
Издавачката дејност при Повардарската епархија на Македонската Православна Црква од денес е побогата за уште едно издание. Имено, денес излезе од печат книгата „За светото и возвишено служење на свештеникот Божји“, во која, во три различни поглавија се обработени теми кои се однесуваат на свештеничката служба.
Ова е второ издание во краток период од издавачката дејност на Повардарската епархија, со оглед на тоа што неодамна излезе од печат и книгата „Толкување на Првото и Второто Послание до Коринтјаните од светиот апостол Павле“ од авторот Проф. М-р. Момчило Павловиќ. Ова значајно дело освен за пошироката јавност, ќе биде наменето и како учебник за учениците и студентите од Богословските институции на Македонската Православна Црква.

Извор:Повардарска епархија
Посети:{moshits}