логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Св. Амфилохиј, епископ Икониски, земјак, другар и пријател на св.Василиј Велики и св.Григориј Богослов, високо образован и голем подвижник, ја опишува следната потресна случка:

Имало некој човек, напaднат од блудната страст; тој многу често паѓал во грев, но, исто така, многу често прибегнувал кон Бога со покајнички солзи и молитви. После покајанието, победуван од навиката, тој повторно грешел. Но, после падот, повторно одел во Црква, паѓал ничкум пред иконата на Господ Исус Христос, плачел и говорел: “Господи смилуј се на мене и оттргни го од мене ова страшно искушение! Заробен од задоволствата, јас сум сиот во ужасни рани.“

Долго време правел така, не престанувал да греши, но, не престанувал ни да се кае. Еднаш дал завет пред иконата на Спасителот: “Господи, еве од овој час, ветувам дека никогаш повеќе нема да згрешам. Само те молам, Благи, прости ми ги гревовите што ги направив од почетокот, па сé досега.“

Но, иако дал таков завет, тој повторно паднал во истиот грев. И тогаш, после веќе закоравената навика, отишол во Црква, паднал со лицето на земјата, плачејќи, ридајќи, преколнувајќи Го милостивиот Господ да се сожали на него и да му подаде рака за помош, бидејќи немал сили да се оттргне од гадното сладострастие.

Додека се молел и плачел, ѓаволот, гледајќи дека никако не успева да го победи, бидејќи сите негови гревовни замки, овој покајник ги кинел и уништувал со својата надеж во милоста Божја, му се јавил во видлив облик.

Влегол во црквата во облик на човек, и застанувајќи крај вратата, сатаната се обратил на иконата на Господ, Спасителот наш, и громко повикал:

’Што е тоа меѓу мене и Тебе, Исусе Назареецу? Твоето сожалување е несфатливо и неумесно! Зошто го примаш тој блудник, нечист, кој од нозете до главата е целиот осквернавен. Тој секој ден Те прелажува, Ти се потсмева, ја презира Твојата власт, ја прекршува заклетвата, со која Ти се заколна… Зошто во пепел не го претвориш? Зошто уште чекаш и Си попустлив?… Зошто тогаш Те нарекуваат праведен судија? Но! Ти пристрасно гледаш на одредени луѓе! Нема правда во судот Твој!…’

Така говорел ѓаволот и од гнев низ устата испуштал пламен. А кога тој замолкнал, од жртвеникот се слушнал глас, сличен на далечна грмотевица. Тој глас говорел вака:

Змијо лукава и погибелна! Не ја насити својата злоба со тоа што го проголта светот, па сакаш и оној, кој се надева на мојата милост, да го зграбиш и раскинеш. Или во него има толку гревови, што ти ги изедначи со Крвта Моја, која е пролеана на Крстот за него! Токму за блудниците, безакониците и грешниците Јас се распнав и за нив пречистите Свои раце ги раширив, за секој кој сака, да прибегне кон Мене и да се спаси. Од никого Јас не се одвраќам и на никого нема да му ја скратам Мојата добрина, па макар и некој илјада пати на ден да Ми приоѓа, па да се оддалечува, и потоа пак да Ми пристапува…

Додека гласот грмел, ѓаволот стоел како закопан во место, не бил во состојба ни да бега, ниту да се сокрие. А покајникот го нашле упокоен, лежејќи пред иконата и облеан во солзи.

 

Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/beskrajna-ljubov-milosrdie-bozhjo-sprema-chovek/

 

Друго:

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 642
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…