логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Скопски летен ритам
Програма на активности 20 јули - 23 јули 2017

20.07.2017 Четврток
„Две гитари - еден звук “ Концерт  на Дуо Бојкоски
20:30 часот  Плоштад Мајка Тереза
Виртуозни изведби на: Бах, Моцарт, Бетовен, Жобин, Пако Де Лусиа, Стинг, Клептон, како и сопствени композиции.
          
21.07.2017 Петок
„Понуда за брак“ - театарска претстава на Детскиот алтернативен театар „Мали, а големи“
20:30 часот Плоштад ВМРО
Едночинката „Понуда за брак“ од Антон Павлович Чехов е тетарска престава со која ќе настапат членовите од Детскиот алтернативен театар "Мали, а големи" кој функционира во рамките на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија.
 
22.07.2017 Сабота
Концерт на „Монистра“ – етно група
20:30 часот Плоштад Филип Втори
 Тие се 15 години на сцена и ја негуваат неправилната ритмика на македонскиот звук. Неодамна го промовираа вторио музички албум „Киниса моме на вода“, филигрански изработен, со кој го збогатија нивниот авторски опус.
 
23.07.2017 Недела
Концерт Трио „Ишарет“ - македонска инструментална етно музика
20:30 часот  Плоштад Богородица
Две гитари и несекојдневни удиралки, бендир, кахон и костарикански тропалки се богатство од музика на улица. Изворната музика со примеси на џез, класика или фламенко техники, даваат еден посебен „ишаретски“ шмек на песните и прават лезет за душа, за тој што во моментот на отворена сцена ги слуша.
https://youtu.be/mVAsSJ7t1YY



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie