С. Серафим Роуз, во една прилика рекол: „Зошто луѓето се учат преку болката и страдањето, а не преку удобноста и среќата? Многу едноставно, затоа што преку удобноста и среќата, човекот се навикнува да се задоволува со нештата од овој свет, додека болката и страдањето го тераат човекот да трага по најдлабоката среќа, која го надминува овој свет“.
Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 18 јануари / 31 јануари 2024
Делата засветлија во Православието
со нив го замолкнавте злословието,
победоносци станавте,
ги обогативте сите со благочестие,
и Црквата ја украсивте,