логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скопје, 26 јули

Од 26 јули до 4 август 2017 во Младинскиот културен центар се случува промотивниот проект „Европска престолнина на културата“ што има за цел да го стимулира и поддржи културниот развој на градот Скопје, да ги поврзе претставниците на сите институции на културата, заедно да се подготват за изработка на темелна, оригинална и конкурентна програма до претстојните термини за аплицирање за оваа европска титула.
 
За отворањето утре направен е избор од програмите на европските престолнини на културата: Сан Себастијан, Шпанија 2016; Плзен, Чешка 2015 и Монс, Белгија 2015:
 
20.00 ч. „Фотодокумент“, Отворање фотографска изложба на Вацлав Шваб (ЕКОК Плзен 2015, Чешка)
 
Вацлав Шваб е реномиран фотограф кој живее и работи во Плзен, Република Чешка и е еден од водечките градски фотографи. Создава уметнички, концептуални, комерцијални, модни, рекламни, документаристички/репортажни фотографии.
 
20.30 ч. „Јас, ти и градината“, фотографска инсталација, (ЕКОК Монс 2015, Белгија)
 
Избор на четири фотографски инсталации – осум фотографии од четири фотографи, поставени на отворена локација; црно-бели / колор фотографии, дигитални печатења на форекс.
 
21.00 ч. „Пораки од границата“, Документарен филм, филмска репортажа, (ЕКОК Сан Себастијан 2016, Шпанија)
 
Овој проект е резултат на стручната меѓународна работилница „Значењето на титулата Европската престолнина на културата и нејзиниот придонес за културниот и општиот развој на градот‘‘ во 2015 година на кој се поврзавме со претставници на ЕПК Нови Сад 2021, ЕПК Риека 2020, Љубљана и ЕПК Пловдив 2019, по што следуваа низа активности.
 
Организатор на настаните е ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“ – Скопје, а покровител е Град Скопје.

Каталог во електронска форма на македонски јазик можете да превземете тука, а на англиски јазик тука.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie