Светиите се најблескав украс на Црквата Христова и нивните житија ги напојуваат срцата на верните со рајска сладост. Тие се толку прекрасни и возвишени, што лесно ја привлекуваат кон себе христољубивата душа, радувајќи ја со „неискажлива и прославена радост“ (1. Петар 1,8). И не само што ја радуваат, туку Светиите на некој таинствен, благодатен начин им се приближуваат,
Во предговорот на книгата, викарниот Епископ г. Јаков Полјански на децата им порача: „Прочитајте ја книгата и одберете си омилен светител, кому секој ден ќе му се молите да биде ваш соборец и да ве крепи и заштитува. Сите овие светилници на светот се деца и пријатели Божји, и живеат во рајот и ги слушаат вашите молитви, и особено ги сакаат децата“.
„Неволјите и тешкотиите што апостол Павле ги поднесувал за проповедта ги сакал повеќе отколку што ние ги сакаме почестите; смртта ја сакал повеќе отколку што ние го сакаме животот, сиромаштијата повеќе отколку ние богатството; тагата повеќе отколку другите радоста, а молитвата за непријателот повеќе отколку другите молитвата против непријателот. Така, тој го преобраќал поредокот на нештата, или подобро кажано – ние сме го преобратиле,
Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји.
Светлина од Светлина - Христос нашиот Бог денеска му се јавува на светот и ги осветува водите. Облекувајќи се во Јорданските води, Христос стана наше искачување кон Бога, просветлувајќи нè и изведувајќи нè од смртната сенка. Денеска, спомнувајќи си за овој голем настан на Крштението Христово, ние пак и одново учествуваме во него и Го прославуваме Бог Троица, Кој се јави и светот го просветли.
„Човечката природа Христова послужи како можност за откривање на Света Троица. Затоа, Богојавление, празникот на Христовото Крштение го славиме толку свечено: се празнува откривањето на Света Троица бидејќи се слушна гласот на Отецот, а беше присутен и Светиот Дух во вид на гулаб. “
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на преподобниот Серафим Саровски се отслужи Света Божествена Литургија во параклисот во митрополитската резиденција на Повардарската епархија посветен на овој светител. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на протоереј Борислав Бобевски, отец Игор Пармачки и протоѓакон Влатко Стоименов.
На 14ти јануари 2019 година, во денот кога МПЦ-ОА молитвено го празнуваше споменот на Обрезанието по тело на Господ наш Исус Христос,и Молебен по повод Новото лето Господово 2019, во храмот на св.пророк Илија, во Скопје, беше отслужена Литургија на светиот Василиј Велики, на која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан,во сослужение на свештенството
Какo свeтитe луѓe и свeтитe жeни умeeлe мудрo да ракoвoдат сo бoгатствoтo! Какo тиe сo зeмнoтo благo вeштo купувалe вeчни нeбeсни блага! O какo тиe малку ги цeнeлe зeмнитe блага сами пo сeбe! Какo прашина и чад! Кoга св. Мeланија ги пoсeтувала свeтитe пустински oтци вo Eгипeт сo цeл да им направи нeкoја парична пoмoш, сe зачудила кoга гo видeла нивниoт гoлeм прeзир кoн имoтoт и бoгатствoтo. Така, таа пoсeтила нeкoј пустиник Eфeстиoн
Таа Го роди како Богочовек, и прва ја доживеа сета полнота на Божеството, прва го доживеа сиот Рај, сите блаженства, сите богатства кои Бог му ги донесува на светот, го доживеа сето Евангелие на Господ Христос, го доживеа сиот Вечен Живот, сета Вечна Вистина, сета Вечна Правда.“
“Денес, втор ден Божик е Нејзиниот ден.“
„За да ја почувствуваме и ние моќта на денешната сепразнична благодат и реалното меѓу нас и во нас присуство на Емануил, што значи: „Со нас е Бог“, потребно е и ние, подобно на пастирите и мудреците, со смирение да ги преклониме нашите срца пред величието на безмерната Божја љубов и исто како и нив, да Му ги принесеме на Божественото Дете на дар, нашите злато, темјан и смирна: богатството на нашиот живот, мирисот на молитвата и благоуханието на љубовта и смирението.
А ете, ние христијаните токму на Тој и Таков Цар Му се поклонуваме и веруваме дека воскреснал, им се јавил на учениците, се вознел на небото каде оддесно на Отецот седнал, па Духот Свети што од Оца исходи ни го пратил и ни ветил дека пак како Судија на сите ќе дојде. Ете, Нему светиот првомаченик и архиѓакон молитва Му принесува – да не им ги зема за грев камењата и навредите на загубените, туку прошка да им даде, согласно образецот што Самиот Господ од Крстот му го оставил.
7ми јануари 2019 лето Господово
Рождеството Христово, светата Црква, најсвечено го празнува како еден од најважните настани во историјата на човештвото. Затоа што, ако Христос не се воплотеше и родеше, немаше да биде реално и нашето спасение. Раѓањето Христово му дава смисла на животот човечки. Христос се роди како човек и му овозможи на човекот да се роди повторно (преку крштението),
Говореше авва Нистерој: „Неповреден од стрелите на ненавидникот останува монахот што го љуби тихувањето; а оној што се меша со мноштво луѓе постојано е рануван.“ И уште: „Слугата што не ги врши делата што му ги дал неговиот господар нека се приготви да биде биен.“ (Лука 12, 47)
Царските часови се навистина едно благодатно богослужбено доживување на една особена празнична атмосфера, во која временото бледнее, речиси исчезнува и му отстапува место на вечното. Дверите на Рождеството Христово сега стојат пред нас отворени…
Да ги отвориме и ние нашите срца, за новородениот Цар на срцата човечки да се всели во нив! Им посакуваме добар и радосен Божик на сите!
Каде прво да побрзаме, во Витлеем каде земјата Му подготвува пештера на Оној што доаѓа од Дева да се роди, или во Рим каде богоносецот телото на својот Христос како жртва благопријатна му го принесува?
Од која глетка повеќе да се насладуваме?
Свети Јован Златоуст, објаснувајќи ги значењето и улогата на мирот, истакнува: „Мирот е мајка на сите добрини, темел на секоја радост и извор на секаков успех”. А ние ќе се покажеме како вистински христијани и миротворци – само ако мирот Божји владее во срцата наши и доколку градиме и го чуваме мирот, и во себе и околу нас. Таму каде што нема вистински мир со Бога, таму нема ни мир ни добра волја меѓу луѓето.
Од 1 јануари 2019 година, петта година по ред, е достапна обновената, бесплатна верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2019 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса, која содржи: евангелско четиво на денот и празникот, правило за пост, поуки од Светите отци, житија на светители, како и тропари за поголемите празници.