логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
– ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА,
А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА

 

Стојте така во слободата,
со која Христос нѐ ослободи,
и не се подавајте пак под ропски јарем!
А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете,
пазете да не се истребите еден со друг...1



Возљубени празникољупци,
Секој ден е ден за благодарење, за фалење и за славење на Господа! Секој ден ни е даден од Бога за да празнуваме и да се радуваме! Но овој ден – празникот Илинден, е ден за особено семакедонско прославување, но и ден за таговна радост и радосна тага. Ние, Македонците, како ретко кој народ, торжествено го празнуваме славеникот и богоугодникот, чудотворецот и боговидецот – големиот пророк Илија. Тој потекнувал од местото Тесва, па затоа е наречен и Тесвитец2. Живеел во 9. век пред Христа и делувал во Северното, односно во Израилското Царство, во времето на царевите Ахав и Охозиј. Поучувал, одејќи од место до место и, бранејќи го, укажувал на правилното богопочитување. Силно ревнувал за Бога, како што и неговото име на еврејски значи „Јахве е мој Бог“.
А пророците, како праведни и богољубиви, биле предвестители на Божјата волја и весници на Неговата љубов кон светот и кон човекот. Тие старозаветни богоугодници будно ја одржувале потребата од особена  близина на богоизбраниот народ со Бога, постојано потсетувајќи го на благодетите што ги добива кога ги слуша и ги исполнува пораките од небото. Но особено пророкувале и претскажувале за објавеното Божјо ветување за доаѓањето на Месијата и Спасителот на човечкиот род. Па така, кога се исполнило времето3, Бог Го испратил Својот Единороден Син, како Богочовек, Кој ја благовестил Својата наука и го покажал патот на вистината што води до спасение. Пророкот Илија4, заедно со Енох5, повторно ќе се јави како Христов претшественик, за да го подготви патот Господов при Неговото второ доаѓање6. Оваа вистина за последните настани ја претскажал и пророкот Малахиј, најавувајќи: Ете, Јас ќе го пратам при вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господен ‒ големиот и страшниот7, а ја потврдил и самиот Господ Исус Христос, со зборовите: Илија ќе дојде порано и ќе уреди сè8.

Возљубени во Господа,
Свети Илија бил голем пророк. Неговата ревност за вистинската вера и неговата љубов кон Бога биле вдахновение за многумина негови современици, а подоцна и за секој христијанин и за секој свештенослужител. Со своето, пак, човекољубие, како и со родољубието и со молитвената грижа за спасение на народот, останал за пример како треба да ги сакаме луѓето.
Оној кој се стреми кон Царството Божјо, тој ќе ја сака и ќе се грижи и за овоземната Татковина, која, всушност, е времена и треба да ни биде патоказ кон Небесната. Токму и овој празник, преку личноста на светиот пророк Илија, ни укажува и ни дава поттик какви треба да бидеме и ние како христијански народ. Во новозаветните книги, на многу места е запишано за тоа како треба да живееме на земјата за да се удостоиме на небесно живеалиште9. Како што земјоделецот не може да очекува добар род, доколку не се грижи за посеаното семе, и не го потхранува и не го полева, така е и со нас луѓето: само преку верата и добрите дела можеме да Му угодиме на Бога и да заслужиме награда во Небесното царство. И самиот Господ Исус Христос така го поучувал народот: Сè она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие, зашто тоа е Законот и Пророците10; и: Не секој што Ми вели: ’Господи, Господи‘, ќе влезе во Царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен11. Затоа, секој човек кој се угледал на Христа, на Неговиот живот и делата, живеејќи по евангелските начела ‒ стекнал вечен живот. Тоа е највредното што можеме да го заслужиме овде на земјата, доколку ја исполнуваме Божјата волја, како што е речено: секој што ќе Го види Синот и поверува во Него ќе има живот вечен12.

