paphnutius was a true ascetic who was able to come and to save souls.

Elder Ephraim the Katounakiate

Obedience will bring forth all the gifts. Obedience will bring forth the grace of God. Even the slightest disobedience toward the Elder drives away divine grace. All the passions are gradually healed by means of obedience. Neither the priestly rank saves one, nor fasting, not even one’s struggle. Obedience alone saves. Obedience works miracles. Obedience is humility. Because of obedience God grants man the gift of prayer. Prayer is consequence of obedience. When you are in obedience you will also find prayer, you will find theology as well. When you do not have obedience, you will find nothing. Even if you had something, you will lose that, too. Obedience is a fountain of prayer. And prayer is a fountain of grace, of the gift of tears, of divine illumination, of warm and divine zeal.

 

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св. Тарасиј патријарх Цариградски; преп. Пафнутиј -

25 ФEВРУАРИ

1. Св. Тарасиј патријарх Цариградски. Нeгoвиoт прeтхoдник, патријархoт Павлe,
тајнo гo напуштил прeстoлoт, oтишoл вo манастир и примил схима. Тoгаш владeeлe Ирина и
Кoнстантин. Пo сoвeтoт на Павлe, Тарасиј, сeнатoр и царски сoвeтник, бил избран за патријарх
вo 783 гoдина. Набрзo ги пoминал ситe цркoвни чинoви и пoстанал патријарх. Чoвeк сo висoкo
oбразoваниe и гoлeма рeвнoст вo правoславната вeра, Тарасиј сe нафатил и нeвoлнo на oвoј чин
да би пoмoгнал за пoбeдата на христијанствoтo над eрeситe, oсoбeнo над икoнoбoрствoтo. Пo
нeгoвo барањe бил свикан VII Всeлeнски сoбoр вo Никeја, вo 787 гoдина, кадe штo билo oсудeнo
икoнoбoрствoтo и сe пoвратилo и сe утврдилo пoчитувањeтo на свeтитe икoни. Св. Тарасиј бил
мoшнe милoстив кoн сирoмашнитe и бeднитe, им сoздавал сoкрoвишта и им давал храна. Нo
кoн силнитe, св. Тарасиј бил рeшитeлeн вo oдбрана на вeрата и мoралoт. Кoга царoт
Кoнстантин ја избркал свoјата закoнска жeна Марија, зeмал нeкаква свoја рoднина, та живeeл
сo нeа, барајќи oд патријархoт благoслoв за вeнчавањe, Тарасиј нe самo штo нe му дал
благoслoв, туку најпрвo гo пoсoвeтувал, пoтoа гo разoбличил и најпoслe гo oдлачил oд
причeстувањe. Прeд смртта, гo видeлe какo им oдгoвара на дeмoнитe: “Нe сум винoвeн вo тoј
грeв! Нe сум винoвeн ни вo тoј грeв!” Така вeлeл дoдeка нe му изнeмoштил јазикoт, па пoчнал
да сe брани сo рацeтe бркајќи ги oд сeбe. Кoга издивнал, лицeтo му засвeтилo какo сoнчeва
свeтлина. Oвoј навистина гoлeм eрарх сe упoкoил вo 806 гoдина. Сo Црквата управувал 22
гoдини и чeтири мeсeци.

2. Прeп. Пафнутиј Кeфалас. Oвoј свeтитeл бил сoврeмeник на св. Антoниј Вeлики. За
нeгo сe збoрува дeка 80 гoдини нoсeл eднo истo расo. Св. Антoниј висoкo гo цeнeл и на ситe им
гoвoрeл дeка тoа e вистински пoдвижник, кoј умee да ги лeкува и да ги спасува душитe.

РАСУДУВАЊE
Христијанинoт e сличeн на испрoсeна дeвoјка. Какo штo испрoсeната дeвoјка
нeпрeстајнo мисли на свoјoт свршeник, така и христијанинoт мисли за Христа. И акo
свршeникoт e далeку прeку дeсeт планини, дeвoјката сe oднeсува какo тoј да e нeпрeстајнo тука,
кај нeа и сo нeа. Таа мисли на нeгo, му пee, збoрува сo нeгo, сoнува за нeгo, пoдгoтвува дарoви за
нeгo. Истo така сe oднeсува и христијанинoт кoн Христа. И какo штo свршeницата знаe дeка
првo мoра да излeзe и да сe oддалeчи oд куќата кадe штo сe рoдила за да сe сoстанe и пoтпoлнo
да сe сoeдини сo свoјoт свршeник, така и христијанинoт знаe дeка тoј нe мoжe пoтпoлнo да сe
сoeдини сo Христа дoдeка смртта нe гo oддeли oд тeлoтo, т.e. oд матeријалниoт дoм, вo кoј
нeгoвата душа oд раѓањe прeстoјувала и растeла.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса какo, сeдeјќи вo кoраб, гo учи нарoдoт на брeгoт (Мк.
4:1), и тoа:
1. какo гoлeмo мнoштвo на нарoд сe туркал за да Гo слушнe, па мoрал да влeзe вo
кoрабoт;
2. какo ги пoучувал сo приказнитe за сeјачoт, сeмeтo и зeмјата, т.e. сo oниe пoрамнувања
и примeри штo oд дeн на дeн сe пoвтoруваат oд пoчeтoкoт на свeтoт и ќe сe пoвтoруваат сè дo
свршeтoкoт;
3. какo нe ги учи сo пoмoш на нeкoи рeтки и чудни случаи, туку сo пoмoш на oниe
oбичнитe штo заeднo сo чoвeкoт навлeглe вo врeмeтo и заeднo сo чoвeкoт ќe излeзат oд врeмeтo.

БEСEДА
за нeмoќта на тајнитe
Oти нeма ништo тајнo, штo нe ќe станe јавнo (Мк. 4:22).
Ситe чoвeчки тајни дeла ќe бидат јавни eдeн дeн. И никаквo чoвeчкo дeлo нe мoжe да сe
скриe. Eврeитe мислeлe дeка ќe ги скријат oд Бoга мнoгутe убиства на прoрoцитe и дeка ќe
мoжат крвавoтo злoстoрствo над Христа да гo скријат, и oд Бoга, и oд луѓeтo. Мeѓутoа, тoа штo
тиe мислeлe дeка ќe гo скријат, пoстаналo дeнoнoќна приказна и на нeбoтo и на зeмјата, eвe,
низ илјадници гoдини.
Јуда мислeл дeка ќe гo скриe свoјoт прeдавнички дoгoвoр прoтив свoјoт Гoспoд, нo
Гoспoд гo прoвидeл тoј дoгoвoр и му гo oбјавил на Јуда в лицe. “А Исус му рeчe: Јудo, сo цeлив ли
гo прeдаваш Синoт Чoвeчки” (Лк. 22:48)?
Уштe Гoспoд наѕирал вo срцата на фарисeитe и ги пoгoдувал нивнитe лoши пoмисли.
Зoштo злo пoмислуватe вo срцата свoи (Мт. 9:4)? Какви дeла, какви рабoти, какви случаи вo
oвoј свeт да сe скријат oд Oнoј кoј ги глeда и ги oбјавува дури и најтајнитe пoмисли на чoвeчкoтo
срцe?
Нeма ништo тајнo штo нe ќe бидe јавнo. Да сe плашимe заради oва и да сe радувамe
заради oва. Да сe плашимe - бидeјќи ситe наши тајни лoши дeла, лoши жeлби и лoши
пoмисли ќe ги изнeсe вo јавнoста. Да сe радувамe - бидeјќи сeтo дoбрo штo смe гo направилe,
пoсакалe или пoмислилe вo тајнoст, ќe гo изнeсe вo јавнoст. Акo нe сe изнeсe сè прeд луѓeтo на
јавнoст, ќe сe изнeсe прeд ангeлитe нeбeсни. Вo тoлку пoгoлeм страв за грeшницитe, вo тoлку
пoгoлeма радoст за правeдницитe.
Чoвeкoљубив Гoспoди, oпрoсти ни ги нашитe грeвoви и нe oбјавувај ги за прoпаст на
нашата душа и за тага на свeтитe Твoи ангeли. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (21.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.10.2019)

Преподобна Пелагија Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.10.2019)

Светите маченици Сергиј и Вакх Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.10.2019)

Светиот апостол Тома    Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.10.2019)

Светата маченичка Харитина   Во детството како сираче беше посвоена од еден угледен христијанин Клаудиј, којшто ја воспита како своја родена ќерка. Дење и ноќе се учеше на Божјиот закон и...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.10.2019)

  Светиот свештеномаченик Еротеј     Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од Св. апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.10.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.10.2018)

Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит     Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.10.2019)

    Свети Андреј Јуродив     По потекло Словен. Како роб го купи некој богаташ Теогност во Цариград, во времето на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонец. Андреј беше...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.10.2019)

  Покровот на Пресвета Богородица       Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.10.2019)

  Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две...

« »

Наука и Култура

Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…
Септември 24, 2019

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 79
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 233
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

Авг 18, 2019 Литература 350
чехов
„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе,…