логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

7.Vselenski.sobor

 

ДОАЃАЊЕТО НА ЈЕРОМОНАХОТ КИРИЛ
ВО ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР

Јеромонахот Кирил Пејчиновиќ пред да постане игумен на Лешочкиот манастир, бил игумен на Марковиот манастир „Свети Димитриј Солунски“ во с. Сушица, Скопско. По издавањето на неговата прва книга „Огледало“, која успеал да ја отпечати во 1816 година во Будим, поради тоа што книгата била на народен мајчин јазик и поради здобиената слава кај народот, настанало несогласување помеѓу него и Скопскиот фанариотски митрополит Натанаил. Откако отец Кирил разбрал за заговорот на митрополитот Натанаил со турскиот Али-бег за негово убивање, веднаш заминал на Света Гора – Атонска за да се посоветува со татко му монахот Пимен и со чичко му монахот Далмант. Оттаму се вратил во Марковиот манастир и решен, набрзо ноќно време, некаде при крајот на 1817 или во почетокот на 1818 година, со две мазги натоварени со книги, икони и други работи, го напуштил манастирот и дошол во своето родно село Теарце, недалеку од Лешок, со намера да го обнови разурнатиот Лешочки манастир.

Додека престојувал во Теарце започнал да размислува и правел планови како да ја реализира својата желба за да го возобнови Лешочкиот манастир. Пејчиновиќ се зафатил со голема енергија на таа работа. Во Поменикот на Лешочкиот манастир самиот пишува за тешкотиите што требало да се совладаат. Најнапред побарал согласност од месното сиромашно население. Дел од лешочани се противеле на обновувањето на манастирот, но откако поголемиот дел се согласиле, според правилата побарал дозвола од турските власти. Со Полог во тоа време управувал Абдул Рахман-паша.

Отец Кирил успеал со помош на ковачите Милош и Трпко9 и со својата отвореност, ведрина, комуникативност и дипломатија, со голема внимателност да ја добие посакуваната дозвола за обнова на манастирот во с. Лешок од Абдул Рахман-паша. Откако го добил одобрението од пашата, отец Кирил разговарал со парохиските свештеници. Некои му дале подршка, а некои не, но охрабрен и со силна вера веќе бил решен да ја исполни својата цел.

Така го продал својот имот во Теарце и заминал во манастирот.
Од неговото доаѓање во Лешок и Лешочкиот манастир во 1818 година, тој до крајот на својот живот останал во манастирот, каде што и се упокоил на 12 март 1845 година. За тие 27 години поминати во Лешочкиот манастир ќе пишуваме во продолжението на овој труд.

ИГУМЕНОТ КИРИЛ КАКО ОБНОВИТЕЛ,
ГРАДИТЕЛ И КТИТОР НА ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР
И ВОЗОБНОВИТЕЛ НА МОНАШКИОТ ЖИВОТ

Доаѓањето на отец Кирил во Лешок се случило во време на општ економски подем во османлиска Македонија. Во тој период кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век, како резултат на Ќучук кај нарџискиот мировен договор и на брзиот развој на занаетчиството и трговијата, се создале сериозни услови за подигање на цркви и училишта од страна на ново-создаденото граѓанство. Тоа е периодот кога всушност се формираат првите црковно-училишни општини, во кои започнал процесот на македонското национално будење. Во една таква благопријатна општествена состојба, отец Кирил се зафатил со обновување на рушевините во манастирот.

На обновувањето на Лешочкиот манастир отец Кирил му го посветил најголемиот дел од својот живот. Веднаш по доаѓањето, парите од продажбата на својот имот ги вложил во манастирот и со тоа станал првиот манастирски ктитор. Го затекнал манастирот во најлоша состојба и морал да започне сѐ од почеток. Со помош во вид на работна рака и подароци од страна на поголем број од селаните од Лешок и околните села, со помош на занаетчиите од Тетово и од другите градови, отец Кирил успеал да го направи невозможното и да го обнови Лешочкиот манастир. Имало и луѓе кои не сакале да се обнови манастирот. Како се одвивало возобновувањето и кои биле помагачите на тоа богоугодно дело повеќе податоци се наоѓаат во Манастирскиот поменик.

Прв игумен на возобновениот манастир бил јеромонахот Кирил. Тој се покажал како голем градител и организатор на црковниот живот на народот во Полог. Изградил конак и училиште. Ги отворил манастирските врати за изолираниот народ, кој во тоа време под турско ропство – единствен спас гледало во манастирот. За време на престојот во Лешок, односно сѐ до својата смрт, игуменот Пејчиновиќ бил доста активен. Тој бил и првиот учител на народен јазик со локален дијалект. Во манастирското ќелијно училиште со своето залагање успеал да образова повеќе свештеници. Но од особена важност е тоа што успеал да го оживее манастирот и духовно и да собере манастирско братство. По неговата смрт, него ќе го наследат неговите монаси, кои ја продолжиле мисијата на својот игумен.

Со обновувањето на Лешочкиот манастир се поврзани и повеќе ле генди и преданија од кои дознаваме за снаодливоста, практичноста и философската интуиција на игуменот Кирил. Една од најпознатите легенди зачувани од заборавот преку преданието е легендата за проширувањето на Лешочкиот манастир преку надмудрувањето на Есад-паша, кој им дозволил да го прошират манастирот само колку што е голема кожата од еден бивол.
Откако отец Кирил го возобновил манастирот, почнал да создава економски основи за негово осамостојување. Постоеле повеќе начини за стекнување и зголемување на манастирскиот имот, а најчесто тоа се практикувало преку подароци и завештанија од верниците и околината. Од Лешочкиот манастирски поменик дознаваме повеќе информации и за начинот на стекнување и проширување на имотот на Лешочкиот манастир.

За економскиот развој и подем, односно за економското зајакнување на Лешочкиот манастир, пишувал познатиот професор по современа историја на македонскиот народ и архивистика во ИНИ Новица Велјановски, кој врз основа на базата21 на сочувани документи заклучува дека Лешочкиот манастир во времето на игуменот Кирил, не само што постанал културен центар, туку благодарение на неговата дејност станал и важен економски центар.

Продолжува

 

Друго:

7.Vselenski.sobor

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 243
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 710
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА  за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

« »