логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Korica.Lek.za.besmrtnost2.jpg

 

 

Korica.Lek.za.besmrtnost4.jpg

Korica.Lek.za.besmrtnost.jpg

Издавач:
Повардарска епархија - „Св. Ѓорѓи Полошки"


Главен и одговорен уредник:
Митрополит Повардарски г. Агатангел

превод од српскијазик: презвитер Љупче Миланов презвитера Данче Миланова

Наслов на изворникот:
Лек Бесмртности,
Света Тајна Причешча у православном Предању, Образ светачки, Београд, 2007

Лектура:
Косовка Савеска
Дизајн и компјутерска обработка: Никола Цилаков

ПРЕДГОВОР

Центар и идентитет на Светата Православна Црква е Божествената Литургија, која се служи редовно во сите храмови и манастири. Поимот Литургија значи јавна служба, народно дело, служба на народот, односно, принесување дарови (леб и вино) на Бога, кои потоа на Литургијата се осветуваат и стануваат Тело и Крв Христови, без да го изгубат поранешниот вид. Литургијата е востановена од Самиот Господ на Тајната Вечера (настан кој го славиме на Велики Четврток), кога Он, како што се вели во Евангелието, им рекол на апостолите: „Земете, јадете, ова е Моето Тело, кое за вас се прекршува за простување на гревовите; пијте од неа сите, ова е крвта Моја на Новиот Завет, која за вас и за мнозина се пролева за простување на гревовите; ова правете го за Мој спомен" (Мат. 26 гл.; Марко 14 гл.; Лука 22 гл.; 1. Кор. 11 гл.). И оттогаш па досега, и во најтешките гонења, Светата Црква - Телото Христово, постои преку служење Света Литургија, за да можат верните да се соединат со Христа, и да се воплотат во Телото Христово, да добијат залог за вечниот живот, да добијат светост и обожување. Иако ние, епископот со својот клир, ја служи светата Литургија, сепак, Бог е Оној Кој принесува и се принесува, Он дава и се раздава, и Самиот Он ја извршува оваа Божествена служба, а ние само Му сослужуваме. Самата Литургија е центар и идентитет на Црквата, нејзина суштина, срж, срцевина, таа е парче од рајот на земјата, таа е влез и почеток на Царството Божјо, преобразителка на времето и просторот, и на верниот народ кој со вера се собира секоја недела во храмовите заради неа. Во свеста на народот отсекогаш постоело поистоветување на Црквата со светата Литургија, па така и денес во помалите места, или во селата, луѓето, сакајќи да прашаат дали ќе има Литургија, велат: „Отче, ќе има ли утре Црква?" Не постои Црква без Божествената Литургија, ниту пак Литургија надвор од Светата Православна Црква. Ако се случи во една Црква да не се служи повеќе Литургија, тогаш таа автоматски се претвора во музеј, или фолклорно друштво. Исто така, ако се обиде некој неправославен да служи Литургија (на пример, во било која еретичка секта), таквата „литургија" ќе биде само обичен театар, без благодат, без претворање на лебот и виното во Тело и Крв Христови.

Второ име на светата Литургија е - Евхаристија, т.е. благодарење (на Бога), благодарствена служба. Благодарењето (канонот на Евхаристијата) е всушност основен и главен дел на Светата Литургија. Како што велат Светите Отци на Црквата, единственото нешто што можеме на Бога да Му го принесеме, е нашето благодарење. Му благодариме за се што Он направил и прави за нас и за нешто спасение, за нашиот живот, за родот и плодовите од земјата, Му благодариме за поволните услови за род, па како резултат на тоа, Му принесуваме леб и вино, добиени од земните плодови пченица и грозје. И повторно, и овие продукти не се наши, туку се Негови, па затоа велиме: „Твои (дарови) од Твоите, Тебе Ти принесуваме од сите и за се". Во старата Црква верните донесувале во храмот првина од се што работеле и добивале, но од сите тие дарови, се задржала праксата да се донесува во храмот како благодарствен дар само леб (просфора) и вино за служење на светата Евхаристија.

Но што е потребно за да се причестиме? Потребен ли е пост? Како и колку дена треба да постиме? Ова се најчесто поставувани прашања, за кои во книгата има опширни одговори, а овде само накусо ќе одговориме на нив.
Православниот духовен живот, во својата основа, е составен од пост, молитва и исповед, кои се всушност подготовка за светата Причест. Постот е боговостановен уште од Стариот Завет, продолжува и се дооформува и во Новиот Завет и трае непрекинато до денес. Православните христијани постат во секоја среда и петок (со нејадење на мрсна храна и со воздржување од сладострастија, лоши зборови и мисли), како и во четирите големи пости: Велигденски, Божикен, Богородичен и Апостолски.

Молитвата е наше секојдневно дишење, и е неодвоива од постот. Постојат повеќе начини на молење, со свои импровизирани молитви, или со веќе востановени и запишани во молитвениците, како и со практикување на Исусовата молитва. Православните христијани се молат секојдневно, бидејќи, како што телото има потреба од храна, така и нашата душа има потреба од молитви. Преку молитвата ние зборуваме со Бог, Му се обраќаме, Му ги кажуваме сите наши маки и страдања, Го молиме за нашите потреби и Му благодариме за се. Се молиме не само во храмовите за време на богослужбите, туку се молиме и дома, во нашата „тајна одаја", и тоа секојдневно. Секако, не смееме да ги заборавиме и молитвите пред и по причестувањето, кои спаѓаат во подготовката за Причест.

Исповедта, не е само каење за сторените гревови, туку и преумување, преобразување, промена на начинот на размислување, христијанизирање на умот, свртување и насочување кон Христа. Секој православен христијанин е должен да се исповеда редовно кај својот свештеник - духовник, и од него да се учи на побожен живот, и под негово раководство да стигне до спасение.

За ваквите активни христијани, кои живеат правилен (православен) духовен живот, доаѓаат редовно во Црква на богослужби, за нив нема проблем околу причестувањето. Тие се причестуваат во согласност со проценката на нивниот духовник. Но, најголем проблем настанува со оние т.н. пасивни христијани, кои не ја знаат православната вера, кои доаѓаат 2-3 пати годишно во Црква, најчесто застрануваат по бајачи и гатачи и имаат сомнителен морал, по инерција се причестуваат, без да знаат што и како примаат, и без да имаат вера дека тоа се вистински Тело и Крв Христови. На таквите пасивни христијани свештениците треба да им посветат поголемо внимание, да ги насочат правилно во духовниот живот, од пасивни да станат активни, живи членови на Телото Христово, кои свесно ќе доаѓаат редовно во Црква и ќе учествуваат во благодатниот светотаински живот на Црквата.

Едно од најактуелните прашања денес е, колку пати треба да се причестуваме? Дали е подобро секоја недела или четири пати годишно?
Прастара традиција е сите христијани да се причестуваат на секоја литургија, или како што сведочат светите Отци на раната Црква, како свети Василиј Велики, декаво нивно време христијаните се причестувале дури четири пати во неделата: вторник, четврток, сабота и недела (а според други, среда, петок, сабота и недела). Таа традиција ја потврдува и служењето на Литургијата со Претходно осветени дарови, односно вечерното причестување, востановено за да можат христијаните да се причестуваат и во време кога не се служи Литургија, како што е во Велигденскиот пост, заради неговиот покајнички-таговен карактер.

Но, во текот на Османлиското ропство, кај православните народи настанува извесна богословска декаденција, па така, опаѓа и духовниот живот кај народот. Затоа, познати светители на Црквата од XVIII и XIX век како што се свети Димитриј Ростовски, свети Филарет Дроздов, свети Игнатиј Брјанчанинов и други почнуваат да проповедаат причестување четири пати годишно, или задолжително барем еднаш во годината, за Велигден. По нив доаѓа генерација на светители и теолози, кои го омекнуваат тој радикален, речиси пуритански став и почнуваат да проповедаат причестување во четирите пости и во големите празници, храмовни и домашни слави. Дваесеттиот век го одбележаа имињата на современите теолози како што се: протоереј Александар Шмеман, протоереј Николај Атанасјев, протоереј Александар Мењ, протоереј Георгиј Флоровски, и многу други, како и претставниците на Коливарското движење, кои ја поставија Литургијата и светата Причест на централно место, односно, и го повратија местото кое таа го беше изгубила, со тоа што беше изедначена со останатите богослужби (утрена, вечерна, повечерие, часови итн.). Со нивните заложби беше реставрирана старата Литургија, беше воспоставена како центар на животот, и центар на Црквата, и беше доведена повторно како круна на сите други молитвословија и таинства, како што се литургиското крштевање и венчавање. Црквата е ослободена од стерилниот западен морализам, и и беше вдахновен изворниот, подвижничко-литургиски дух, кој отсекогаш бил присутен во Светата Црква. И повторно, ќе праша некој, колку пати да се причестуваме? Би рекле, бројките (многу или малку) не не прават ни достојни, ни недостојни, туку севкупниот начин на живеење и верување, животот според Евангелието, стекнувањето на Ум Христов, добрите дела, милоста, нашата љубов и копнеж по Бога -сето ова практикувајќи го, стануваме достојни за Светата Причест. Не смееме да ја третираме светата Причест како обично „лепче и винце" како што мислат неписмените и безбожните, но ниту да ја сметаме како нешто недостижно, и несвојствено за нас, како нешто што треба да го добиеме по којзнае какви сурови подвизи, со што, би Му „угодиле" на Бога. Ако правилно се подготвуваме и со страв Божји, вера и љубов се причестуваме, тогаш неизоставно ќе ги добиеме и благодатните плодови од светата Причест, т.е. од соединувањето со Христа - простување на гревовите, обожение, освештение, спасение, исцелување од страстите и од други телесни, душевни и духовни болести, радост, мир и љубов.

Во оваа книга подетално се разработени сите овие прашања, како и многу други душеполезни теми, и затоа подеднакво оваа книга е важна за клирот, за оние кои се подготвуваат да станат клирици или монаси, како и за верниот народ. На свештенослужителите им препорачуваме добро да ја проучат содржината на книгава, да навлезат подлабоко во смислата на светата Литургија, и кога треба да причестуваат некого, да прават разлика помеѓу активните (оние кои доаѓаат редовно на Литургија, се трудат во духовниот живот и го познаваат учењето на Црквата), и оние пасивните христијани (кои доаѓаат неколку пати годишно, повеќе од адет, отколку заради Христа, и кои имаат сомнителна вера и морален живот). На верните, пак, им ја препорачуваме за што подлабоко да ја проучат Литургијата и нашата света Православна вера, но и да напредуваат во подвижничкиот живот, како и да доаѓаат редовно и да учествуваат во благодатниот Светотаински живот на Црквата - во Божествената Литургија, со Божја помош преобразувајќи и охристувајќи го својот живот, па така уште тука ќе го живеат Царството Божјо, ќе добијат светост, спасение, а преку нив и многумина околу нив ќе се спасат.

Благослов Божји на сите Православни христијани кои се трудат да живеат Богоугоден живот.

МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ АГАТАНГЕЛ

Korica.Lek.za.besmrtnost.jpg    Korica.Lek.za.besmrtnost3.jpg

Извадок:

Свештеномаченик Иларион (Троицки)

ВИСТИНСКИ ЖИВОТ ИМА САМО во ЕВХАРИСТИЈАТА

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная