логоFacebookTwitterYouTubeeMail

20182799_10213511861540417_573420202_n
„Самата таа глетка, гробу, ме плаши и прави срцето да лее солзи додека размислувам за долгот што ние, сите луѓе, го должиме. Kако воопшто можам да го поднесам? О, смрт! Kој може да те избегне?“

Денес го празнуваме  споменот Св. Сисое Велики, заштитник на децата

Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева, според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне.  Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше 60 години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред смртта лицето му заблеска како сонце. Монасите стоеја околу него и ѝ се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание. Се упокои во длабока старост, во 429 година.


20205985_10213511861820424_121968317_n

Фреска на Св. Сисое Велики пред гробот на Александар Македонски, од Сливничкиот манастир

20182799_10213511861540417_573420202_n

Во Сливничкиот манастир, кој датира од 17 век на падините на планината Баба над Преспанското Езеро, изграден и живописан во 1607 година, во периодот на јеромонахот Никанур,во јужниот дел на долапот од прозорецот е насликана фреска со светиот преподобен Сисое Велики. Откриена е од страна на м-р  Ленче Крстевска.Тој е прикажан со кренати раце и зачудувачки гледа над гробот, односно кон костурот на Александар Македонски и како да вели: О смрт! Целиот свет не беше доволно голем за тебе, Александре! Како сега си се сместил во 2 метра земја?!

Фреската побудува чувства на збунетост, страв и не ве остава рамнодушен,  ве тера да размислувате  за земното, минливото, распадливото за правта и пепелта на земната суета човечка.

Според преданието за свети Сисое Велики, тој во пустината го пронашол гробот на Александар Македонски. Kога го видел, се ужаснал и рекол: „Kолку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел“. По ова, го затворил гробот и никому не му го покажал. На фреската, со старословенско писмо пишува:

„Самата таа глетка, гробу, ме плаши и прави срцето да лее солзи додека размислувам за долгот што ние, сите луѓе, го должиме. Kако воопшто можам да го поднесам? О, смрт! Kој може да те избегне?“

20196935_10213511862500441_343144881_n

Византолозите напомнуваат дека фреската во Сливничкиот манастир е насликана по текст од христијанска беседа – Те гледам гробу, која била актуелна иконографска тема во црковната уметност кон крајот на 15 век, односно 16 и 17 век на овие простори.

Во нишата, над западната врата, каде што е претставена Богородица со Христос, зачуван е потпис  на зографот Никола, автор на фреските на црквата.

20206457_10213511861660420_1592961321_n

Во овој контекст, поврзана со антиката во Сливничкиот манастир, во нартексот  е зографисана фреската Страшниот суд , на која се претставени 4-те пагански царства: Вавилонското, Македонското, Перасиското и Римското.

Идентична ,можеби иста фреска со светиот Сисое над гробот на Александар Македонски, има и во „Варлам“ на Метеори, што алудира дека е творение на истиот зограф, Никола.

Фреска на која е насликан Александар Велики со круна на главата има и во околината на Пустец, Албанија.

19859083_10213511863100456_454601041_o

Известува: Марија Касовска

Извор:

http://www.pppe.mk/2017/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%b8%d1%81%d0%be%d0%b5-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b8-%d0%b8-%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d1%80-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4/#more-12004

Друго:

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 746
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

Денес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа... Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку...

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

« »