логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот Христов
преподобен Наум Охридски
20 јуни / 3 јули



Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот,
живеејќи по Дух, телото си го распнал,
преблажени Науме.
Си се стремел како апостолите да се подвизуваш,
и небројното мизиско мноштво во верата си го вовел.
Така и нас со твоите молитви,
избави нé од искушенија.

 Извор МПЦ – ОА

Тропар на свети
Наум Охридски Чудотворец
20  јуни / 3 јули

О снисхождение Господово,
о љубов Божја излеана,
за народ небесна копрена,
преку тебе велик Науме,
надеж наша во Господа полагаме,
име ти именуваме, срце си очистуваме.
Моли се за нас ангелу на Црквата која те прославува,
за народ кој пред тебе колена преклонува.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченици
Аристокле, Димитријан и Атанасиј
20 јуни / 3 јули

Гласот над водите те поведе од гората
во подножјето на Храмот Божји свети Аристокле,
 од каде со Димитријана и Атанасиј
стапивте на служба во војската Христова маченичка.
Спомнете си сега за нас од Небесното Царство,
вие свети служители на Божјата скинија.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Калист патријарх Цариградски
20 јуни / 3 јули

Блажен е патот на подвижништвото твое,
Калисте преподобен оче, ученик Григориев,
миленик на помазаникот, сотрудник Теодосиев,
 исповедник на вистината од устата Паламова,
тебе свет Христов пастиру молитвата Максимова
те испрати со ангелски пој:
блажени се непорочните на патот нивни.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов исповедник
Левкиј
20 јуни / 3 јули

Пастиру свети Левкие Христов,
на тебе се спростре Името кое го објави Духот Божји,
и преку тебе крштението ја источи силата своја
на оние кои во смртна сенка живееја.
Радувај се и за нас моли се свет исповедниче
бидејќи Црквата благодари
и Бога Го прославува преку твоите свети дела.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Методиј Патарски
20 јуни / 3 јули

Двоен венец Небесата ти исплете, блажен Методие,
кој стигна  да се храниш со десетте врлини,
и смирен исповедник на вистината кој прелеста
Оригeнова со благодатта Христова во прав ја развеа.
Радувај се мачениче, радувај се философе
и за нас непрестано моли се.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (03.07.2020)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

Од Верскиот календар:

Тебе, угоднику на живиот Бог, Науме, Чудотворче, кој си го исполнил законот на нашиот Бог и Спасител -- Исус Христос и си здобил од Него живот вечен, ти се поклонувам со љубов и ти благодарам со смирение за безбројните твои чудодејства со кои си им помагал на немоќните луѓе и си Го прославил името на Својот Бог и Спасител. Тебе, верен слуго на нашиот Бог и Спасител, ти се даде благодатта на Пресветиот Божји Дух -- бесови да изгонуваш, болни да исцелуваш, немоќни да подигнуваш, мачени да утешуваш и во сите неволји на луѓето да им помагаш.

Заради тоа, ние, иако недостојни, те почитуваме како духовна свирка низ која се излева сила и небесна утеха врз оние на кои им е потребна, и со славословие Го прославуваме Творецот Кој ти подари тебе -- обичниот човек таква божествена сила и достоинство. И сега кон тебе приоѓам со поклонување и умиление, праведнику и пријателу на Ангелите, преподобен оче наш Науме ; не престанувај да се молиш за целиот Православен род Христијански пред Престолот на Пресветата, Единосуштна Троица -- за праведниците и грешниците, за сите кои се на власт, за сите кои во неволји страдаат, за епископите, ереите и ѓаконите, ктиторите и дарителите на овој свет храм, за оние кои доаѓаат и се поклонуваат пред твоите свети и пречесни мошти, за болните и со вера упокоените, за старците и момците, за девојките и мајките. Светителу, оче наш Науме, човеку Божји, покриј ги нашите слабости и исцели ги нашите болести со твоите молитви.

Уште се молиме, сега и за Божјиот слуга ( име ) кој страда од немоќ и неподносливи рани. Ако со нив се сврзал заради својот грев, или своите родители, или некои свои роднини и поради грев ја добил оваа болест, посредувај, о, ангелоподобен светителу, пред престолот на Господа Кој те прослави, да му го прости гревот и раната да му ја исцели. Ако пак болеста е допуштена од Бога, по светиот Божји збор : Оној што Бог го љуби него и го казнува, го тепа секој син што го прима при Себе, милостиво замоли Го Семилостивиот и Седобриот Бог, да се смилува на овој  Свој слуга и да не допушта поголемо страдање отколку што тој може да поднесе како човек. Луѓето се телесни и ништожни и ниедно страдање не може да се поднесе без благодатта на Бога, Кој нас не закрепнува.

Светителу, оче наш Науме, брзо услиши не и исцели го Божјиот слуга ( име ) со твоите молитви, да не речат неверниците : Каде е неговиот Бог ? О свет и преподобен оче Науме, покажи ја и на овој Твој слуга твојата сила што ти е подарена од Семоќниот Господ и  која и досега си ја покажувал на безброј болни и немоќни кои и приоѓаат на твојата чесна рака со вера, покајание и молитви. Направи го целосен, здрав душевно и телесно ; одгонувај го и изгонувај од него пакосникот на човечките тела -- ѓаволот ; закрепни го неговото тело со здравје и сила, за да може душата негова да се подвизава, кае и подготвува за Царството. Одгонувај ја од него предвремената смрт, за да може и понатака, со добри дела да Му угодува на Благиот Бог и да ја стекне милоста Божја на Страшниот Суд.

Помоли се, о преславен Науме, чудотворче, за својот слуга (име), да му се простат гревовите волни и неволни, и очисти го од секаква нечистотија со твојот Свет Дух и со твоите свети молитви, оче наш Науме, па и во него да се прослави Светата Троица, Која тебе те прослави: Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Тропар на Св. Наум, Глас 4.
Соединувајќи се со Христа си го оставил светот,  живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како Апостолите да се подвизаваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас, со Твоите молитви, избави не од искушенија.

Превод: Фамилија Божиноски во соработка со уредниците на веб-страната на МПЦ Св. Петка.

 Извор: http://www.mpc-svpetka.com/

 

Светите маченици Аристокл, Димитријан и Атанасиј

Аристокл беше свештеник во соборната црква во градот Тамас на Кипар и водеше богоугоден живот. Заради својата голема ревност се удостои со глас од небото да оди во Саламина Кипарска за да прими венец на мачеништво. Но му се придружија ѓаконот Димитријан и чтецот Атанасиј. Кога овие Божји луѓе дојдоа во Саламина, почнаа да Го проповедаат Христа. Незнабожците ги фатија и откако ги намачија, Аристокл го убија со меч, а Димитријан и Атанасиј ги изгореа во оган, во 306 година.

Свети Калист I, патријарх Цариградски

Како ученик на Свети Григориј Синаит се подвизуваше на Атон во скитот Магула кај Филотејскиот манастир полни дваесет и осум години. Овде подоцна ја подигна Светата обител на Свети Мамант. Во 1350 година беше избран за патријарх Цариградски. По четири години се оддалечи од патријаршискиот престол и дојде повторно на Света Гора. Но во времето на царот Јован Палеолог беше вратен пак на престолот на којшто како патријарх остана до смртта. Се упокои во 1368 година на пат за Серез, одејќи накај српската царица Елена за да бара помош против Турците. Заедно со Игнатиј состави одлично раководење за подвижници. Освен тоа ги напиша и житијата на Св. Григориј Синаит, Св. Теодосиј Трновски, но и многубројни беседи. Интресно е да се спомне дека Св. Максим Капсокаливит му ја прорече смртта на Свети Калист. На патот кон Србија патријархот наврати на Света Гора. Кога го виде, Свети Максим рече: „Овој Старец нема веќе да го види своето стадо, зашто зад него оди надгробно пение: „Блажени се оние што непорочно одат.“

 1293 година. На нејзиното место денес се наоѓа турска џамија.

sv.Naumohridski.jpg

Светиот свештеномаченик Методиј, епископ Патарски

На подвиг се посвети уште од младоста и како град на врв планина го видоа и го повикаа за епископ во градот Патара Ликиска. Учен и благоглаголлив архиереј, пишуваше против ереста на Ориген. Неговите „боговдахновени зборови како молња заблеснаа во светот“. Се кренаа на него незнабожците, го мачеа и го заклаа во Халкида Сириска, во 311 година.

 

Свети Левкиј, епископ Врунтисиополски, во Италија

Роден е во Александрија и рано стапи во манастир. Се удостои со големи откровенија и голема благодат, така што и мртви воскреснуваше и ги изгонуваше демоните од демоноопседнатите. Прво беше епископ во Александрија, но на заповед од небото прејде во Италија, во незнабожечкиот град Врунтисиопол, којшто сиот го покрсти и во кој Ѝ изгради храм на Богородица. После голем и успешен подвиг се пресели во вечноста, во времето на царот Теодосиј II, во 5 век.

Друго:

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 826
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »