логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Преподобен Авксентиј

Мошне угледен богаташ меѓу големците и дворјаните на царот Теодосиј Помладиот. Горејќи со љубовта Христова Авксентиј се замонаши и пребиваше уште недолго време во Цариград. Кога почнаа за него да зборуваат пофално, побегна од човечките пофалби и се оддалечи на една гора близу Халкидон, којашто потоа се нарече Авксентиева Гора. Не му се оствари желбата да остане таму засекогаш скриен од луѓето, зашто го најдоа овчарите и разгласија за него. И почнаа кај него да донесуваат болни за исцеление. И тој многумина ги исцели. На слеп му го врати видот, очисти лепрозни, ги помаза со елеј, подигна еден фатен и мнозина демонизирани ги ослободи од демоните. Уште поголем восхит предизвикува неговото смирение со кое ги примаше оние што ќе одведеа кај него болни заради молитвена помош. Или ќе ги помолеше присутните да застанат на заедничка молитва кон Бога за болниот, или прво ја утврдуваше верата кај луѓето па ги уверуваше дека ќе им биде според верата, или над главата на болниот изговараше: „Те исцелува Господ Исус Христос“. Сето ова го правеше само за да не му се припишува чудотворството нему, туку на Бога Кој е семоќен. Учествуваше на Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон и многу силно го штитеше Православието од ересите на Евтихиј и Несториј. Господ ја зеде неговата душа кај Себе кога беше во длабока старост. Се упокои во 470 година.

markov.prezde4.jpg

Преподобен Исакиј, затворник Печерски

Живееше во времето на Светите Антониј и Теодосиј. Во манастирот дојде како богат трговец. Остави сѐ и им раздели на сиромасите, а самиот се предаде на најстрог подвиг во заѕидана келија. Самиот Св. Антониј низ прозорчето му подаваше по една просфора секој втор ден. Опрелестен од демоните коишто му се јавија во ангелска светлина тој им се поклони ним, а потоа и на самиот сатана, уверен дека Му се поклонува на Христос. Од ова се разболе и одлежа две години, после што оздраве и стана попретпазлив и поискусен подвижник, заради што пред крајот му се даде изобилна благодат. Се упокои во 1090 година.

 

 † Упокоение на св. Кирил Солунски;

(Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни  )  

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

      
   
Евангелие и поука за 27/02/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 23:1-34;23:44-56

