логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 

Преку ноќта имаше Павле видение:
стоеше пред него еден човек, Македонец,
кој го молеше и му велеше:
„Премини во Македонија и помогни ни!“
(Дела 16, 9)

 

Секоја нација има своја главна идентификациска идеја врз основа на која го гради својот идентитет како и своето времено (би рекол, под одредени услови, и вечно) национално единство, со цел да ги оствари своите времени (би рекол, под одредени услови, и вечни) национални цели. Заснован на главната идентификациска идеја, идентитетот потоа може и да се збогатува со други, помошни, идентификациски идеи и симболи. Појасно кажано, без континуирано креирање на помошни идентификациски идеи, кои денес би имале глобално значење и вредност, идентитетот на една нација е во опасност да исчезне.

Зошто велиме идентификациска идеја, а не велиме дека тоа со кое луѓето национално се поистоветуваат, односно идентификуваат може да биде и нешто само материјално (иако за некои луѓе и тоа не е исклучено)? Од две причини: прво, затоа што вообичаено како главна идентификациска идеја се појавува и се протежира идеализираната татковина (проекција за неа), а во тие рамки и некоја идеализирана историска личност (и така само личности ја прават историјата), или некој историски настан или симбол поврзани со неа; и второ, затоа што идејата е неделива и истовремено секој може во потполност да ја присвојува без судир со интересот на другите, додека пак материјалното е деливо и неговото присвојување создава раздори и несогласувања, па дури и војни помеѓу луѓето. Затоа и во областа на идеите владее слободата, а во областа на материјалното – строго утврдените правила.

Идентификациската идеја воопшто не мора да зависи од ДНК, од крвното сродство или од мајчиниот јазик (на пример: САД; иако јазикот негде може да се појави и како главна идентификациска идеја), од границите (на пример: Евреите низ историјата и денес; кои се своевиден исклучок од правилото за определување на идентитетот) итн. Идентификациската идеја не е ни временски ограничена, може да биде од поново и може да биде од постаро време. Идентификациската идеја не зависи ни од артефактите и затоа не треба да се меша со антиквизација. Идентификациската идеја не е еднаш за секогаш дадена, таа подлежи на промени (Југословен, Европеец итн.). Идентификациската идеја е независна од што и да е. Идентификациската идеја може да се следи и освестено и неосвестено. Во нашиот случај, согласно погоре наведеното, беспредметни се расправиите дали Македонците се Антички или Словени или е тоа исто (и така нема чиста ситуација) и дали има артефакти или нема.

Идентификациската идеја има уште една димензија која заради своето големо национално влијание и значење мора да се спомне. Имено, идентификациската идеја, како нешто што не се дели и како нешто што истовремено секој може во потполност да го има, образува синовски однос кон татковината и пријателски или братски однос помеѓу луѓето соединети околу неа. Еднаш свесно прифатената идентификациска идеја потоа цврсто се вкоренува во емоциите на човекот, до толку што тој е спремен и животот свој да си го положи за неа (идејата – татковината). Таквиот не може да се заплаши или купи, со ништо.

Тоа не е случај со материјалното. Кога материјалното би било нешто со кое луѓето се идентификуваат, односно поистоветуваат, тоа, како нешто деливо и како нешто при чие присвојување се создаваат само поделби и непријателства, може да образува само наемнички или трговски однос кон татковината, и кон своите сограѓани. Никој кој има само трговски или наемнички однос кон татковината, не би си го положил својот живот за неа. На таквиот, татковина му е секоја земја од која би имал поголем интерес. Сепак, и во двата вида односи (синовски или трговски), засновани врз тесно хоризонталната идентификациска идеја, се работи за душевен а не за духовен процес, како и состојба.   

Постои хоризонтален идентитет, за кој главно досега говоревме и постои вертикален идентитет, кој се определува од нашата вера. Православната вера не може да биде само тесно хоризонтална, односно национална идентификациска идеја, како што се пропагира меѓу некои номинално православни нации. Православната вера нема тесно национална димензија. Идентификациската идеја на православното христијанство има пред сè хоризонтално универзална и вертикално есхатолошка димензија: Нема веќе ни Јудејци ни Елини [Македонци или Албанци или Власи итн.], ни роб ни слободен; ни машки ни женски; зашто сите ние сме едно во Христос Исус (сп. Гал. 3, 28). Оваа состојба е духовна и се достигнува преку соодветен процес на духовен развој. Светите Методиј и Кирил како и светите Климент и Наум се главно дел од вертикално-есхатолошката димензија на православно-христијанскиот идентитет на македонскиот народ, во чија основа лежи и мисијата на светиот апостол Павле. Хоризонталниот идентитет не смее да биде поставен во умот и срцето на православниот христијанин пред вертикалниот идентитет. Кога тоа би се случило, идентификациската идеја или идентитетот би се претворил во идол.

Секоја нација има своја главна идентификациска идеја како и помошни идентификациски идеи и симболи, од кои се содржи нејзиниот идентитет; па така и нациите на нашите соседни држави. Бугарите имаат свој идентитет, Србите – свој, Грците – свој и Албанците – свој. Кога говориме за историските идентификациски идеи, особено помошните, ирелевантно е колку се тие вистинити или колку се тие за верување (и така најчесто се работи за митови – победниците ја пишуваат историјата), или колку се тие смешни или сериозни, или колку тие ни се допаѓаат или не, или колку ни се тие познати или непознати итн. Родољубиво е да се почитува и својот идентитет како и слободното определување на другите нации за нивните идентитети. Ваквиот став теоретски го гарантира и меѓународното право како и меѓународните организации. Национализмот или етнофилетизмот го глорифицираат сопствениот идентитет и ги омаловажуваат туѓите идентитети и го негираат правото на луѓето за слободно определување на својот идентитет. Ваквиот став теоретски го осудува и меѓународното право.

Името на Република Македонија како и македонскиот идентитет (како веќе прифатен од мнозинството народ; и според последниот попис) е нераскинливо поврзан со идејата за античка Македонија, а во тие рамки и со идејата за Александар Македонски, како и со соодветните симболи. Ниту една друга идентификациска идеја не го оправдува името Р. Македонија и името Македонец. Па дури и грчките предлози и кованици Горна или Северна Македонија како и Славомакедонци се незамисливи без идентификациската идеја за античка Македонија. Затоа, на пример, за ниту еден Македонец или за граѓанин на државата наречена Р. Македонија или за странец не би требало да биде спорно (само по себе) поставувањето на симболот на таа идентификациска идеја – споменикот на Александар Македонски, како идентификациски белег, на главниот плоштад „Македонија“ во главниот град на државата, во Скопје. Тоа е логиката на овој актуелен чин. Или можеби некој знае за друга хоризонтална идентификациска идеја, не знам? Важно, со овој идентитет што го имаме, со меѓународно утврдените права за самоопределување и со постоечката логика соодветствува овој идентификациски белег, односно споменик, и затоа мислам дека партиите непотребно се расправаат меѓу себе.

Секако, ниту е сè добро што прави партијата на власт, ниту е сè лошо што критикува партијата во опозиција. Спротивно мислење и делување од наведеното во претходната реченица е недостаток на политичка култура и демократија. Според мене, политички е легитимен обидот да се спори околу потребата на другите елементи или објекти од проектот Скопје 2014-та (од финансиски, стилски, содржински или друг аспект), но е непотребно и штетно, од аспект на националните интереси, да се спори околу споменикот на Александар Македонски наречен „Воин на коњ“ на централниот плоштад, во главниот град, на држава наречена Р. Македонија. Александар Македонски (како што е претставен), со неговите идеи за глобалниот свет (мултикултурно и мултиконфесионално општество и соживот) е дел од постоечката хоризонтална идентификациска идеја блиска за сите граѓани на Р. Македонија, за сите народи и етнички групи колку што ги има во Р. Македонија, па и пошироко. Идеализираната татковина Македонија, (според современите тенденции) може дури и наместо само етничка, да биде граѓанска идентификациска идеја.

Сега ќе се обидам да објаснам што значи практично сето она што погоре го разјаснив теоретски. Значи, не би требало она што за нас претставува идентификациска идеја или идентитет, без оглед на тоа дали се работи за хоризонтален или за вертикален, да биде предмет на спор помеѓу македонските политички партии. Не знам дали партиите гледаат или дали сфаќаат дека кај нас не се препознава она што значи црвена линија по ова прашање? А ако тоа не се препознава, тогаш прашање е како ќе опстане оваа држава или како ќе функционира понатаму. На пример, не може, под влијание на партиите, на еден дел од народот да му се допаѓа споменикот на плоштадот а на другиот не, и да постои суштинска поделба околу тоа. Или не би требало на еден дел од народот да му се допаѓа идејата за изградба на црквата на Плаошник и обнова на Универзитетот околу неа, или пак идејата за веронаука, а на другиот не. Како што стојат работите, браќата Албанци многу попаметно делуваат отколку Македонците, и треба да се учи од нив. На пример, која од албанските партии се побуни против споменикот на Скендербег или која од нив се побуни за веронауката или против идејата за изградба на џамија на плоштадот во Скопје, а сигурно само една од нив била иницијатор и имала непосредна политичка корист од тоа? Како Албанците препознаваат што е од значење за нивниот хоризонтален и вертикален идентитет, а Македонците – не?

Знам дека мнозина од оние кои, од незнаење или заради политичка пристрасност, досега не рамислувале вака, сега ќе прашаат: „Добро, кога е така, мораше ли токму сега да биде поставен споменикот? Не можеше ли малку подоцна или порано?“ Мислам дека одговорот на ова прашање може повторно да создаде поделби; размислете и ќе видите – кој би го поставил? Затоа, подобро е да ги обединиме силите околу она што нè поврзува, отколку безмерно, бесцелно и бесперспективно да се трошиме на она што е помалку важно и што нè дели, и така општествено-политичкиот живот е постојана надградба. Во Светото Писмо пишува: „...секој град или дом ако се раздели на противни групи, ќе пропадне“ (Матеј 12, 25). А за влез во ЕУ и во НАТО воопшто не треба да се грижите, ако опстанат, сигурно ќе влеземе (и со Александар и без него) – во светскиот процес на глобализација тоа малку зависи од нас. Затоа, скоро секое спомнување на темата евроинтеграции во тој контекст од страна на политичките партии во медиумите денес е нејзина политизација за дневно-политички потреби. Политичките партии имаат многу други економски и социјални теми околу кои можат со право да се расправаат, но со конкретни проекти и предлози, а не со празни зборови; пред сè заради доброто на граѓаните, а потоа заради влез во ЕУ.

Има уште едно прашање: Кој непосредно може да се грижи за проектите кои се со идентитетско значење, а кој посредно? Нормално, непосредно – партијата што е на власт, без оглед на тоа која и да е таа во моментот. Таа добила мандат за тоа од мнозинството на гласачите и таа ќе се грижи; особено ако проектот ѝ е веќе најавен и познат на граѓаните и пред изборите. Сето ова што го пишувам е според учебникот за правилата на демократија. Од друга страна, најдобро е партиите, кога се работи за проекти од идентитетско значење, најнапред да се договорат помеѓу себе за нив. Идентитетските прашања или проекти не смеат да бидат основа за чисто партиска промоција; тоа е несоодветно со нивното општо национално значење. Секако, еднаш овие историски идентитетски прашања и проекти треба да се затворат за партиите да можат попосветено да се погрижат за поквалитетен и подостоен живот на граѓаните, односно попосветено да помогнат во креирањето на современи помошни идентификациски идеи од глобално значење, многу поважни за современиот идентитетски опстанок.

Помошни идентификациски идеи од локално, регионално, а особено од глобално значење, ја збогатуваат и засилуваат главната идентификациска идеја. Всушност, без нив главната идентификациска идеја, со време, би се изгубила. Затоа слободно може да се заклучи дека недостатокот на помошни идентификациски идеи од глобално значење во областа на науката, културата, економијата, спортот итн. ја ставаат Р. Македонија во подредена позиција во преговорите за влез во ЕУ, а не македонски идентитет сам по себе. Во тоа и ја гледам улогата на една современа и прогресивна македонска влада: постојано да се грижи за создавање на услови за појавување на нови помошни идентификациски идеи од глобално значење и вредност по кои секој ќе нè препознае и признае. И уште нешто, да не заборавиме, иднината на хоризонталниот идентитет во потполност зависи од неговиот однос кон вертикалниот идентитет. Хоризонталниот идентитет од него го црпи своето вистинско вдахновение потребно за за историското – временото опстојување. Впрочем и вистинскиот личен идентитет секогаш го црпиме од вертикалниот идентитет. Затоа, возобновувањето на монаштвото е најзначајната вертикална помошна идентификациска идеја што ѝ се случила на Македонија на крајот од дваесеттиот век.

Пишувам како православен Епископ загрижен заради поделбите во својот народ и земја, во обид да ги превенирам можните посуштински поделби отколку што се политичките. Православниот Епископ е независен од етничките и политичките поделби, тој е должен на сите да им биде сè: на Македонците – Македонец, на Албанците – Албанец, на Власите – Влав итн., само некого да придобие за Христос (види 1. Кор. 9, 22) – тоа е пастирска идентификација од која единствено зависи неговата подобност. Тој не е повикан да дели, да партизира или да етнизира, туку да собира и да обединува. Но, кога политиката ќе ги помине границите на дозволеното, тој е должен да интервенира, не осврнувајќи се на дискриминаторските стереотипи од видот: Црквата да не се меша во политиката! Неговата интервенција не значи партиско определување, туку сведоштво на вистината. Православниот Епископ има единствено вертикално-есхатолошки идентитет, токму заради тоа да може да се идентификува со чиј било тесно хоризонтален идентитет, односно за да може на сите да им биде сè. Некој мора да остане, кој ќе го покажува и патот кон Небесната Татковина – општа за сите нас, и кон Отецот Небесен – Еден за сите нас.

Митрополит Струмички Наум

o.Naum.jpg

Лето Господово 2011

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная