Многу е лесно да ја префрламе топката, ние имаме таква навика да ја префрламе топката на другиот и да прашуваме: „Отче, што да правам? Да го земам тој човек или да не го земам?“ Да, но ако ти кажам да го земеш, а здравјето ти се наруши, се појават душевни проблеми, болести, едно-друго, тогаш ќе велиш: „Ти ме посоветува да го земам!“ Што и да стане, за мене ќе се фатиш. Не, одговорноста треба да е твоја. Тоа е многу важно.
Отец Арсениј Бока: Сакате ли добри свештеници? – Родете ги!
Пред неколку години додека бев ѓакон, дојде една жена, и ми одржа предавање за тоа, какви треба да бидат свештениците, дека нивната служба е духовна, и поради тоа не треба да земаат пари воопшто и да живеат скромен живот. Делумно се согласив со неа, и ја прашав дали има син. Таа ми потврди и ми кажа дека е осмо одделение. „Штом е така – ѝ реков – запишете го во средното богословско училиште, па потоа нека заврши и факултет...