1.     И сето мноштво се крена, па Го поведоа кон Пилата,
2.     и почнаа да Го обвинуваат, говорејќи: „Го најдовме Овој како го развратува народот наш и забранува да се дава данок на ќесарот, и вели за Себе, дека е Он Христос Цар.”
3.     А Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?” Он одговори и му рече: „Ти велиш.”
4.     Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никаква вина кај Овој Човек.”
5.     Но тие и понатаму велеа дека Он го буни народот и поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па довде.
6.     А Пилат, штом чу за Галилеја, запраша: „Зар е Овој Човек Галилеец?”
7.     И кога разбра дека е Он од областа Иродова, Го испрати при Ирода, кој во тие денови, исто така, беше во Ерусалим.
8.     Ирод, кога Го виде Исуса, се зарадува многу, бидејќи одамна имаше желба да Го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него,
9.     и Му поставуваше многу прашања, но Он ништо не одговори.
10.     А првосвештениците и книжниците стоеја и непрекинато Го обвинуваа.
11.     Ирод, пак, со војниците свои, откако Го понизи и Му облече светла облека, Го прати пак при Пилата.
12.     И во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, оти порано беа скарани помеѓу себе.
13.     А Пилат ги повика првосвештениците и управниците, и народот,
14.     па им рече: „Ми Го доведовте Овој Човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква кривица во она, во што Го обвинувате;
15.     и Ирод исто така, оти Го пратив и при Него; и ете, Он не направил ништо, што би заслужувало смрт;
16.     па затоа ќе Го накажам и ќе Го пуштам.”
17.     А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник.
18.     Но сиот народ повика, говорејќи: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!”
19.     Варава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство.
20.     Пилат одново извика гласно дека сака да Го пушти Исуса.
21.     Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни!”
22.     Тој и по трет пат им рече: „Та какво зло направил Овој? Јас не најдов во Него ништо, што заслужува смрт; па затоа ќе Го накажам и ќе Го пуштам.”
23.     Но тие постојано настојуваа со голем вик и бараа да биде распнат; и надвладеа нивниот вик и оној на првосвештениците.
24.     И Пилат пресуди да им биде по желбата нивна,
25.     па им го пушти затворениот во темница за бунт и убиство, за кого молеа; и Исуса им Го предаде на нивна волја.
26.     И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го кладоа крстот, за да го носи по Исуса.
27.     А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него.
28.     Но Исус, кога се заврте кон нив, им рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца;
29.     зашто, ете, се приближуваат деновите, кога ќе се рече: »Блазе на неплодните и на утроби што не родиле, и на гради што не доеле!«
30.     Тогаш ќе почнат да им велат на планините: »Паднете врз нас«, и на ридиштата,,покријте нe!«
31.     Оти, кога ова го прават со зеленото дрво, што ќе биде тогаш со сувото?”
32.     Водеа и двајца злочинци, за да ги погубат со Него.
33.     И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злочинците, едниот оддесно, а другиот одлево.
34.     А Исус рече: „Оче, прости им, оти не знаат што прават!” И кога го делеа облеклото Негово, фрлија ждреб.
44.     А беше веќе околу шестиот час и настана мрак по целата земја, до деветтиот час;
45.     и сонцето потемне, и црковната завеса се расцепи преку средината.
46.     А Исус извика гласно и рече: „Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!” И штом го рече тоа, издивна.
47.     Стотникот, пак, кога виде што стана, Го прослави Бога и рече: „Навистина Овој Човек бил праведник!”
48.     И сиот народ, што беше се собрал да гледа, кога виде што стана, се враќаше со удирање в гради.
49.     А сите Негови познати, и жените, што Го следеа од Галилеја, стоеја подалеку и го гледаа тоа.
50.     И ете, некој си, по име Јосиф, член на советот, човек добар и праведен, -
51.     тој не беше учествувал во советот и во делата нивни -, од Ариматеја, град Јудејски, кој и сам го очекуваше царството Божјо,
52.     отиде при Пилата и го измоли телото Исусово;
53.     па Го симна и обви во платно, Го положи во исечен гроб, во кој уште никој не беше положен.
54.     Тој ден беше петок, и саботата веќе настапуваше.
55.     По него одеа и жените, што беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоа гробот и полагањето на телото Негово;
56.     па, кога се вратија, приготвија мириси и миро, а во саботата одморија според заповедта.

