логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Dorotea.sv.Teodot.jpg

20 февруари 2011 год.- На празникот на свети Партениј, епископ Лампсакиски; Преподобен Лука Еладски

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 68)

Во она време го фатија војниците Исуса, Го одведоа да Го распнат на местото Голгота, што значи: место на черепи. Беше третиот час, и Го распнаа. А во шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час. И во деветтиот час Исус извика гласно, велејќи: „Елои, Елои, Лама савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?“ Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија.“ А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му даваше да пие, велејќи: „Почекајте да видиме, ќе дојде ли Илија да Го симне?“ Исус, пак, кога испушти висок глас, издивна. И црковната завеса се расцепи на две, одозгора додолу. А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Он, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек бил Син Божји!“ Имаше и жени што гледаа оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалина, и Марија, мајката на малиот Јаков и на Јосија, и Саломија, кои и тогаш, кога Он беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа, и многу други што беа дошле со Него во Ерусалим.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

На 20 февруати 2011 година, во Неделата на блудниот син,  на празникот на свети Партениј, епископ Лампсакиски, и преподобен Лука Еладски, во храмот на Светото Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, отец  Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата  верениот  народ се причести со Светите Христови Тајни. На певницата псалтот Горан принесуваше молитви кон Бог.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg  Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 

Старец Паисиј Светогорец

За да не се заморуваш околу проблемот на послушанието и да не клоцаш, треба да влезеш во смислата на послушанието и да го почувствуваш како потреба, и тоа само тогаш ќе те ослободи, бидејќи послушанието не е ропство, туку слобода. Значи, кога ќе разбереш дека твојот старец ја носи одговорноста за тебе, дека тој се грижи за твоето спасение и дека што било да направи го прави за твое добро, а не да те измачува, тогаш ќе се радуваш кога ќе ти рече ‘не ова' или ‘не она' или, ‘оди таму' или ‘не оди таму' бидејќи сфаќаш дека сето тоа се случува за твое добро, за да те зачува од секое зло со опитот што го има од неговото лично искуство или од искуството на другите. Тогаш ќе се радуваш кога ќе го извршуваш послушанието или кога ќе прашуваш и ќе сакаш навистина, дури и во детаљи да не правиш ништо своеглаво за да не паѓаш во грешки. Но, од почит спрема својот старец, за да не го заморуваш со ситни работи, понекогаш, ќе го правиш она за што ќе те просветли Бог така што срцето ќе ти биде во послушание.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 

Преминпортал

Лето Господово 2011

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

26/07/2024 - петок

+Св. Архангел Гавриил; Св. Јулијан, епископ Кеномански во Галија; Преп. Стефан Саваит; Преподобна Сара Мисирска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Жив е Господ и жива си ти света Ефимио,која не го остави стадото Христово,не само што за гревот на ближниот...

Тропар на св. 45 Христови маченици Никополски 10 јули / 23 јули 2024

Тропар на св. 45 Христови маченици Никополски 10 јули / 23 јули 2024

Маченици свети кои на бојно поле побрзавте,Христа го исповедавте и венец на спасение добивте.Повикајте и денес за нас о младенци...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная