Служба на светите и спасителни страданија во Соборниот храм (22.04.2022)
На 21.04.2022 година во навечерието на Велики петок, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Утрена богослужба во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, на која се читаат Дванаесетте свети и страдални Евангелија. За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на Распетието Христово пред кој се поклони чесното свештенство и верниот народ.


Ова беше четврто осветување на свето миро од возобновувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а потсетуваме дека првото миро после возобновувањето на автокефалноста, нашата Света Црква го добила во 1967 година од тогашниот претстојател на Романската Православна Црква, Патријархот Јустинијан.
Во попладневните часови на 20.4.2022 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и поранешниот Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, присуствуваа на завршувањето на тродневното мироварение. Имено, откако мирото беше сварено во него беа излиени бројните етерични масла, по што новосвареното миро беше излеано во алавастери и пренесено во олтарот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“,
По завршетокот на Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, Митрополитот г. Агатангел и поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, се упатија во параклисот при Соборниот храм, кадешто се извршува варењето на Светото миро. Таму, архијереите, прочитаа зачала од Евангелието, по што во котелот во којшто се извршува Мироварението беа додадени маслата со темјанот, смирната и мастикосот.
На 18.4.2022 година, Македонската Православна Црква започна со свештениот обред на Мироварение. Овој чин, којшто нашата Света помесна Црква го извршува по четврти пат од своето возобновување, започна со Литургија на Претходноосветените Дарови на која во присуство и со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан,




Св. архангeл Гаврил. Благoвeсник на вoплoтувањeтo на Синoт Бoжји. Тoј e eдeн oд сeдумтe вeлики Ангeли штo стoјат прeд прeстoлoт Бoжји. Тoј му јавил на Захарија за раѓањeтo на Прeтeчата (Прeтхoдникoт) и самиoт за сeбe рeкoл: “Јас сум Гаврил кoј стoи прeд Бoга” (Лука 1:19). Нeгoвoтo имe, Гаврил, oзначува маж – Бoг. Свeтитe oтци гoвoрeјќи за Благoвeштeниeтo, тoлкуваат дeка e испратeн ангeл сo
„1000 години Сведок на Светлината“ е документарен филм за Бигорски Манастир. Симболиката е на секои илјада години во Бигорскиот манастир процутува по еден цвет, кој сведочи за една друга убавина – не од овој свет. Тоа е токму онаа убавина, оној елемент, петтиот, кој е самата смисла на веќе добро познатите четири елементи.
По Литургијата беа осветени вештествата со кои во Страсната седмица, нашата Македонска Православна Црква ќе вари и освети свето миро, како и садот во кој мирото ќе биде варено. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во присуство на речиси сите Архијереи на нашата Црква:























