логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

СПОМЕН НА СВЕТИТЕ ОТЦИ НАШИ; И
АРХИЕПИСКОПИ АЛЕКСАНДРИСКИ;
АТАНАСИЈ И КИРИЛ


УТРЕНА


Тропар, глас 4.


Боже на нашите татковци, Кој секогаш постапуваш со нас според Твојата кроткост, Твојата милост од нас не одземај ја, но со нивните молитви нашиот живот во мир упати го.


Или овој тропар, глас 3.


Откако засветливте со делата на православието и сета злоба ја изгаснавте, носители на победа станвте, со вера ги збогативте сите и Црквата обилно ја украсивте, достојно Го најдовте Христа Бога, Кој ни дарува милост голема.


Канон на св. Атанасиј, чиј акростих е: Атанасиј стана похвала на православието.
Творба Теофанова. Глас 8.


Песна 1.



Ирмос: Фараонот, кој беше на чело на борбените коли, Мојсеевиот жезол, во она време, на чудесен начин го потопи, кога (Мојсеј) со него направи крст и ја раздели водата, а го спаси Израилот кој одеше пеш и на Бога песна Му пееше.

Принесувајќи му на Атанасија похвала од добродетели, повеќе сакам да Му принесам похвала на Бога, од Кого на луѓето им се даде најфалениот дар на добродетелта, чиј жив лик и печат беше овој свештенослужител.

Исполнет со мудроста Божја, и откако со твојот ангелски живот засветли повеќе од сонцето, преподобен отче, ти ги надмина нашите закони на пофалба. Но, блажени отче, прими ги, иако не умееме достојно да те фалиме.

Ние составуваме песна во слава на твојот спомен, колку што можеме. Но, до крајност лишени од песна достојна за тебе, Атанасие, бараме да ни дадеш прошка и изобилна благодат на Духот преку тебе.

Блажени Атанасие, со младешка ревност ги умртви нападите на телесните страсти, откако уште во младоста ја стекна мудроста старечка и постојана, зашто сите чувства ги раководеше со љубовта кон Премудроста.

Богородичен: Преславни работи се зборуваа за тебе од поколение во поколение, Богородице Марие, зашто во твојата утроба Го смести Бога Словото и чиста остана. Затоа сите ние те почитуваме како наша застапница пред Бога.




Друг канон на св. Кирил, чиј акростих е: Кирил е лира на божествените созерцанија. Творба на Јован (Дамакин). Глас 4.




Песна 1.




Ирмос: Кога древниот Израил пеш го мина дното на Црвеното Море, како по суво, со прекрстени раце на Мојсеја, силата на Амалик ја победи во пустината.


Откако ја прими светлоносната благодат од Бога, светол светилник се покажа, и со твојот спомен нѐ озари со словесни зраци, Кириле, та достојно да те воспееме.

Мудар Кириле, ти се исполни со светлината на Духот, како чувар на Христовите заповеди и, очистен од страстите, вистински стана живеалиште на Пребожествена Троица.


Славен Кириле, исполнет со ревност и слобода, искрено ги изобличи безбожните ереси – сите овие богоборни дрдорења, заштитувајќи го православието.


Богородичен: Ти си родила Еден од Пребожествена Троица, Сечиста, Кој преку тебе ни се јави во тело, со благоволението на Отецот, и содејството на Светиот Дух, Богоневесто.



Песна 3.



Ирмос: Христе, Кој во почетокот ги утврди небесата со разум и земјата ја основа на водите, утврди ме на каменот од Твоите заповеди, зашто никој не е свет повеќе од Тебе, Единствен Човекољупче.


Откако душата и телото си ги очисти од секаква скверна, Атанасие, достојно се покажа како храм на Бога. Затоа цела (Света) Троица најде почивка во тебе, себлажен свештеноначлнику.


Кога благодатта на Светиот Дух ја најде твојата душа каква што ја сакаше – очистена од страстите, јасно го покажува во неа своето дејство, и за пресветло светило на светот, отче, те поставува.


Премудри (Атанасие), за светите ти беше како правило за светителството, а твојот живот стана образец за дејствување; твојот јасен збор – образец за созерцавање, а твоето учење се покажа како вистинско богословие.

Богородичен: Богородице, ти се покажа повисока од херувимите и серафимите, зашто само ти Го прими несместливиот Бог во својата неосквернета утроба. Затоа, Пречиста, сите ние верни со песни те именуваме блажена.


Друг канон.

 


Ирмос: Во Тебе се всели Црквата Твоја, Христе, викајќи: Ти си моја крепост, Господи, и прибежиште и утврдување.


Поткрепен во Христа, со твојот ум, Кириле, примките на лукавата змија си ги раскинал како пајажина.


Ти ја стресе калта на страстите од твојата душа, Кириле, откако победи во себе секаква горделива помисла, која се креваше против Христа.


Како добро извежбан подвижник, отче, решително си се оттргнал од секакво телесно сладострастие, како штетно и погибелно.


Богородичен: Откако со помош на Светиот Дух се предочисти, ти Го роди Словото на Отецот, Пречиста, за доброто на словесната природа.




Кондак, глас 4.

 


Свештеноначалници најголеми на верата, и храбри борци на Црквата Христова, сочувајте ги сите кои што пеат: Спаси ги, Штедар, тие што со вера Те почитуваат.


Седален, глас 3.

 



Отче Атанасие, како што предодреди Оној што прв те повика, ти си бил предобраз на бесмртноста, бидејќи, откако благочестиво ги умртви Ариевите мудрувања, стана неповредлив бранител на Вистината. Затоа, воспевајќи те како што редот наложува, го славиме твојот божествен спомен.



Слава, на Кирила.



Сеславен Кириле, ти ја изобличи лагата на ересите, а ја појасни православната вера; како богоглаголив и благочестив, во светот проповедаше да Го славиме Едното Божество во Троица, едносуштно по природа, а неслеано по Лица. Затоа, собрани заедно, го славиме твојот свет спомен.


И сега, Богородиченː


Несфатлива и недостижна е, Владичице од Бога израдувана, страшната Божја тајна што се изврши преку тебе, зашто Го зачна и Го роди Неопфатниот, Кој од твојата пречиста крв се облече во тело. Него, Сечиста, како Твој Син секогаш моли Го, да ги спаси душите наши.




Песна 4.



Ирмос: Ти си моја крепост, Господи, Ти си моја и сила. Ти си мој Бог и радост моја. Без да ги оставиш прегратките  на Отецот, ја посети нашата сиромаштија. Затоа со пророк Авакум Ти викам: Слава ѝ на Твојата сила, Човекољупче!


Духот Христов, Кој во горната одаја слезе на учениците и достојно ги исполни, сето ова живоносно вдховение ти го вдахна и тебе, отче (Атанасие), и те покажа како тринаесетти апостол, за да ја проповедаш верата православна.


Силно разгорен од ревноста божествена, и пред да го примиш епископството, помагајќи на соборот во Никеја ја проповедаше едносушноста на Синот (со Отецот). Затоа Христос те постави за архиереј и учител на Црквата.


Имајќи го  в раце црковното кормило, добиено од Божјата промисла, Атанасие, како некоја секира ги сосече сите душегубни хули на еретиците, искоренувајќи ги како трње, а словото го ширеше како семе, и мудро го обработуваше.


Од твојот огнен јазик, Атанасие, изгоре чудното Ариево делење, и Савелиевото слевање – овие две неизмерно спротивни зла, но слични по своето безбожие, а со нив и секое еретичко хулење.


Богородичен: Ти си похвала на верните, Безневесна, ти си застапница, ти си прибежиште за христијаните, бедем и пристаниште, зашто ти ги носиш молбите кон твојот Син, и ги спасуваш од неволи оние што со вера и љубов те признаваат за чиста Богородица.




Друг канон.



Ирмос: Кога Те виде на крст издигнат, Сонце Праведно, Црквата застана на своето место (се збуни), достојно викајќи: Слава ѝ на силата Твоја Господи.


Богоносен отче Кириле, кога Христос виде како ти ги победи душетлените страсти, и ги скроти телесните помисли, те постави да претседаваш со Црквата Божја.

Како возљубен син, откако ја наследи татковската добродетел Маркова, ти стана наследник и на неговиот престол, врвејќи по стапките на божествениот евангелист.


Отче (Кириле), како овца напасен од Христа, како пастир си го пасел стадото, изобилно хранејќи го со душехранливи зборови, како со треви и цветови на благодатта.


Богородичен: Оној Кој создаде сѐ од ништо, се раѓа од тебе, Богомајко, озарувајќи го светот со светлите зраци на божеството, и со светлината на богопознанието.




Песна 5.



Ирмос: Зошто ме отфрли од Твоето лице, Светлино незаодна, и мене бедниот ме покри необична темнина! Но, се молам, обрати ме и, кон светлината на твоите заповеди, патиштата мои насочи ги.


Отче Атанасие, оставајќи Го Христа да зборува преку доброгласниот орган на твојот јазик, идолската ерес и писмено ја посрами, упатувајќи ги заблудените, и кон вистинскиот Бог обраќајќи ги.


Отче блажени, сите погубни ереси ги изобличи со зборови и списи, со твоите мудри докази изгонувајќи ги од вселената кобните ереси, и непобитно појаснувајќи ја верата православна.


Отче Атанасие, Црквата Христова навистина те смета за еден од најголемите мудри учители, и те вброи меѓу апостолите, кој го посведочуваш непорочното слово на верата.


Богородичен: Откако се здоби со мајчинска смелост пред Твојот Син, Сечиста, твојата грижа за нас не презирај ја, се молиме, зашто ние христијаните те имаме за единтвено милостиво очистување пред Господа.




Друг канон.



Ирмос: Ти си, моја Светлина, Кој си дошол во светот, Светлина света, Кој ги обраќаш од мракот на незнаењето оние што Ти пеат со вера.


О Кириле, кој сега го созерцаваш лицето Христово, лице в лице, вистински ослободен од огледала, сега си соединет со Оној Којшто беше твојата единствена желба.

Твојот говор, Кириле, личеше на бурен тек на река надојдена, која ги одвраќа матните сплетки на еретиците.

О Кириле, ти од основа ги отфрли одвратното Ариево делење, и валканото Савелиево слевање.

О Кириле, твоите збогатувачки зборови ти ѝ ги остави на Црквата Христова како злато, и како бесценети камења.


Богородичен: Богоневесто, тебе те имаме како непобедливо оружје против непријателите, и те придобивме за тврдина и надеж на нашето спасение.

Песна 6.



Ирмос: Очисти ме, Спасе, од многуте мои беззаконија и, се молам, од бездната на злото изведи ме. Кон Тебе повикав, и услиши ме, Боже на моето спасение.


Кога Аполинариј се покажа како сејач на необично семе од овоземни зборови и мудрување за Христовото вочовечување, ти остро го изобличи како бесмислен и безумен, себлажени (Атанасие).


Преподобен (отче), ние верните црпеме од реката на зборови и од медот послатки, кои течат од твоите усни, како од непресушен извор на благодатта.


Отче (Атанасие), секој што со внимние ги чита твоите мудри списи како што треба, им се восхитува и доаѓа до заклучок дека во нив пророчки се побиени и сите идни ереси.


Богородичен: Богородице чиста, со твоите молитви да се избавиме од нашите гревови, и да примиме, Сечиста, божествено просветлување од Синот Божји, Кој се воплоти од тебе.





Друг канон.




Ирмос: Гласно ќе Ти принесам похвала, Господи, Ти вика Црквата, очистена од крвта демонска, заради милоста на крвта, од Твоите ребра истечена.


Серафимот му даде жар на пророкот со клешти, а ти, свештеноначалнику, со твоите раце на Црквата Христова ѝ даваш очистување, разгорено од огнот на божеството.

Кириле, ти не ги уништи соседните иноплеменици како Самсон, туку ги порази туѓите и неправославни учења, а на православните им даде поткрепа.


Богоизбраниот собор јасно предводејќи го, си ја поразил, отче, безбожноста Несториева и неговата дрскост Христоборна, дишејќи со ревност по вистинската Богомајка.


Богородичен: О чудо, поново од сите чуда! Како Дева, без маж, Го зачна Оној што ја држи вселената, без да се стеснува!?


Кондак, глас 2.

Откако ги насади учењата на православието, го исече трњето на погрешните учења, и го умножи семето на верата со росата на Светиот Дух, преподобни. Затоа те воспеваме, Атанасие.

Икос: Верни, со песни денес да го прославиме сепразничниот спомен на Атанасија и Кирила, зашто во бездната на погибелта тие го фрлија измамникот Арија, заедно со Евномија и Савелија, и ги предадоа да горат во вечниот оган, зашто тие неправедно похулија на Спасителовото воплотување. Затоа те воспеваме, Атанасие.



Песна 7.

 


Ирмос: Божјото снисходење го збуни огнот во Вавилон во она време, затоа младите момчиња во печката се радуваа, со весели  чекори, како во расцветана градина, и пееја: Благословен си, Боже, на нашите татковци.


Отче (Атанасие), кој го носиш името на бесмртноста, откако православно проповедаше дека Словото- Единородниот Син е рамночесен и сопрестолен на Отецот, веднаш потоа учеше дека и Светиот Дух е сопрестолен, едносуштен и совечен (со Отецот и со Синот).

Кога таткото на злобата те виде како учител и свештен проповедник на Трисолнечната Светлина, и како православната вера ја проповедаш дури до краиштата на земјата, против тебе покрена прогонства.


Безбројни беа неволите што ги претрпе во борбата за верата, блажени, а беа светли и венците што ги прими, оти како дијамант ги поднесе биењата, и сите како магнет ги привлече кон себе.


Откако ги протера безбожните учења, туѓи на Црквата Христова, ти учеше дека Божеството е едно во Три Ипостаси, и си Го воспевал: Благословен си, Боже, на нашите татковци.


Богородичен: Сега целата вселена се исполни со Божествената светлина, преку тебе Пречиста, бидејќи ти се покажа како врата, преку која Бог му говореше на светот, просветлувајќи ги оние што со вера викаат: Благословен си, Боже, на нашите татковци.


Друг канон.


Ирмос: Децата Аврамови во печката персиска, горени повеќе од љубов кон благочестието, отколку со пламенот, викаа: Благословен си, Господи, во храмот на Твојата слава.


Во она време на Синајската Гора во мракот Мојсеј го прими законот на писмото кое убива, но ти, блажени Кириле, ја откри скриената убавина на Духот.


Отче (Кириле), како роза што го открива својот цвет, ти ја откри потајната смисла на Законот кој некогаш беше даден во загатки, како на деца, и јасно ги покажа нивните образи.

Кириле (блажени), вдахновен од благодатта, ти ни ги направи сосема јасни тешките за разбирање книги на Божјите проповедници и пророци, кои под вдахновение на Светиот Дух ги напишаа.

Отче Кириле, ти јасно богословеше за Трите Ипостаси, неслиено соединети во Едното Божество, без мешање ниту делење, неизменливи во единствената суштина и божество.


Богородичен: Радувај се, осветено и божествено живеалиште на Севишниот, зашто преку тебе, Богородице, им се даде радост на оние што викаат: Благословена си ти меѓу жените, Сенепорочна Владичице.


Песна 8.


Ирмосː Халдејскиот мачител, седумпати повеќе од обично, ја разгоре печката за благочестивите момчиња, но кога ги виде спасени од некоја повисока сила, на Творецот и Избавител Му викаше: Благословен си, Господи Боже, во вековите.


Атанасие, славен украсу на светителите, столбу на светлината и тврдино на Црквата, бранителу на (Света) Троица, златна трубо на богословието, точен законописецу на монашкиот живот, со нас празнуваш, усовршувајќи ги свештениците, и верните луѓе приведувајќи ги кон Христа во вековите.


Ти си вистински бесмртен, како што тоа го кажува и твоето име (Атанасиј), зашто ти со твојот збор си ги надминал дејствените (луѓе), победувајќи ги со својот строг живот и опитните говорници: и во двата погледа си ги надминал сите врвови. Затоа, откако болсна со неспоредлива добродетел, се здоби со бесмртен спомен во вековите.


Со твоите доблесни страдања, богопријатен тајнонебеснику, ти си го покажал светителството во најдобра светлина; со твоите чести прогонства за (Света) Троица, ти си ја протерал прелеста. Неа проповедајќи Ја, си викал: На Отецот – поклонете Му се, Синот – благословете Го, а Духот – воспејте Го во вековите.

Богородичен: Непрестајно да ја воспеваме Онаа што по тело Го роди Бога – Едниот од Троица, која и по раѓањето пак остана цела, како повисока од херувимите и почесна од серафимите, викајќи: Момчиња, благословете Го; свештеници, воспејте Го; луѓе, превозносете Го во сите векови.


Друг канон.

Ирмос: Даниил, кога ги рашири рацете, ги затвори челустите на лавовите во јамата; и младите момчиња, љубители на благочестието и препашани со добродетели, ја угасија огнената сила, викајќи: Сите дела на Господа, благословувајте Го Господа.


Во тебе, отче (Кириле), како морски бран потече извор на премудроста, зашто од твојата утроба потекоа реки од благочестиви учења, што течат непрестајно, како што претскажа Христос, оти твоите зборови што говорат за Бога се побројни и од песокот.


Преподобен Кириле, откако се покажа како пастир и мудар учител на Црквата, јасно ги протолкува и двата Завета. Имајќи ги твоите зборови како котва и татковско наследство, таа вика: Сите дела Господови, благословете Го Господа.


Кириле, ти нѐ учиш за Создателот на сѐ – Словото, Кој заради нас се воплоти, за Неговото неразделно и неслиено единство, избегнувајќи ја и едната и другата стрмнина, викајќи: Сите дела Господови, благословете Го Господа.


Богородичен: Словото, Кое отпрвин се раѓа од Отецот без мајка, од тебе, Сечиста, се раѓа без татко, откако порано бесплотниот се воплоти поради милосрдие, сакајќи да ги спаси тие што викаат: Сите дела Господови, благословете Го Господа.



Песна 9.


Ирмос: Небото се исплаши и краиштата на земјата се зачудија, кога Бог им се јави на луѓето во тело, а твојата утроба стана поширока од небесата: затоа, Богородице, ангелите и луѓето заедно те величаат.


Твојот живот, Атанасие, болсна како молња, и твојот глас како гром се рашири над сите оние што сонцето ги покрива, зашто од небесата си имал вистинско вдахновение. Затоа, гробот, кој е причина за заборав, не го згасна твојот спомен.


Сега, кога појасно си озарен од трисолнечната и трисветла светлина, одозгора како огледало, на твоите певци како сонце им испушташ светли зраци и ги примаш, блажени, нашите молби и барања колку и да се големи, и покрај нашето недостоинство.


Ние што пееме, прилежно те молиме, моли се за Црквата да ѝ биде дадена победа преку крстот, на православната вера – крепкост против ѓаволските ереси, нам, пак, спасение и мир за светот, во твојот спомен, Атанасие.


Богородичен: Дево, ти си Го зачнала Словото Божјо – Создателот на вселената, против волјата на телото, и си Го родила нетлено и без болките мајчински. Затоа и со јазик и со срце те исповедаме за Богородица и те величаме.


Друг канон.

Ирмос: Ева, поради болеста на непослушноста ја всели клетвата; а ти, Богородице Дево, со процутувањето на плодот во твојата утроба , на светот благослов му процвета. Затоа сите ние те величаме.

Со сите твои сили, Кириле, ти го сруши горделивото знаење што безбожниот Несториј го крена протв Христа и Неговата божествена Мајка, кој правеше разлика меѓу Синот Божји и синот на Богородица, како и славењето на природите што го предлагаа Безглавите.


Блажени (Кириле), со силата на разумот и со просветлувањето на благодатта, ти ја исповеди Троица едносуштна, и Синот како воплотен Бог и, како бранител на Богородица, сега се прославуваш во висините.


Вечно споменуван отче, ти нѐ надгледуваш одозгора – нас твоите певци, давајќи им победа на тие што се знаменуваат со твојот крсен знак, со твоите молитви издигнувајќи го достоинството на твоите верни, и просветлувајќи ги оние што го величаат твојот спомен.


Богородичен: Сечиста Дево, која се роди од неплодна мајка по волја на Оној што со заповед преобразува сѐ, моето неплодно срце за божествените добродетели покажи го плодоносно, за да те воспевам тебе – Сепеана.


Светилен од Октоих.
Слава, на светите:


Атанасие блажени и Кириле богојавени, светители Господови, вие се јавивте како семудри тајници и бранители на Пребожествена Троица, откако го победивте Арија, заедно со него и Савелија, а веднаш потоа и злочестивиот Несторија, и заедно со нив секоја друга прелест на безбожните ереси.



И сега, Богородичен:

Кириле себлажени, ти ги учиш верните со смелост да ја именуваат Богороица и вистински да ѝ се поклонуваат, уништувајќи ја безбожната прелест Несториева.

Стиховни од Октоих.
Потоа припев: Твоите свештеници нека се облечат во правда; Твоите светии нека се зарадуваат.


Стихира, глас 3.

Свечено да ја прославиме големата слава на светите Атанасија и Кирила, непобедливите застапници, зашто тие со силата на Пресветиот Дух ги поразија таборите на ересите, и трофеите на православието ги подигнаа по целата вселена, давајќи го точниот број на Троичната тајна, според ипостасите и нивните различни својства, и пак собирајќи ги во неслиено единство, поради еднаквоста на нивната суштина и, херувимски богословејќи, се молат постојано за душите наши.

Слава, истиот глас:
(Германова)

Многустрадалниот Атанасиј е голема труба на вистината; тој денес ја повикува Црквата на (евхаристиска) трпеза. Затоа, на ова торжество, сите ние верните светло да го пресретнеме добриот пастир, со песни оддавајќи им почит на неговите свештени подвизи, та, по неговите молитви, да примиме од Христа Бога милост голема.

И сега, богородичен, или крстобогородичен:

Гледајќи Го родениот од тебе, Сенепорочна, како виси на дрвото, си воскликнувала викајќи: Највозљубено мое чедо, Кој го украси родот човечки, каде зајде Твојата светлоносна убавина?


Изворː ИЗБОР на месечни и празнични богослужби. Прв том, Септември – јануари (препев и превод од црковнословенски јазик протојереј – ставрофор Јован Таковски).– Битолаː Преспанско-пелагониска епархија, 2008.

 


Подготви: Светланка Трајчева

 31ви јануари 2019 лето Господово

 

 Друго:

http://mistagogia.mk/wp-content/uploads/2014/06/PC140592-%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%98-%D0%B8-%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BB1-e1403278696576-768x1024.jpg

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная