логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

ОСАНА, СВЕТ ГОСПОД САВАОТ


Прашање:
Бог на помош! Оче, ме интересира што значи ОСАНА и зошто велиме СВЕТ ГОСПОД САВАОТ?
Борко
_______________________________________________________
 Кога свештеникот вели на Литургија „Победничка песна пеејќи, повикувајќи, извикувајќи и велејќи’’, тогаш сите пееме победничка песна „Свет, свет, свет е Господ Саваот, се исполнува небото и земјата со Славата Твоја.’’
Овие три збора „Свет, Свет, Свет’’ укажува на троичноста на Боженствата, а зборот „Господ Саваот’’ укажува на Неговото единство. Осана се додава исто така на оваа песна зашто е земена од Ерусалимските деца кои со таа песна Го дочекаа доаѓањето на Господ во Ерусалим, „Осана на Висините, благословен е оној кој оди во името на Господа.’’ Зашто тогаш Господ дојде во Ерусалим за да Самиот Себе се жртвува. Тоа значи деке ние со ангелите кои непрестајно пејат „Свет, Свет, Свет’’, додаваме детска песна, односно луѓе и ангели заедно, односно целата Црква зашто Црквата е небо на земјата и земја на небото.
Тоа ви го покажува и градбата на нашиот храм. Гледате ние православните имаме византијски стил на цркви, што значи тоа? Кога цар Константин и’  даде слобода на Црквата, научниците твреа дека земјата е коцка, а небото округло. Биејќи Христос дојде од Небесата за да ги обедини небото и земјата, а тоа е Црквата која Он ја основа, тогаш добиваме градба со облик како што се византијските храмови кои и ние ги имаме, а тоа е доле коцка, а куполата заокружена каде Христос е Пантократор.
Самиот збор „Господ Саваот’’ значи „Кој е наднебески војски’’, а Осана е еврејски збор и значи „Подај Господе спас’’или „Господи спаси’’.
- о. Дејан

       

Подготви:

Снежана Корнет

26-ти ноември 2018 лето Господово

                            


Извор:
http://svetosavlje.org/osana-svjat-gospod-savaot/?pismo=cir&fbclid=IwAR1LtTFUjeL_8MjLT2TsvQnJIgpkvWXqz1ZjowWUFWtfYFe798MgnGx4Fww



Поуки од Светите Отци

krusevoexport