логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Sogle.Natali.jpg

Sogle.Natali.jpg

Sogle.Natali.jpg    Sogle.Natali.jpg

   Скриена убавина

Ако некогаш посакате да се осведочите во Божјото сеприсуство, во спокојот бескрајно длабок и тивко радосен, тогаш упатите се кон Согленскиот манастир “Рождеството на Пресвета Богородица“, просто чудесно вметнат (на само три километри од селото Согле), небаре сраснат, во пазувите на областа Азот, во централна Македонија, оивичена со високите планини на Јакупичкиот планински масив (најголем во Македонија). Независно дали човек ќе се одлучи да тргне со воз или со возило, важно е да се стигне до Согле. А од таму, пред вас ќе се простре еден (макадамски) планински пат кој, како да исчезнува низ дабовите шуми во кои се криви и извива, и завршува токму пред портите на манастирот. Значи, просто, треба само да се следи патот и промашување нема да има.
И на тој пат, иако некаде таму далеку, како скриен бисер во заветрините на модро – зелената Голешница, над Согле, погледот веднаш ви го крадат трите “мали” куполи на согленскиот манастир “Рождество на Пресвета Богородица“. Всушност оставаат впечаток на светилници, сигурни патокази кои, кога макар и за миг ќе ви се пристори дека патот исчезнува во шумите, сепак се исправени пред вашиот видокруг. Навистина чудесата е тука присутна: трите куполи на манастирот заштитен од вековното дабово “море“.
  Според едно од кажувањата на месното население, (а во нашите села наравоученија и раскази од секогаш имало многу – богата е таа духовна ризница) белината на бисерот е слиена токму таму каде што е - за да зрачи, скромно, но влевајќи бодрост во животот на народот низ тешките историски премрежја. И уште, тие велат, дека за време возобновувањето на манастирската црква, некаде во почетокот на 19 век, тогашниот оџа во Согле бил надмудрен од страна на христијаните од селото, но и од околните села, па и покрај забраната за градби повисоки од минарињата на џамиите (такви биле законите во тие времиња), храмот иако по висина понизок, бил издигнат токму во подножјето на планината, сепак за да надвишува, да чува, да заштитува... Впрочем она што јас само го пренесувам го потврдува претходно кажаното...
А таму, на патот кон манастирот место за рамнодушност нема. Околината, пејсажите на Азот, мирното Согле, чистиот воздухот кој ви ги полни градите, спокојните а ненаметливи звуци на селото и природата што се пружа насекаде по хоризонтот, сето тоа е увертирата која ве пречекува на патот кон манастирот. А патот, пак, (во изградба велат) макадамосан, веднаш ќе го забележите: над пругата што го граничи селото со природата која како да извира од подножјето на планината. Нема повеќе од три километри, што и не е некоја далечина, особено што цело време сетилата ви се насладуваат од една прекрасна, чиста музика, музика на негибната природа. 
После првиот километар од видикот за кратко ќе ви исчезне манастирот – таков е теренот - угорнини, па малку удолнини, но бидете спокојни, едноставно сами следете го патот. Набрзо се менува и крајоликот, па нискостеблестата шума останува зад вас, а пред вас повторно се издигаат сјајните манастирски куполи и прекрасните дабови шуми што некако љубоморно ја кријат и чуваат таа убавина. И кога подалбоко патот ќе ве однесе во шумите, знајте многу блиску сте до конечната цел.  
По половина час пешачење прво што ви доаѓа во пресрет е новоизградената купола на параклисот на св. Јоаким и Ана, кој пак е вграден во исто така новизградените конаци на манастирот. Иако е очигледно дека обновата на манастирот е во полн ек, времето тука како да запира. Величествениот Божји храм ве стаписува со својата огромна енергија.  Како да ве обзема и запоседнува, и вас и времето. Такво е првото чувство и таквата чудесност ништо не ја променува: ниту мноштвото разновидни градежни материјали, ниту  докрај недовршената манастирска порта, ни ѕидините што допрва растат благодарение на вештите неимари...  
Штом зачекорите внатре во дворот, дури таму ја сфаќате големината на трите куполи над црковното здание централно поставено во просторот на манастирскиот комплекс. Црквата се издига сама, како светилник, топла, приемчлива, подготвена да прими секого и во секое време. На дното од пространиот двор се уште стојат старите зданија: малото еднособно куќарче од камен и стари црепови со широк трем под чија сенка е пријатно седењето. Особено што наспроти вас стои убавата црква. Подесно е и старата кујна и просторијата што се користи како времен магацин а над неа старите конаци, изградени (барем така велат) од Богомилчани. Патем, се зборува, дека порано секое од селата во Азот си имало посебна соба во манастирските конаци кои редовно биле преполни за време на чествувањето на Рождество на Пресвета Богородица.
И на крајот - во манастирот ќе ве пречека, со гостољубива и искрена насмевка отец Авакум. Задолжително како што е редот на добар домаќин ќе ве понуди кафе, или сокче или ладна планинска вода, ќе ве поседи до себе и ќе си поприкаже. Токму така, во пријатниот разговор со отец Авакум, (во моментов братството во манастирот го сочинуваат двајца монаси отец Авакум и отец Александар, но бездруго тие се убедени, дека братството со тек на времето ќе расте и ќе се зголемува), успеавме да “украдеме” уште по нешто за Согленскиот манастир, затоа што она што се нарекува официјални информации се прилично скудни, што се вели сиромашни.
Манастирот и црквата “Рождество на Пресвета Богородица“ биле изградени во 1836 година и се плод на трудот на месното население од Азот. Нема село кое на еден или друг начин недало свој придонес  во неговата изградба. Дури во градењето помагале и учествувале жители од муслиманска вероисповест кои исто така знаат повремено да го посетат манастирот изразувајќи ја должната почит кон ова христијанско светилиште. Отец Авакум ни кажа и за старите темели од манастирското здание, западно од манастирот, а кои се верува дека се од 14 век, што пак од своја страна сугерира дека на овој простор имало и многу порано христијанско светилиште. Тој вели, според она што и тој го чул од луѓето, дека порано овој манастир имал огромна библиотека која по фондот, особено на стари книги и ракописи била за гордеење, но времињата, настаните, и луѓето си го направиле своето и денес, за жал, многу малку од тоа богатство е сочувано.
Манастирскиот живот допрва се возобновува исто како што се возобновува целиот манастирски комплекс со намера да му се врати некогашниот сјај и значение на ова свето место, но секако се со цел да ја поврати силната духовност и енергија што ја има туку и уште повеќе да блесне како непресушен вруток на верата, љубовта и надежта. Отец Авакум скромно ни се пофали дека благодарение на свети Елисеј после силни бушења успеале да најдат вода на некои седумдесетина метри длабочина, па во знак на благодарност, тие изградиле мал параклис посветен токму на светецот каде е сокриен бунарот за чистата планинска вода. Така што и овој проблем конечно е решен. Сега се надева дека манастирската економија ќе може допрва да се развива...
Во самата црква пак, штом зачекорите преку нејзината дрвена порта, пред вас го отовора прекрасниот од масивно дрво иконостас на кој што е поставена иконата на Пресвета Богородица која што е стара 150 години и која што ги има преживеано сите премрежија на манастирот. Оваа икона во народот е позната како икона на Мајката Божја-Согленска и до денес прави чуда. Самата внатрешност на храмот плени со својата широчина и смиреност, а светлото што пробива низ малите прозорчиња на куполите, го надополнува впечатокот на Божјата присутност, на светоста на тој простор. Ви се чини како сите непотребни мисли, сите стресови и дилеми, сами да исчезнуваат, и останувате да стоите лесни и спокојни, препуштајќи и на тишината, светлото и мирисот на тeмјанот да ја галат вашата душа која тука не може, а во целост да не се предаде на Божјата величина.
Навистина, се таму е празнување: глетката за очите, светоста за душата, мирот за телото... А токму тоа е она што засекогаш ќе го понесе кој било патник, поситетил, кој макар еднаш ќе зачекори во гостопримливиот Согленски манастир “Рожденство на Пресвета Богородица“.

За Премин Портал
Наташа Деспотовска Димитриевска

Sogle.Natali.jpg

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

07/06/2025 - сабота

+Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител; Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Кипарски; Светите маченици Пасикрат, Валентион, Јулиј и други; (Задушница);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная