логоFacebookTwitterYouTubeeMail

По повод светскиот ден за борба против Хепатитот

28 Јули 2017 година

Хепар Центар Битола и Министерството за Здравство ја потпишаа и подржааа Декларацијата за регионална соработка за елиминација на Хепатитот до 2030 година во Загреб на регионалниот состанок посветен на процесот за елиминација на Балканот, земјите од југо-источна Европа и Израел  (во прилог декларацијата, слики од состанокот и прерс конференцијата во Загреб.)

Декларацијата е подржана и потпишана од 12 држави земји учеснички и нивните претставници од различните институции како и  ЕЛПА -European Liver Patients Association (Хрватска, Македонија,Србија,Албанија,Босна и Херцеговина, Бугарија,Романија,Унгарија,Израел,Црна Гора , Словенија и Косов)

#NOEXCUSE FOR #NOhep одржаниот состанокот во Р.Хрватска беше под покровителство на Претседателката на Р.Хрватска Г-ѓа Грабар Китарович на кој зaедно учествуваа земјите од регионот како и WHO EURO-Светската Здравствена организација Европски регион, European Centre for disease Prevention and Control an agency of the European Union , World Hepatitis Alliance and -European Liver Patients Association

Декларацијата ќе се промовира  денес на 28 Јули 2017 на светскиот ден за Борба против Хепатитот во 11 часот во Центарот за Култура во Битола каде воедно ќе се одвива бесплатно и анонимно тестирање за Хепатит Ц и крводарителска акција, воедно се продолжуваат активностите на познатат улица широк сокак со делење на едукативни брошури а денот го завршуваме со музички хепенинг за намалување на стигмата против овие заболувања на плоштадот магнолија во Битола со почеток од 21 часот.

Хепар Центар Битола своите активности ги продолжува во туристичките центри Охрид и Струга



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie