Не ожалостувај ја душата на падниот; не огорчувај го оној што е во сиромаштија. Не измачувај срце што е веќе огорчено; не ја одлагај милоста кон оној што нема. Не одбивај ги молбите на неволниците; лицето твое не свртувај го од сиромавиот; не свртувај ги твоите очи од оние што просат; никому не давај повод да те колне.
Атанасиј Митрополит Лимасолски: За тешката и прекрасна возраст на пубертетот – (III дел)
Ако постапиме така, човекот повеќе нема ништо да сака да ни каже. Тоа е искуството на општењето и ние како родители треба да им дадеме на децата чувство дека во секој миг можеме да ги сослушаме, без да се разгневиме, без да се запрепастиме и дека нема да почнеме да си ги корнеме косите ниту да паничиме, па што и да ни кажат.