Одејќи од светата Гетсиманија кон Елеонската гора, наидуваме на манастирот на авва Аврамиј, што го основал самиот авва Аврамиј. Тој потоа, по Евдоксиј, станал игумен на новата црква посветена на сефалната Богородица и секогаш Дева Марија. Во тој манастир на великиот Аврамиј, во времето кога го посетивме, игумен беше некои авва Јован од Кизик. Ние го прашавме за следново:
Нашата (христијанска) забуна е што барајќи ја сигурноста во овој свет, најчесто се определуваме за онаа група од втората опција, маскираната во побожен лик, која, всушност, Го предаде; затоа што сме потполно исти како нив.
Атеистите најчесто за другата – која Го осуди и распна.
Со Велигден ни доаѓа вистинската Светлина што го просветлува сиот свет и секој еден човек во него. Воскресението Христово менува сѐ. Деновите по Велигден ја сочинуваат Светлата седмица, која навистина е светла. Всушност, до Томина недела, Литургијата не престанува. Да се погрижиме и да испланираме и следната седмица да појдеме в Црква.
Но и покрај ова тој не очајуваше за неговото спасение, туку, враќајќи се од грешните дела, ќе се исплачеше во Црквата со истите зборови кон Бог, Господ, Кој го љуби човештвото, додавајќи го следново: „Господи мој, ти се заколнувам дека повеќе нема да го правам овој грев. Само прости ми, Добар и Семилостив Господи, за сите гревови кои сум ги направил од почетокот до овој момент“.
Беше, пак, болен некој си Лазар, од Витанија, од местото на Марија и нејзината сестра Марта.
2. А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа, која Го помаза Господа со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса.
3. Тогаш сестрите нарачаа по Него, велејќи: „Господи, ете, оној што го милуваш, болен е.”
4. Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.”
Покажувајќи на главата, ми велеше:
– Еве каде се нивните болести. Како можат нешто да работат, ако постојано размислуваат за своите болести!..
И замислете, таа сè уште е жива! Од тогаш во манастирот веќе умреа други две монахињи, а мајка Елисавета сѐ уште е таму…
Треба да го практикуваме Божјото присуство во нашиот секојдневен живот. Свети Јован Кронштадски вака ни го објаснува ова: „Верувај непоколебливо дека Бог те гледа како што веруваш, дека секој што стои лице во лице со тебе те гледа, само со таа разлика, што Небесниот Отец гледа сè што е во тебе, сè што си ти… Бог ни е поблизок нам од било кој човек, во било кое време. Затоа мораме секогаш да Го ставаме Бога пред нас, на нашата десна страна, и таму да Го гледаме;
Св. Амфилохиј, епископ Икониски, земјак, другар и пријател на св.Василиј Велики и св.Григориј Богослов, високо образован и голем подвижник, ја опишува следната потресна случка: Имало некој човек, напaднат од блудната страст; тој многу често паѓал во грев, но, исто така, многу често прибегнувал кон Бога со покајнички солзи и молитви. После покајанието, победуван од навиката, тој повторно грешел.
- Што правите во Црквата?
- Ништо.
- Ништо не правите?
- Да!
- Тогаш зошто одите во Црква?
- Епа добро, бебето во утробата мајчина прави ли нешто? Тоа е во утробата на мајката и само се храни и расте, а кога ќе дојде времето, ќе се роди. И ние го правиме истото.
...Еден млад монах го видел старецот надвор од ќелијата, легнат на земјата како им рони трошки леб на мравките, кои на тоа место имаа направено гнездо. „Што правиш таму, старче? – го прашал, а тој му одговорил: „Еве што правам, се учам на сострадание…“ Токму ова сострадание и љубов кон секој човек, животно, растение, дрво и сето создание, ќе го сочинува критериумот на нашето спасение.
Никој не може да и наштети на душата што верува. Било што да претрпи, на неа и се смета за добивка.
Жезалот во рацете на ангел е симбол на моќ и достоинство. Архангел Гаврил или Михаил може да се видат на иконите со глобус или огледало, кои ја означуваат небесната сфера, симболизирајќи универзум, диск или штит. Глобусот во повеќето случаеви се претставува светол и транспарентен како стаклена топка или сфера.
Многу сме Ѝ должни на нашата Пресвета Богородица. Затоа Црквата толку многу Ја почитува и слави. Затоа свети Григориј Палама, сумирајќи ја отечката теологија, вели дека Богородица е втора после Света Троица, дека е Бог после Бога, граница помеѓу создаденото и несоздаденото, „претстојател на спасените“, според еден друг убав израз на богословот на нашата Црква. А свети Никодим Агиорит,
Кога размислувам за мојата огревовеност, во мене се јавува каење (раскајување). Значи, не станува збор за покајание (метаноја), туку каење. Покајанието е дар на Светиот Дух. Бог ќе ми даде покајание. На пример, си сторил нешто и си велиш „Оф леле! Што направив? Зошто не го послушав старецот? Сега старецот ќе ме прекори!“ Ова е каење. Но, кога јас ќе те викнам и ќе ти речам, „Чедо мое, што стори?“