Возљубени потомци на славните илинденци,
Нашите постари, дедовци и прадедовци, од љубов кон родната македонска земја и од почит кон аманетите од претходните поколенија, станувале против освојувачите и против сите оние коишто посегнувале по најсветото, покрај верата – по слободата на родот и на Татковината. Илинден, денот на славното наше македонско востание, во себе ја чува токму таа тајна, преполна со љубов кон сè што е наше македонско. Затоа и ниедна прослава не е доволна за да ги открие сите надежи и стремежи, да ги изброи и сите жртви и жалости со кои е исполнет големиот ден на непокорот наш,  денот ‒ Илинден. Токму од тие причини тешко е да се опише она што се случило и се доживеало на Илинден 1903 година, туку може само да се претпостави. Како народ, тоа сеќавање го правиме катагодина, па еве, и по 118 години, потсетувајќи се на оној ден, и на храбрите илинденци и на сè што се случило тој ден, како и потоа: од Мечкин Камен и Крушево, па до сите краеви по македонската земја. И од тој незаборавен настан од 1903 година се роди и Илинден во 1944 година, кога со АСНОМ се возобнови македонската држава, која, конечно, се осамостои и како суверена во 1991 година. Затоа, тој славен Илинден од 1903 година никогаш и не престанал, туку продолжува да трае во душите на сите македонски поколенија: и досега, и сега и, да веруваме, во иднина, кај сите коишто го почитуваат и коишто живеат за сето она што се добило и со Првиот, и со Вториот, па и со Третиот Илинден.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,
Илинден е денот што го потврди нашето постоење низ вековите, но и за денес и за секогаш. Тој е ден за наше радување, но и ден за потсетување за потребата од постојано бранење на нашата посебност и на нашата македонска вистина. Иако е настан од минатото, Илинден бил и останува за сите времиња незаменлива инспирација за одбрана на сè што е наше македонско, зашто е ден – вкус на слободата и на македонскиот непокор. Но, еве, искушенијата за нашата македонска држава и за македонскиот народ, за жал, и денес не престануваат. Затоа треба да бидеме особено внимателни и сплотени, и да не дозволиме да отстапиме пред барањата на сите оние кои го негираат нашето постоење. Често се прашуваме: дали на претходните поколенија им беше потешко да се борат за македонското народно и духовно дело, или нам денес да го зачуваме она што тие го стекнаа со своите животи?
Милостивиот и правдољубивиот Бог, Кој секогаш, во потребните времиња, ни воздигнувал воини и водачи, војводи и комити, јунаци и борци, партизани и бранители, чии имиња се зачувани во македонското народно сеќавање, се надеваме дека и во ова време ќе ни помогне достоинствено да го одбраниме она што со крв и со жртви го стекнаа и ни го оставија нашите претшественици. Па, низ сета наша историја, се раѓале доблесни родољупци, идеолози и стратези, кои секогаш биле подготвени да ја бранат и да се жртвуваат за слободата на нашата родна грутка. Тие умееле да го поведат народот кон подобра иднина и да укажат дека сите искушенија и негирања не можат да нè сопрат. Всушност, тие, секогаш, па дури и денес ни помагаат уште повеќе да се утврдуваме во нашата вистина. Затоа сите наши буни, борби и востанија од минатото биле и остануваат вдахновувачки извори и за сегашново и за сите македонски поколенија ‒ да ја чуваме и да ја зачуваме слободата барем на овој дел од македонската земја, со сè што ни припаѓа како народ: и Црква, и идентитет, и историја, и јазик, и песна, и оро, и култура ‒ со сето наше духовно и народно минато, со што ќе можеме да ја зачуваме и сегашноста и иднината наша.
Слободата, и духовната и националната, е скапоцен дар. Затоа, не само што треба да ја браниме слободата, не потклекнувајќи пред намерите на оние кои сакаат да нè одродат и присвојат, туку треба и да знаеме и што и како со неа. Зашто ако во слободата не одиме напред и не се развиваме на секое поле, ако не создаваме и не се унапредуваме, ако не се усовршуваме и не се изградуваме, ако не се поправаме и не се грижиме, и за себе и за идните генерации, тогаш зошто ни е таквата слобода? Но тоа, како народ, најдобро ќе можеме да го оставруваме само со духовно и национално единство!
Човекољубивиот Господ, Дарителот на слободата, по молитвите на светиот пророк Илија, на светите Климент и Наум Охридски, и на сите светии, нека ни помагаат да биде така, меѓу Македонците и меѓу сите слободољубиви луѓе и народи, и овде во Татковината и насекаде по светот!   
Нека ни е честит и вечен Илинден! Амин!



† СТЕФАН
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
заедно со членовите на Светиот архијерејски синод
на Македонската Православна Црква  – Охридска Архиепископија
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и
администратор Австралиско-новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и
администратор Австралиско-сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски
† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски

На Илинден, 2021-во лето Господово



1   Гал. 5, 1 и 15.

2   Сп. 3 Цар. 17, 1.

3   Сп. Гал. 4, 4.

4   4 Цар. 2, 11.

5   Сп. Евр. 11, 5.

6   Сп. Откр. 11, 3 и 4.

7   Мал. 4, 5.

8   Мк. 9, 12.

9   Сп. Мт. 11, 12.

10   Мт. 7, 12.

11   Мт. 7, 21.

12   Јн. 6, 40.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная