Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (27.02.2020)

Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана.
Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата,
за молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува
На 24 февруари 2020 година, кога Црквата го слави споменот на свети Ѓорѓи Кратовски, во храмот на свети Ѓорѓи Кратовски во Кратово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.По завршувањето на Литургијата, на градскиот плоштад во Кратово беше осветен славскиот колач.
„Љубовта е основна тема и во Месопусната недела. На овој ден, од Евангелието се чита Христовата парабола за Страшниот суд (Мт 25,31-46). По каков закон Христос ќе ни суди кога ќе дојде во тој ден. Во параболата се одговара: Љубов, и тоа не само хуманитарна грижа за апстрактна правда и за анонимниот „бедник“, туку конкретна и лична љубов кон човекот, кон секое човечко суштество што по Божја волја ќе го сретнеме на нашиот животен пат.“
Во овој ден божествените отци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои предвреме се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несреќи и од глад, пожари, ледови, бури и мразеви, и претрпеа и други видови смрт, како и други луѓе сиромашни и немоќни кои не биле придружени со потребните црковни молитви, ...
Нарeди си сeбeси нeкoја eпитимија за грeвoвитe на другитe луѓe. Акo нeкoј си oсудил или казнил, налoжи си и на сeбe нeкаква eпитимија. Дoбрoвoлнo пoстрадај и ти малку за грeвoвитe на грeшникoт. Тoа Му e угoднo на Бoга. Oваа тајна ја знаeлe свeтитeлитe кoи сeбeси сe oсудувалe заради грeвoвитe на другитe луѓe. Oваа тајна ја наѕираат дури и нeхристијанскитe нарoди.
А нашата денешница и нашето време е крајно непријателски настроено према тишината, молитвата, вниманието и собирањето на умот.А наклонета е на телефоните, телевизијата, интернетот, и се ова допринесува нашиот ум да изгуби сила за Бога.
Затоа благочестиви христијани за нашиот ум да биде чист и бистар и наклонет према Бога се надевам ќе ни помогне постот кои следи да се подготвиме и да се стремиме кон Бога.
31. Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
32. А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.
33. Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето.
34. Како човек, кој заминувајќи, ја остава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповеда да биде буден.
Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестајно да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се оддалечи во Арабија и таму се замонаши.
На 12 февруари 2020 година, кога го празнуваме споменот на Светите Тројца Ерарси (светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст), Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп.

Кога бараме да се оправадме во овој живот и го избегнуваме прекорот, тоа покажува дека уште световното размислување е живо во нас и тагата што се јавува во нас воопшто не содржи покајание, туку човекоугодништво, така што ја труе душата и телото со горчината што од неа прокапува. Кој плаче усрдно затоа што Го повредил Христа со своите гревови, веднаш добива Божествена утеха, согласно големината на својата тага

Овој богољубив работник на нивата Господова служеше во манастирскиот храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Криви Дол, Скопје, каде честопати правеше и бденија, молејќи се за илјадници души.
Беше пастир и духовник на многу духовни чеда, особено на младите, за кои секогаш имаше разбирање и татковски збор со топлина и љубов
На 04.02.2020 година, на денот кога го прославуваме споменот на светиот апостол Тимотеј, како и по повод именденот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски,...
На 01.02.2020 година, кога црквата ги празнува Преп.Макариј Велики, св. Марко Ефески, во Лешочкиот манастир Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со надлежниот епархиски архереј на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и многубројно свештенство од МПЦ-ОА,
Во прилог на подготовките за прославата на големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Свештениот Бигорскиот Манастир, нашиот старец и игумен, Архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството, оствари средба со нашиот почитуван и монахољубив надлежен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во топла и срдечна атмосфера во митрополитското седиште во Охрид,
На денот на кој Светата православна црква го чествува Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Неготино, град чии жители го слават Светиот Атанасиј како свој патрон и заштитник, па затоа и масовно ја посетуваат црквата на овој ден, молитвено просејќи го застапништвото од светителот.
Свети Атанасиј живеел во IV век, во време кога Црквата со Миланскиот едикт во 313 г. ќе добие слобода за јавно исповедање на христијанството. Но, затоа ќе се јават внатрешни сотресенија, кои уште повеќе ќе ја вознемират Црквата Христова со лажните еретички учења за Синот Божји. Така, еден презвитер од Александрија по име Ариј ќе почне погрешно да проповеда за второто лице на Света Троица, а ќе добие поткрепа и од византискиот двор. Со ова учење, тој ќе нанесе големи штети на Црквата.
По повод празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, на 28. 01. 2020 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин
Во неделата по Богојавление, кога Црквата го празнува споменот на преподобен Максим Кавсокаливит, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, отслужи Божествена Литургија во црквата „Свети Климент Охридски“, во Љубљана, Словенија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше осветен новиот параклис и крстилница при црквата „Свети Климент Охридски“.
На 23. 01. 2020 година, во велешкиот театар „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ беше изведена монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први“ од Јордан Плевнеш во изведба на актерот Петар Темелковски. На монодрамата присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во придружба на речиси целото свештенство на Повардарската епархија. Во најава на монодрамата пред присутните збор зема протоереј-ставрофор Горан Панзов, кој во своето слово го претстави житието на светиот цар Јустинијан и неговите заслуги за развојот на