логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Ти си рекол, Господи: Без мене не можете ништо да правите, па затоа помогни ни и ова дело, од нас започнато, Сам Ти заврши го, во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!

Тоа беа зборовите кои постојано одѕвонуваа во срцата на младите од Македонската Православна Заедница во Австралија, додека го подготвуваа петтиот по ред јубилеен младински семинар, кој традиционално и овојпат се оддржа на монашко тло, односно во манастирот на св. Прохор Пчински во Донибрук во саботата на 10-ти септември.

 

Милостив е Господ и човекољубив, Кој не сака грешникот да загине, туку да се покае и спаси. Затоа и по Негова промисла, оваа година темата на семинарот беше насловена како „Искушенијата во современиот свет и Православната психотерапија на душата“. Активностите започнаа по завршувањето на утринската духовна терапија на светата Евхаристија на која верните ги примија ги вистинските Тело и Крв Христови, кога со свои беседи се претставија високопреосвештениот митрополит Петар, преподобниот игумен на манастирот св. Прохор Пчински – отец Гаврил Галев, отец Глигор Киселинов, свештенослужител во храмот посветен на св. Злата Мегленска и Генадиј Бекшеев, Д-р по психологија и ипоѓакон во храмот Покров на Богородица на Руската Православна Црква.

Владиката Петар говореше за лекувањето на душата во Православната Црква, давајќи објасненија што претставува душата, а бидејќи таа е неразделна единка од заедницата со нејзиниот Творец, даде разбирливи примери и за тоа Кој е и што претставува Бог. Притоа нагласи дека за да се стигне до исцеление во духовна смисла, треба да се ослободиме од високоумието и да се приклониме кон длабокото покајание, посочувајќи го случајот со апостол Павле. Имено, светите апостоли Петар, Јаков и Јован биле присутни на светата гора Тавор при Преображението и успеале да ги почувствуваат и доживеат двете светлини – несоздадената Божја светлина и создадената светлина што доаѓа од сонцето, од созданието. Само четириесет дена потоа, св. Апостол Петар, кој го доживеал претвкусот на обожувањето, се одрекол од Христа и направил грев. Но, немало никакво чекање за неговото длабоко покајание, туку ад хок веднаш се сетил дека направил голем грев и почнал со длабоко покајание. Доволно било само што го слушнал петолот да запее, како што му рекол Христос: „додека петел не запее, трипати ќе се откажеш од Мене“, се наведнал на ѕидот и горко плачел. Но, не плачел само тогаш за тој грев. Целиот свој живот плачел за својот грев. Секое утро кога ќе го чуел петелот, плачел за својот грев, и тоа длабоко покајание и исповед уште повеќе го дигнал до обожение.

Во својата беседа, отец Глигор Киселинов, свештенослужител во храмот посветен на св. Злата Мегленска во Мелбурн, во врска со православната психотерапија нагласи дека лекувањето на душата се состои најнапред во очистување на умот и срцето од гревовите и страстите, како и обновување и осветлување на затемнетиот образ Божји во нас. Нашиот ум треба да се преуми, да го смени начинот на размислување и резонирање, кое нешто сега се базира на логиката на гревот. Поточно, умот треба да се усмери, да се сврти во обратна насока – од гревот да се сврти кон Бога. И штом ќе се очисти човекот од гревот, тогаш на него му се враќа првобитната убавина, каков што бил создаден, дури и повеќе од тоа – тој стапува во заедница со Бога, односно се соединува со Бога и се обожува. Дури кога, според зборовите на св. ап. Павле: ,,човечкото тело ќе стане храм на Св. Дух” (1. Кор. 6, 19), можеме да кажеме дека терапијата на Црквата успеала.

Отец Гаврил вниманието го сврте на современите искушенија во светот, на кои дури ниту православните христијани не се имуни. Правејќи еден историски осврт на воочливата појава на деградирањето на општеството, преку отцепување на западната црква од Православието и појавата на Протестантизмот како последица од незадоволството на грешките на веќе отцепената западна заедница, па сé до стапувањето на сцена на револуциите од типот на индустриската, француската и сексуалната револуција и современиот хуманизам, кој на местото на Бог за центар го има поставено човекот, и глобализацијата на со „њу ејџ“ религијата, која е модерно враќање на старите пагански верувања и практики, отец Гаврил најголемата причина за денешното отстапување од Вистината го најде во уништувањето на најбитната клетка на општеството, а тоа е – семејството. Имено, жената е мајка и столб на семејството. Целта на непријателот на човечкиот род сега била да го нападне, разбие семејството. Поттикнати од неколку небогољубиви  слободноумни личности  жената била извадена надвор од своето семејство. Точно е и тоа дека навистина жената била во подредена положба но пред се заради гордоста на животот, мислејќи дека преку тоа стекнуваат своја лична слобода, стануваат робови на системот и се разбива основната клетка на општеството, а тоа е семејството. А децата наместо да добиваат домашно воспитание и грижа од мајката, тие биват оставани на грижа на некој туѓ или на улицата. Кога ке се извади главниот столб на една градба, таа ја губи стабилноста и подоцна паѓа. Поради тоа, подоцна рефлектирало на семеиството драстично да се намали, а особено со т.н. планирање на семејството. Во денешно време, кога жената е еманципирана, која ги има истите права како и мажите, наместо да се грижи за своето семејство, да раѓа деца, да ги сака и воспитува, таа се бори за стекнување на капитал и слава (кариера). На тој начин се деградира општеството до корен.

Антихристот подотвувајки си терен, најнапред со истерувањето на жената од дома, преварајки го предходното, беше нападнат бракот и семејството. Со сексуалната револуција, а посебно со хомусексуализмот, се задава решителен удар и кон тоа малку преостаната здраво ткиво на опшеството, бракот и раѓањето на деца во него. Ова е веќе уништување на дрвото на семејството од корен.

Причините за напуштање на реалниот и вистински живот се ѓаволските измами преку примамливи понуди, коишто недуховните луѓе, оние кои немаат свој духовен отец и кои не се раководени од него, туку се раководени од своите страсти, несвесни за нив, ги прифаќаат. А тоа е напуштање на тесниот пат и вечните добра и одење по широкиот пат, задоволување на страстите и похотите, што во суштина е одење по патот на ѓаволот и наследување на вечната смрт, како последица на тоа.

Последниот говорник, ипоѓакон д-р Генадиј Бакшеев, кој говореше со благослов на неговиот духовен Отец, даде свое стручно мислење за Праволславната и секуларната (световната) психологија. Тој обрна посебно внимание на модерните психички болести, особено депресијата. Д-р Генадиј Бакшеев стави голем акцент на познавањето и откриванјето на изворот на психолошките болести и правилното расудуванје и практикување на правилна терапија, бидејки сепак, човекот е создаден од тело и од дух, па така следува и телесно (медицинско) и духовно (православно) лекување. Од медицинска страна, наброи и наведе примери од многубројните медицински третмани за психолошки (ментални) болести, а како главен Православен психотерапевски третман ја наведе молитвата.

“Ние ги храниме нашите тела барем трипати во денот, но колку често ги храниме нашите души? Ако не се молиме, нашите души можат да изгледаат како јаболко, ако го оставите надвор, изложено на сонцето, дождот, студенилото, што ке стане со него? Тоа ќе го изгуби својот сок, ќе се распадне. Тоа би се случило и со нашата душа. “

Иако беше предвидено прадавањата и дускусиите да завршат до 16:00 часот, поради големата заинтересираност на слушателите беше продолжена уште час и половина, по што следеше трпеза на љубовта, а потоа и вечерна Богослужба.

Присутните на семинарот, покрај со духовното слово понудено од говорниците, можеа и визуелно да се насладат со иконописните изработки од иконописната школа при манастирот, со која раководи игуменот Гаврил. Исто така, беше изложена и дел од македонската култура – народни носии во дизајни од разни краеви на нашата татковина, рачни изработки од глина и месинг, а покрај тоа, преку цртежи и фотографии беше доловена и пренесена целата историја на Македонската Православна Младинска организација во Австралија, почнувајќи од нејзините почетоци со отец Тоне Гулев по благослов на митрополит Петар, па се’ до ден денеска, кога зад себе таа има оставено голем број организирани настани, кои засекогаш ќе останат во сеќавање. Отец Гаврил од свое име и од името на МОЈА му подари на Неговото Високо Преосвештенство г. Петар икона на „Добриот Пастир“, изработена во иконописната школа во манастирот, како благодарност на неговата грижа за маладите на оваа Епархија, за многу години.

Аргирета Атева

Силвана Георгиев

 

 

 

 

 Извор: http://www.stprohor.org.au/v-moya-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80/#respond

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Сисое велики,избран да бидеш извор на благодат во пустината,Христос преку тебе утеха распространуваше,монаси мудро поучуваше,болни лекуваше, мртви воскреснуваше.О цветна градино...

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная