Известуваме дека излезе од печат второто издание на книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”. Станува збор за најавтентичниот извор за животниот пат и за опитното учење на современиот светител на Православната Црква.
Преводот од грчки јазик е на јеромонах Атанасиј Арсоски.
Да чуеме што вели свети Григориј Палама: ’Воведените во тајните од Господ (Апостолите), тогаш преку промената на сетилата, која во нив ја предизвикал Светиот Дух, биле приведени од состојба на тело во состојба на дух‘. И уште вели: ’Христос во моментот на Преображението не примил ништо што дотогаш немал, ниту се променил во нешто што претходно не бил,
На литургијата и чинот на благословување на грозјето присуствуваше и премиерот на владата на Р. Македонија г. Христијан Мицковски со членови на владата и пратеници на Собранието на Р. Македонија. Црковниот одбор за целиот верен народ приреди трпеза на љубовта.
Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, чиноначалствуваше на Света Божествена Литургија во манастирот Нерези, на чијшто прекрасен храм, посветен на светиот великомаченик Пантелејмон, годинава му се навршуваат 860 години од издигнувањето и фрескописувањето.На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 2.8.2024 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророкот Илија – Илинден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан богослужеше на Светата Литургија во храмот „Свети Илија“ во населбата Аеродром.
На Светата Литургија во чтец беше ракопроизведен г. Владимир Петковски.
Сведоштвото на свети Илија е неопходно и во нашиве дни. Живееме во противбожни времиња, во кои сѐ помалку има место за Единиот вистински Бог, Кој заради нас Се воплоти и стана Човек. А светот, кој Го отфрли и Го распна, еве, и во дваесет и првото столетие упорно избира да остане антихристијански, да биде свет во кој непријателот на нашето спасение
Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“, периодиката на Повардарската епархија. И во овој број, обработени се многу нови душеполезни теми, во кои читателската публика ќе може ќе најде поука.
„Се надеваме дека и овој празничен број на ’Православна Светлина’ ќе биде радосна вест за сите верници в
07 јули 2024
"Раѓање на св. Јован Крстител"
На 7ми јули .2024 година, во храмот на св.Димитриј во Скопје, кога црквата го празнува споменот на раѓањето на светиот пророк и претеча Јован Крстител – Иванден, старешината на храмот отец Александар Несторовски отслужи Боженствена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.