Рахила плачеше по своите деца,
о свети пустињаци од дванаесетте манастири,
а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,
ангел Господов свитата ваша ја предводеше
до престолот на Христа Живиот,
Во Страсниот понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа. Вторник е посветен на темата за Мудрите девојки кои, за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање. Во среда нашето внимание е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство на Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другиот пак, за пари го предава со бакнеж.
Зошто нигде не се чита во Библијата или се кажува нешто за расните арапски коњи, за високите камили и брзи дромедари?
Зошто токму едно мало, сиво осле, игра една голема улога во животот на Спасителот ? Сигурно Тој виде често пати, како едно мало, но толку корисно животинче, страдаше од сурова човечка рака!
Повеќе пати се раскажува во Свето Писмо за ова суштество:
Од твоето срце за Христа спремно
пламен ревносен излезе,
о Евпсихие свети мачениче,
ја запали лагата од овој свет,
осветлувајќи ги бездните на темнината со факелот
Сето тоа толку изградува, просто не можеш да се воздржиш од солзи, во се' се гледа Божјата промисла. Како се' е прекрасно создадено и милостиво за се' се грижи и ништо не заборава.
Птичките се такви малечки, ноџињата како сламки, а постојат и се хранат и во време на мраз. Слава Господи на Твојата премудрост
Има ли подобро осигурување од надежта во Бога? Кога човек се надева во Бога постојано добива најдобро гориво и неговото духовно возило никогаш не застанува, постојано се движи. Биди внимателен колку што можеш, моли се и надевај се во Бога, и Он ќе ви помогне во секоја прилика. Поедностави го својот живот со целосна надеж во Бога, и ќе се ослободиш од теснотијата и несигурноста.
Св. Кирил Александриски во негова беседа на Неделата на Цветници се осврнува на релацијата, но и на разликата помеѓу двата големи Господови празници. Вчера, вели, т.е. на Лазаревата Сабота, празнуваше Витанија, денес, т.е. на Неделата на Цветници, целата Црква го прима Божјото присуство. Вчера Христос му подари живот на друг, т.е. на Лазара, денес Самиот доаѓа кон смртта. Вчера воскресна четвородневниот, денес доаѓа во Ерусалим тридневниот.
глас 1
Христе Боже, за да нé увериш во општото воскресение,
пред Твоето страдање го воскресна Лазара од мртвите.
Затоа и ние, како децата носејќи ги знаците на победата,
Ти пееме Тебе, Победителу на смртта:
"Радости моја, таму каде што е Бог, таму нема зло.
Се што потекнува од Бога, е со возвишен мир и полезно за душата,
и го приведува човекот кон смирение и самоосудување".
Милостината значи да го прифатиш човекот кој седи до тебе и да не го отфрлуваш дури и во помислите. Имајќи милост спрема другите, покажувате дека сте слични на Господа. Просјакот ја испружува раката не да бара, туку да ти го пружи Царството Небесно, а ти не забележуваш! Запомнете: просјаците се библиски личности.
Но и покрај ова тој не очајуваше за неговото спасение, туку, враќајќи се од грешните дела, ќе се исплачеше во Црквата со истите зборови кон Бог, Господ, Кој го љуби човештвото, додавајќи го следново: „Господи мој, ти се заколнувам дека повеќе нема да го правам овој грев. Само прости ми, Добар и Семилостив Господи, за сите гревови кои сум ги направил од почетокот до овој момент“.
„Лазар, пријателот наш, заспал;
целото човештво заспало
но ќе отидам да го разбудам“
Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека“ (11: 25-26) . Болест, која не е на смрт, е било која болест за човекот, кој верува во воскресението и вечниот живот.
Беше, пак, болен некој си Лазар, од Витанија, од местото на Марија и нејзината сестра Марта.
2. А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа, која Го помаза Господа со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса.
3. Тогаш сестрите нарачаа по Него, велејќи: „Господи, ете, оној што го милуваш, болен е.”
4. Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.”
Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид на чoвeкoт и сeкoј му гo oткрива свoјoт свeт вo прoтивпoлoжба eдeн кoн друг. Грeвoт гo сoбoрува видoт на духoт кoн зeмјата и му гo oткрива гнилeжниoт свeт; дoбрoдeтeлта гo вoздигнува видoт кoн нeбoтo и му гo oткрива бeсмртниoт свeт и вoскрeснатиoт Христoс какo Цар вo тoј свeт.
Покажувајќи на главата, ми велеше:
– Еве каде се нивните болести. Како можат нешто да работат, ако постојано размислуваат за своите болести!..
И замислете, таа сè уште е жива! Од тогаш во манастирот веќе умреа други две монахињи, а мајка Елисавета сѐ уште е таму…
Треба да го практикуваме Божјото присуство во нашиот секојдневен живот. Свети Јован Кронштадски вака ни го објаснува ова: „Верувај непоколебливо дека Бог те гледа како што веруваш, дека секој што стои лице во лице со тебе те гледа, само со таа разлика, што Небесниот Отец гледа сè што е во тебе, сè што си ти… Бог ни е поблизок нам од било кој човек, во било кое време. Затоа мораме секогаш да Го ставаме Бога пред нас, на нашата десна страна, и таму да Го гледаме;
На 19.04.2019 година, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово служеше Големо повечерие со канонот на свети Андреј Критски, посветен на Лазаревото воскресение.