Апостол на денот: Соборно послание на светиот апостол Јуда 1:11-25

11.     Тешко ним, оти тргнаа по Каиновиот пат, се фрлија во корисната заблуда на Валаама, и загинаа во буната Кореева.
12.     Тоа се оние што ги поганат вашите вечери на љубовта, јадејќи со вас без страв и се гојат. Тие се безводни облаци, што ветровите ги пренесуваат, есенски неродни дрвја, кои двапати умреле, и се искорнати;
13.     свирепи морски таласи, што се пенат со своите срамоти; ѕвезди лажни, за кое се чува мракот на темнината засекогаш.
14.     А за овие пророкуваше и Енох, седмиот од Адама, зборувајќи: „Ете, иде Господ со илјадници Свои свети ангели,
15.     за да направи суд над сите и за да ги изобличи сите безбожници за сите нивни нечесни дела, што ги беа направиле со своето беззаконие, и за сите лоши зборови, што ги изрекле за Него безбожните грешници.”
16.     Тие се незадоволни викачи, кои живеат според своите желби, а устата нивна произнесува горди зборови, и за корист стануваат ласкатели.
17.     Но вие, возљубени, спомнете си ги зборовите, што ги кажаа апостолите на нашиот Господ Исус Христос;
18.     оти тие ви зборуваа дека во последно време ќе се појават подигрувачи, кои ќе постапуваат според своите безбожнички желби.
19.     Тоа се луѓето што се одделуваат од единството на верата; тие се телесни – и немаат дух.
20.     А вие, возљубени, изградувајќи се во пресветата ваша вера и молејќи се преку Светиот Дух,
21.     запазете се во љубовта Божја, очекувајќи милост од нашиот Господ, Исуса Христа, за вечен живот.
22.     И така разликувајќи ги, едни милувајте,
23.     а други со страв спасувајте, истргнувајќи ги од оган и изобличувајќи ги со страв, и гнасејќи се од облеката, испоганета од телото.
24.     А на Оној, Кој може да ве запази да останете безгрешни и без порок, и да ве постави пред славата Своја во радост, -
25.     на Единиот премудар Бог, нашиот Спасител преку Исуса Христа, нашиот Господ, слава и величие, држава и власт преку сите векови, сега и во сите времиња. Амин!

Поука на денот: Старец Ефрем Катунакиски
Послушанието ќе ги донесе сите дарови. Послушанието ќе ја донесе благодатта Божја. И најмалата непослушност кон Старецот ја одгонува божествената благодат. Сите страсти постепено биваат исцелени со помош на послушанието. Не спасува ниту свештеничкиот чин, ниту постот, ниту пак подвигот. Спасува само послушанието. Послушанието чини чуда. Послушанието е смирение. Поради послушанието Бог му го дава на човекот дарот на молитвата. Молитвата е последица на послушанието. Кога си во послушание ќе ја најдеш и молитвата, ќе го најдеш и богословието. Кога немаш послушание, нема да најдеш ништо. Па и да имаш нешто, и тоа ќе го загубиш. Послушанието е извор на молитвата. А молитвата е извор на благодатта, на дарот на солзите, на божественото просветлување, на топлата и божествена ревност. 

Поука на денот: Старец Ефрем Катунакиски
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).

 

Старец Паисиј Светогорец

Колку човекот станува подуховен толку помалку права има во овој живот. Должен е да трпи, да ја прима неправдата, да ги прима лошите зборови од другите. Еден никаквец (расипан човек) којшто е далеку од Бог има многу повеќе права: да напаѓа и да вика и да постапува неправедно. Нашите права Господ ни ги задржува за другиот живот. Иако го знаеме тоа, ние сепак често си ги бараме своите права овде. Ајде да не ги нарушуваме нештата ни малку. Ако некој нешто ни рече, веднаш му кажуваме што е право. А потоа мислиме дека веруваме во Бог. Тоа е вистинска смешка. Човечката правда на духовниот човек не му значи ништо, а има големо значење за една изопачена личност…

 Venerable Auxentius

Auxentius was a very prominent aristocrat among the noblemen and courtiers at the court of Emperor Theodosius the Younger in Constantinople. Enflamed with love for Christ, Auxentius was tonsured a monk and remained for a short time in Constantinople. When men began to praise him, he fled from their praise and settled on a mountain called Skopa near Chalcedon, which later was referred to as Auxentius' Mountain. His desire to remain there permanently, hidden from men, was not realized for some shepherds discovered him and made his whereabouts known. They began to bring the sick to him for healing. He healed many. He restored sight to the blind; cleansed lepers anointing them with oil; he also raised the palsied and freed many who were demon possessed. All of this was reason for amazement, but his humbleness was cause for even greater amazement. Whenever he was implored to heal someone he defended himself with the words: "I, also, am a sinful man!" Compelled by many requests, he approached healing in the following manner: he either invited all present to pray to God together with him for the sick person; or he first strengthened the faith in the people and then he told them that God will give to them according to their faith; or he prayed over the head of the sick person: "The Lord Jesus Christ heals you!" He did this so that the act of working miracles would not be attributed to him but rather to God Almighty. He participated at the Fourth Ecumenical Council (Chalcedon, 451 A.D.) and strongly defended Orthodoxy against the Eutychian and Nestorian heresies. In the year 470 A.D., the Lord took his youthful soul in his old age and his aged body remained in the earth from which it was created.


Venerable Issac, Recluse of the Kievan Caves


Issac lived during the time of Saints Anthony and Theodosius. He came to the monastery as a wealthy merchant. He left all and distributed everything to the poor and dedicated himself to the most strict form of asceticism in an enclosed cell. St. Anthony himself passed one prosfora (the bread offered for the celebration of the Divine Liturgy from which the Lamb (Agnec-Amnos) is removed and later consecrated and becomes the Body of Christ in Holy Communion) through an opening every other day. Deluded by demons who appeared to him in angelic light he bowed down to them and, after that, he bowed down before Satan himself believing that he was Christ. Because of that he became ill, and remained ill for two years after which he regained his health and became a more cautious and a more experienced ascetic. Because of this, before his death, God bestowed upon him abundant Grace. He died in the year 1090 A.D.


Holy Apostle Onesimus


Onesimus was one of the Seventy Lesser Apostles. He was a slave of Philemon but transgressed against his master and fled to Rome where he heard the Gospel from the Apostle Paul and was baptized. Since the Apostle Paul earlier converted Philemon to the True Faith, he reconciled the two of them, Philemon and Onesimus, master and slave, writing a special epistle to Philemon. It is one of the most emotional compositions which exist in Holy Scripture. "I urge you on behalf of my child Onesimus, whose father I have become in my imprisonment. Perhaps this is why he was away from you for a while, that you might have him back forever, no longer as a slave, but more than a slave, a brother, beloved especially to me" (Philemon 1:10,15,16). Moved by this letter Philemon, indeed, received Onesimus as a brother freeing him from slavery. Later, Onesimus was consecrated a bishop by the apostles themselves and accepted the episcopal throne at Ephesus following the Apostle Timothy. This is evident from the Epistle of Ignatius the God-bearer (Theophorus). At the time of Trajan's persecution, Onesimus, already an old man, was arrested and brought to Rome. In Rome, Onesimus gave an accounting of himself before judge Tertycus, was imprisoned and finally beheaded. A wealthy woman removed his body, placed it in a silver sarcophagus and buried it honorably in the year 109 A.D.


Venerable Eusebius, A Syrian Hermit


In the beginning Eusebius lived an ascetical life under the direction of holy men and later he withdrew and became a recluse. He fed entirely on plant life. He did not even taste fruit. He spent all of his time in prayer in the open spaces enduring all conditions of weather. He lived to be ninety-five years of age and died peacefully in the year 440 A.D.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

† Упокоение на св. Кирил Солунски; преп. Авксентиј

14 ФEВРУАРИ

1. Прeп. Авксeнтиј. Бил мoшнe углeдeн властeлин вo Цариград мeѓу властeлинитe и
двoрјанитe на царoт Тeoдoсиј Пoмладиoт. Загрeан сo љубoвта Христoва, Авксeнтиј сe
замoнашил и уштe малку врeмe прeстoјувал вo Цариград. Кoга пoчналe дe сe збoруваат
пoфалби за нeгo, пoбeгнал oд чoвeчкитe пoфалби и сe насeлил вo eдна гoра близу дo Халкидoн,
кја пoслe била нарeчeна “Авксeнтиeва Гoра”. Нe му сe oстварила жeлбата тука да oстанe
засeкoгаш скриeн oд луѓeтo заштo oвчаритe гo нашлe и разгласилe. Пoчналe да дoвeдуваат
бoлни кај нeгo на исцeлeниe и тoј исцeлил мнoзина. На слeп му гo пoвратил видoт, лeпрoзни
исчистил пoмазувајќи ги сo eлeј; така и фатeниoт гo пoдигнал, и мнoгумина дeмoнизирани ги
oслoбoдил oд дeмoнитe. Сeтo тoа e за вoсхитувањe, нo нeгoвата смирeнoст e за уштe пoгoлeмo
вoсхитувањe. Кoга и да гo мoлeлe нeкoгo да исцeли, тoј сe бранeл сo збoрoвитe: “И јас сум
грeшeн чoвeк !” Нo принудeн сo мнoгутe мoлби, тoј му пристапувал на исцeлeниeтo на
слeднивe начини: или ги пoвикувал ситe присутни заeднo сo нeгo да Му сe пoмoлат на Бoга за
бoлниoт, или првo ја утврдувал вeрата вo луѓeтo, па тoгаш им гoвoрeл дeка Бoг ќe им дадe
спoрeд вeрата, или гoвoрeл над главата на бoлниoт: “Тe исцeлува Гoспoд Исус Христoс!” Сeтo
тoа гo правeл самo чудoтвoрствoтo да нe му сe прeпишe нeму, туку на Бoга Сeмoќниoт.
Учeствувал на IV Всeлeнски сoбoр вo Халкидoн и силнo гo штитeл правoславиeтo oд
eвтихиeвата и нeстoриeвата eрeс. Вo длабoка старoст Гoспoд ја зeл нeгoвата млада душа при
Сeбe, а старoтo тeлo oстаналo вo зeмјата, oд кoја билo и сoздадeнo вo 470 гoдина.

2. Прeп. Исакиј, затвoрeник пeчeрски. Живeeл вo врeмeтo на свeтитe Антoниј и
Тeoдoсиј. Дoшoл вo манастир какo бoгат тргoвeц. Oставил сè и им гo раздeлил на сирoмаситe, а
тoј сe прeдал на најстрoгиoт пoдвиг вo заѕидана кeлија. Самиoт св. Антoниј низ oтвoр му
пoдавал пo eдна прoсфoра и тoа сeкoј втoр дeн. Прeлажан oд дeмoнитe, кoи му сe јавилe вo
ангeлска свeтлина, тoј им сe пoклoнил, па пoтoа и на самиoт сатана, вeрувајќи дeка тoа e
Христoс. Oд тoа сe разбoлeл, oдлeжал двe гoдини, пo штo oздравeл и пoстанал вниматeлeн и
искусeн пoдвижник, заради штo прeд крајoт му билo дадeнo oбилна благoдат. Сe упoкoил вo
1090 гoдина.

РАСУДУВАЊE
Зoштo луѓeтo oставаат eднo мeстo и сe сeлат на другo? Главнo, затoа штo сe надeваат
дeка ќe бидат пoсрeќни на другoтo мeстo. И навистина, oд глeдиштe на свeтoвниoт живoт и
задoвoлствата, мeстата мoжат да бидат различни, пoдoбри или пoлoши. Кoјштo нe сe надeва
на пoдoбар живoт пo смртта, тoј бара пoдoбра чувствeна паша вo oвoј живoт. Нo акo гo
слушнeмe срцeтo на oниe луѓe кoи мoжeлe и умeeлe да живeат на таканарeчeнитe најдoбри
мeста на зeмјината тoпка, ќe забeлeжимe нeзадoвoлствo, тага и oчај. Нe гo нашлe тoа штo гo
баралe. Јадeлe дo прeзаситeнoст на сeкoe мeстo и најпoслe гладни ја глeдалe смртта в oчи.
А пoглeдни ги христијанскитe свeтитeли! Тиe ги избиралe мeстата сo најмала свeтoвна
паша, мeста “суви, нeпрeoдни и бeзвoдни”, oсамeни и страшни штo најмалку привлeкуваат
вниманиe и за кoи никoј нe сe расправа. Ситe мeста на Зeмјата тиe ги смeталe за бeзврeдни, нo
oвиe ги избиралe за пoлeснo да сe приближат сo духoт и умoт свoј кoн бeсмртната свoја
таткoвина. И, акo нeкoј гo начуe нивнoтo срцe, би забeлeжал радoст и задoвoлствo.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса какo рoдитeл кoј плачe вo пустината за свoитe дeца,
пoвикувајќи ги и сoбирајќи ги, и тoа:
1. дeца на нарoдoт израилски (вo тoа врeмe);
2. дeца на ситe нарoди на Зeмјата;
3. дeца на ситe врeмиња и сoзданија дo крајoт.

БEСEДА
за oбратнитe врeднoсти вo Бoжјoтo царствo
И мнoзина први ќe бидат пoслeдни, а пoслeднитe први (Мт. 19:30; Лк. 13:30).
Кoлку e прeмудар Oнoј Кoј ги изрeкoл oвиe збoрoви! Oн нe рeкoл дeка ситe први ќe
бидат пoслeдни, а ситe пoслeдни први, туку мнoзина. Ниeдна грeшка нeма вo Eвангeлиeтo и
никадe нeма никаквo прeувeличувањe.
Зoштo Гoспoд oграничил и нe рeкoл “ситe”, туку “мнoзина”. Искуствoтo нè учи дeка
нeкoи oд oниe кoи билe први вo чeст на Зeмјата, oстаналe први вo чeст и кај Бoга. Ималo
царeви кoи oд свoјoт прeстoл Му угoдилe на Бoга. Ималo мнoгу бoгати кoи сo дoбрoтвoрствoтo
и вeрата сe спасилe, а ималo и сирoмаси кoи заради злoбата и нeвeрувањeтo примилe oсуда.
Ималo учeни луѓe кoи ги oдржалe вeрата и дoбрoдeтeлта. И така, нeкoи кoи билe oвдe први,
oстаналe први и таму, а нeкoи кoи сe пoслeдни oвдe, oстаналe пoслeдни и таму.
Нo мнoзина први oвдe пoстаналe пoслeдни таму. И, o радoст, o правда Бoжја: мнoзина
пoслeдни oвдe, пoстаналe први таму!
Гoспoд ниту нагласувал ниту пoфалувал билo кoј сталeж, ниeдeн занаeт, пoкрај
oстанатитe, туку рeгрутувал (и дeн-дeнeшeн рeгрутира) вoјска на свeтлината oд ситe сталeжи,
oд ситe занаeти и занимања. За нeгo нe e мeрилo за чoвeкoт ни круната, ни тoрбата на
прoсјакoт, туку вeрата - вeрата и дoбрoдeтeлта.
Гoспoди прeмудар, сeти сe и на нас вo Твoeтo царствo. На Тeбe слава и вeчна пoфалба.
Амин.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (14.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.07.2020)

Светите маченици Козма и Дамјан Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.07.2020)

Собор на Светите славни и сефални апостоли Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.07.2020)

Светиот апостол Петар Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.07.2020)

   Икона на Пресвета Богородица „Троеручица“    Пренос на моштите на Светите маченици Кир и Јован Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање....

Од Верскиот календар на МПЦ (10.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.07.2020)

Свети Сампсон Странопримец     Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети...

Од Верскиот календар на МПЦ (09.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.07.2020)

Преподобен Давид    Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку...

Од Верскиот календар на МПЦ (08.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (08.07.2020)

ИСУС ХРИСТОС СПАСИТЕЛ И ЖИВОТОДАВЕЦ Иконопис: Митрополит Јован Зограф од с. Зрзе Прилепско.1384 год.   Преподобната маченичка Февронија       Ќерка на сенаторот Просфор од Рим. За да избегне брак со...

Од Верскиот календар на МПЦ (07.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (07.07.2020)

Тропар, глас 4. Пророче и Претечо на пришествието Христово, не умееме достојно да те пофалиме, ние што со љубов те почитуваме. биделќи со твоето чесно и славно раѓање се разреши...

Од Верскиот календар на МПЦ (06.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (06.07.2020)

  Светата маченичка Агрипина Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоухание на девствена...

« »

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 311
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 771
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1005
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…