логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скопје, 24-ти септември 2017 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски

 

 

 

 

   Апостол и Евангелие за преподобен.
Причесен: Праведниот останува во вечен спомен. Алилуја.

Величанија
Радувај се, охридски славен род,* обновителу на храмот на преславниот Илија,* радувај се, посреднику за тие што со љубов* ги целиваат твоите моштиЈоаникие.
Со чесниот Пророк и Крстител,* Бигорската обител, што те чествува побожно,* благослови ја и покриј, молејќи се на Бога,* преподобен, богоносен, свет Јоаникие.

 

 

 

На  24-ти септември 2017 година, од манастирската црква „ св.Георгиј Победоносец“( во Криви Дол,со свечена литија беа донесени  моштите на преподобeн Јоаникиј Ракотински во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“, во Скопје, каде на Божествена Литургија беше впишан во списокот на светиите.

Во присуство на многубројниот верен народ,со Божествената Литургија чиноначалствуваше Архиепискотот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на  Архиереите  на МПЦ- ОА, како и бројното свештенство од сите епархии. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

Одлуката на САС на МПЦ-ОА за впишување на Јоаникиј Ракотински во списокот на светиите ја прочита епископ хераклејски Климент.

Беше осветена и иконата на преподобен Јоаникиј Ракотински, а киводот со моштите на светителот ќе биде изложен во Соборниот храм се до завршување на   изградбата на храмот на светите Константин и Елена.

Преподобниот Јоаникиј ќе биде литургиски прославуван на 24 јануари- денот на неговото упокојување.

 

 

 

 

 

Преминпортал (к.т)

Фото: К.Т/Скопска Епархија

 

Друго:

 DSC_0997

Не времето и околностите ги провозгласуваат светиите, туку благородството на совршената и нелицемерна љубов кон Бога Така запиша во синаксарот од богослужбата за Преподобниот Јоаникиј, химнографот на Великата Христова Црква, сепреподобниот јеромонах Атанасиј Симонопетрски. И несомнено, светоста не може да се ограничи во просторот и времето, бидејќи како исклучиво Божјо својство, таа ги надминува и…



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »